Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници


  Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава. – Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор […]

Јане Чаловски изложува во Париз како дел од „Урбан текст, овој простор наречен Балкан”


Од 15 септември до 11 декември 2022 година, Институтот за исламски култури ќе ја претставува изложбата “Урбан текст, овој простор наречен Балкан”, кокурирана од Фалма Фшази и Беренис Салиу. Токму низ призмата на урбаниот простор изложбата Urban Text – термин кој во буквален превод значи „урбано ткиво“ на француски – ја прикажува комплексноста на Балканот, мултикултурна територија со променливи дефиниции. […]

Стејт департмент: Русија потрошила 300 милиони долари за тајно да влијае врз светската политика


  САД– Русија од 2014 година тајно потрошила повеќе од 300 милиони долари за да се обиде да влијае врз политичари и официјални лица во повеќе од дваесетина земји, се наведува во новообјавената телеграма на Стејт департментот. Депешата, што денеска е објавена, ја прикажува новата разузнавачка проценка за тајните глобални напори на Русија да ги […]

Папата Франциск со критика до рускиот патријарх Кирил: Бог е мир и не нè води по патот на војна


  Казахстан– Папата Франциск денеска во Астана истакна дека Бог не ја насочува религијата кон војна, а медиуми пишуваат оти станува збор за имплицитна критика до рускиот православен патријарх Кирил, кој ја поддржува руската инвазија врз Украина и ја бојкотираше конференцијата на верските водачи во Казахстан. На вториот ден од престојот во Казахстан, папата Франциск се […]

И покрај договорениот прекин на огнот денеска регистрирани нови судири на границата меѓу Ерменија и Азербејџан


Рано утринава има нови судири меѓу азербејџанските и ерменските војници на спорната граница кај регионот Нагорно-Карагах , јави Тасс, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана. Портпаролот на ерменското министерство соопшти дека Азербејџан во денешните напади на границата меѓу двете земји употребил беспилотни летала, артилерија и минофрлачи, а според него ситуацијата на теренот се уште […]

Научници: Ни се заканува суша, загрозено е снабдувањето со храна и вода


Климатските промени може да бидат разорни за животите на милиони луѓе на источното Средоземје и на Блискиот исток, каде температурите растат двојно побрзо од глобалниот просек, предупредуваат научници. Во тоа подрачје температурите може да пораснат за дури пет степени Целзиусови до крајот на векот, се наведува во заедничкиот извештај на Кипарксиот институт и Институтот „Макс […]

Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде


Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, можеше да ја продолжи кариерата во Англија. Според шпанскиот спортски весник „Ас“ Ливерпул претендирал за потписот на 24-годишниот Уругваец. Се известува дека англискиот клуб во последните денови од летниот преоден рок понудил 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Валверде минатата сезона забележа 46 настапи во […]

Разбиен синџир на шверцери на луѓе во Германија, кои криумчареле бегалци


Германската полиција вчера извшри претреси во повеќе објекти низ земјата и уапси шестмина осомничени за шверц на најмалку 150 бегалци. „Во текот на денот пребаравме повеќе од дваесет објекти низ Германија и приведовме шест лица кои се осомничени дека илегално превезувале бегалци во Германија, делумно под опасни околности“, соопшти полицијата за областа Северен Хесен, која […]

Поради што е конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан?


  Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан тлее со децении и сега повторно се разгорува. Најважните прашања и одговори. Што се случи? Тешки борби меѓу Азербејџан и Ерменија избија во вторникот вечерта. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан ги нападнал ерменските позиции во близина на градовите Горис, Сотк и Џермук со артилерија и оружје од […]

Последниот лет на кралицата од Единбург до Лондон имал најмногу следбеници во историјата на Интернетот


Англија – Повеќе од пет милиони лица го следеа последниот лет на кралицата Елизабета Втора, чиј ковчег синоќа беше пренесен од шкотскиот главен град Единбург во Лондон. Тоа беше лет што имаше најмногу следбеници во историјата на интернетот, соопшти веб страницата „Flightradar24“, што ги следи летовите на авиокомпаниите ширум светот. Таа објави дека 4,79 милиони луѓе […]

Памела Андерсон изгледа како рај во новата кампања на Марк Џејкобс


  САД- Памела Андерсон ја прави земјата рај. 55-годишната секс бомба ја рефлектира целата носталгија за убавина од 90-тите во најновата кампања на Heaven by Marc Jacobs. На една од сликите, Памела заводливо лежи на џиновски портокалов цвет облечена во бел плетен фустан, стилизиран со соодветни греалки за раце и ПВЦ потпетици , додека држи […]

Гутереш од 77-то Генерално собрание на ОН повика на „солидарност и соработка пред предизвиците на светот во ризик“


САД– Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа, на отворањето на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, повика на „солидарност“ и „соработка“ пред повеќекратните предизвици на „светот во ризик“, пренесоа светските агенции. -Ние се соочуваме со светот во опасност преку целата наша работа за промовирање на мирот, човековите права и одржлив развој, рече првиот човек […]

Акционерите во Твитер го одобрија договорот со Маск за купување на компанијата


  САД– Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми Твитер речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата, јави ДПА. Првично, Маск се согласи во април да го купи Твитер за 44 милијарди долари, а вредноста на неговите акции во моментов  е проценета на 32 милијарди долари. Тој се повлече […]

Македонска премиера на „Македонисимо“ во Скопје – Симон Трпчевски конечно дома


По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески конечно ја најавува и македонската премиера на интернационалниот музички проект Македонисимо. Музичкиот десерт што македонската публика со нетрпение го очекува, е вечерва од 20 часот на платото пред Националната опера и балет […]

Средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија


Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството за надворешни работи, денеска ќе одржи средба. МНР вчера соопшти за средбата споделувајќи информација дека Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје, е назначен за нов член на Комисијата. -Љоровски е именуван […]

Уставен суд ќе расправа за „работа во недела“, ССМ бара отфрлање на иницијативата на Стопанската комора


Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“. – Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може […]

Работната група за проширување на ЕУ во прва посета на Македонија


Работната група за проширување и за земјите кои преговараат за пристапување во ЕУ (COELA) денеска и утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, информираат од Мисијата на ЕУ во Скопје. Ова, како што се нагласува во соопштението, е прва работна посета на COELA на земјава, која е како резултат на отворањето на пристапните преговори […]

Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“


Белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ денеска во кафе-книжарницата „Буква“ од 19 часот ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград. Промоцијата ја организира Српскиот културно информативен центар СПОНА. – За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан […]

Бочварски на увид во инфраструктурни проекти во Струмица


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе оствари работна посета на општина Струмица. Бочварски при престојот во Струмица ќе изврши увид во реконструкцијата на регионален пат Р 1404 Робово-Мурино.

До петок сончево и топло, потоа заладување и дожд


  Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје претежно сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од […]