Банка за меѓународни порамнувања: Многу земји тешко ќе најдат замена за руската нафта


  Многу земји тешко ќе најдат замена за ограничената или блокирана испорака на руската нафта. Нејзиното поскапување ќе се одрази и на пазарите на земјоделски суровини, предупреди Банката за меѓународни порамнувања. Основен проблем е големиот пазарен удел на руската нафта, оценува Банката, потсетувајќи дека Русија сочинува една десетина од светскиот извоз. Губењето руски нафтени деривати […]

Трамп: Бајден го сместија меѓу „лидерите од третиот свет“


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го коментираше фактот дека сегашниот претседател на САД, Џо Бајден седел во 14. ред на погребот на кралицата Елизабета Втора, наведувајќи дека бил опкружен со лидери на „земји од третиот свет“. На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија, Џо Бајден седеше во редот 14., седмиот ред одзади. По тој […]

Георгиевска: Ќе ги искористиме сите механизми за да ги избереме уставните судии


  Неодговорното и несовесно однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на судскиот систем во државата. Уставниот суд работи на граница на кворум, со пет од вкупно девет уставни судии. Во ноември ќе истече мандатот на уште еден судија. Додека не се изберат нови, државата може да влезе во уставна криза, бидејќи Судот нема да […]

Редовна седница на Владата


  Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 83. седница. На седницата, меѓу другото, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе биде разгледан Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата, за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од […]

Суперхикс со концерти во Софија и во Солун


Музичкиот состав Суперхикс најави настапи во соседна Бугарија и во соседна Грција. Како што соопштија од Суперхикс, прв е целовечерниот соло концерт во култниот музички клуб „Строежа“ на 21 септември во Софија, по што следи и краток акустичен сет во „Catch A Fire shop“ Софија. Вториот настап е во Солун на 23 септември како дел […]

Над 250.000 лица поминаа покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора


  Над 250.000 лица чекаа со часови во километарски редици за да поминат покрај ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, да ѝ оддадат почит во деновите пред нејзиниот погреб во Лондон, соопшти денеска Владата на Велика Британија. Досега само на британскиот премиер Винстон Черчил граѓаните му оддаваа почит минувајќи покрај неговиот ковчег во Вестминстерската […]

Последен ден за пријавување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“


  Заинтересираните тркачи уште денеска ќе можат да се пријавуваат за 18-та скопска трка „Виз Ер Скопски маратон 2022“, што ќе се одржи на 2 октомври годинава. „Виз Ер Скопски Маратон“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата […]

До утре е пријавувањето за штафетната трка на Business Run 2022


  Сите заинтересирани компании најдоцна до утре можат да се пријават за штафетната трка за тимови од македонскиот бизнис сектор, Business Run 2022, што ќе се одржи на 24 септември во Скопје. Во трката учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и слични субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност […]

Ердоган: Му реков на Путин да им го врати Крим на вистинските сопственици


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владимир Путин е подготвен да разговара. – Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток, изјави Ердоган за ПБС додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници. Веста доаѓа по големата украинска контраофанзива […]

Во Уганда прогласена епидемија на ебола


  Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО). Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна починал и 24-годишен маж со симптоми на ебола. Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако […]

Министрите на ЕУ денес расправаат за укинување на едногласноста во надворешната политика


  Министрите за европски прашања на ЕУ кои ќе се состанат денеска во Брисел ќе разговараат за предлозите за укинување или ограничување на правилото за едногласност за прашањата за надворешни работи, кое на секоја земја членка на блокот ѝ дава право на вето за прашања како што се санкциите против Русија. „Јас сум многу оптимист […]

Најмалку 14 млади китови се насукаа и угинаа во јужна Австралија


  Најмалку 14 млади китови угинаа откако се насукаа на плажа на остров од покраината Тасманија, во јужна Австралија. Причината за насукувањето не е позната, а биолозите и ветеринарите се на терен и истрагата е во тек. Со воздушно извидување ќе се утврдува и дали има уште насукани животни во областа. Насукувањето китови не е […]

Премиерот Ковачевски на отворањето на Генералното Собрание на ООН во Њујорк


  Премиерот Димитар Ковачевски утрово по локално време ќе присуствува на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Како што информира владината прес-служба, премиерите и шефовите на држави ќе ги пречека генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Со ова почнува генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации. Годинашната сесија на […]

„Пари“: 100 најголеми работодавачи: 78.329 вработени, им прават 450 милиони евра профит


За разлика од социјализмот кога огромните хали беа во Скопје, и во релативна близина на центарот на градот, за што се уште сведочат напуштени, или продадени објекти на чие место никнуваат висококатници, новата индустријализација која зеде замав со слободните индустриски зони, најмногу работнци регрутираше тому во компаниите во овие зони. Зоните почнуваа да никнуваат во […]

„Скопје сити мол“ лансираше дигитална алатка преку која ќе ги наградува своите посетители


Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од отворањето, „Скопје сити мол“ лансираше мобилна апликација – MojCityMall каде на едно место ги имате сите информации и дополнително ги наградува лојалните посетители на трговскиот центар. Преку апликацијата MojCityMall посетителите на „Скопје сити мол“ ги имаат на едно место, во својот паметен уред, сите корисни информации кои се […]

Вечер посветена на творештвото на учесниците на ПРО-ЗА Балкан


  Со читање извадоци од делата на годинашните учесници, вечер, во Даут Пашин амам, во Скопје, ќе биде затворен 10. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан. Според програмата, пред публиката ќе се претстават книжевниците Рајко Грлиќ, Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац, Томислав Османили и Пијан Славеј. На последниот, трет ден на фестивалот во […]

Британско разузнавање: Русите преместија подморници од Крим, се плашат да не бидат нападнати


  Британското Министерство за одбрана објави нов дневен извештај од нивните разузнавачи за ситуацијата во Украина во кој се осврна на руската Црноморска флота. – Командата на руската Црноморска флота речиси сигурно ги преместила своите подморници од класата KILO од матичното пристаниште Севастопол на Крим во Новоросијск во Краснодарскиот крај, јужна Русија, пишуваат Британците. – Ова е […]

Хакерски напади поради конфорен и лесно достапен дигитален живот


  Не поминува ниту еден ден без да слушнеме информација дека е хакиран нечиј профил на социјалните мрежи или дека некоја државна институција, организација или компанија била цел на некаков напад од страна на одредени хакерски групи. Во светски рамки се проценува дека на секои 11 секунди се случува ваков напад. Кибер нападите не само […]

Додик во Москва на средба со Путин


  Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ.   Тришиќ-Бабиќ изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“.   „Очекуваме да се разговара за сериозни економски прашања за кои денес зборуваат […]

Олга Панкина лауреат на „Степска липа“: Хуманата мисија што се врши преку уметноста е непроценлива


  Олга Панкина, поетеса и преведувачка, претседател на невладината организациjа „Македонски културен центар во Москва“, како претставник на Северна Македонија е лауреат на 6-от Меѓународен фестивал на уметностите „Степска лира“, кој деновиве се одржа во станицата Новопокровска во Краснодарскиот крај, во Русија. Новопокровска годинава го слави својот јубилеј – 195 години од основањето, а досега […]