Тричлено семејство загина во судир на четири автомобили кај Мостар


  Четири лица загинаа, а уште толку се повредени во синоќешната страотна сообраќајна несреќа кај Мостар. Меѓу повредените е и тригодишно девојче кое се бори за живот. Во несреќата настрада целото нејзино семејство, мајката, таткото и постариот брат. Трагедијата се случила околу 20.30 часот кога се судриле четири автомобили- „рено скеник“, „бмв Х5“, „бмв“ и […]

МЗШВ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден документ не е исчезнат во хакерскиот напад


Вработените во секторот за информатички технологии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно работат за целосно отстранување на проблемот во електронскиот систем поради хакерскиот напад што се случи на 12-ти овој месец. Поради превенција, во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во […]

Врие во Дагестан по повикот за мобилизација, се пука и со оружје


Дагестан станува најпроблематичниот регион во Русија околу мобилизацијата. Утрово гневните мештани се собраа на протест  на автопатот Хасавјурт-Махачкала кај селото Ендиреи. На видео снимките од терен се гледа напнатост, судири и  пукање од митралез. Росгвардија (Националната гарда) беше донесена за да го врати редот (вклучително и насилно), но локални извори известуваат дека протестите ескалираат и […]

Штип се подготвува за концертот „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески


На плоштадот „Слобода” во Штип се одвиваат последните подготовки за вечерашниот спектакл – концерт на маестро Симон Трпчески. Концертната изведба на проектот „Македонисимо“ ќе започне вечерва со почеток од 19:00 часот. По пет години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од […]

Алијансата за Албанците тврди дека Ласкарци намерно се одолговлекува од кадар на ДУИ


Трагедијата во Ласкарци којашто ги одзеде животите на 16 лица, а над 30 беа повредени, од кои огромно мнозинство од Гостивар, не добива судски епилог и вистината за овој случај се крие од членовите на семејството, тврди Алијанса за Албанците. -И покрај обидите да се пролонгира правдата, дел од вистината излегува на виделина, додека кругот […]

Земан: Русите кои бегаат од мобилизација заслужуваат азил


Чешкиот претседател Милош Земан се спротивстави на одлуката на владата да не ги прими Русите кои бегаат од мобилизација во Чешка и денеска во интервју за телевизијата Прима предупреди дека луѓето што бегаат од Русија не се безбедносен ризик и оти треба да им се дадат хуманитарни визи. – Мислам дека треба да им дадеме хуманитарни визи на тие луѓе, како и на украинските бегалци. Човек […]

Чешката владеечка партија ги освои големите градови


 На локалните избори и на дополнителните избори за третина од Горниот дом на чешкиот Парламент, Чесите со своите гласови, но помалку од очекуваното ја зајакнаа популистичката опозиција, додека гласовите што ги загуби владејачката централно-десничарска коалиција беа дадени на независните, а не на антисистемските или популистичките партии и кандидати. Независните кандидати освоија 38.099 советнички места од […]

Крушево доби патеки за велосипедски туризам


Почнувајќи од ски терените, па низ местото викано Бегова корија, од денеска, сите вљубеници во планинскиот велосипедизам и природата ќе имаат нова содржина за рекреација и уживање во Крушево. Свечено се отворија шест од вкупно седум велосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам, со цел дополнување на постоечката туристичка понуда и промоција на активниот […]

Ахмети: ДУИ може да функционира без секого


ДУИ може да функционира без било кој поединец затоа што има стабилни структури, изјави денеска лидерот на партијата Али Ахмети по вчерашниот апел до него од  членови на партијата да го искористи својот авторитет за да се зачува партиското единство. –  Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, […]

„Спејс Икс“ лансира 52 сателита „Старлинк“ во орбитата


Компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) синоќа лансираше 52 сателити „Старлинк“ (Starlink) во орбитата на Земјата. Сателитите беа лансирани со ракетата Фалкон девет (Falcon). Со овој носач на ракети претходно беа извршени четири мисии, три мисии „Старлинк“ и едно лансирање на СЕС-22.

Стефковски очекува Арсовска да ги реализира ветувањата што ги дале во Гази Баба


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски се попжали дека во изминатиот период имало случувања во Градот Скопје каде што директно или индиректно биле вклучени градоначалници на скопските општини, но тој конкретно не била поканет на реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ од страна на градоначалничката на Градот Скопје, иако Општина Гази Баба била вклучена во сите […]

Ни Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони


Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград. – Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, […]

Заедничка иницијатива на ЗНМ, ИРЕКС и МРТВ за кревање на стандардите во јавниот сервис


Група од над 30 новинари и сниматели од јавниот сервис, од МТВ 1, МТВ2 и од Македонското радио, викендов учествуваа на тридневна обука за кревање на стандардите во известувањето и работењето и во битката против дезинформациите. Обуката, прва од ваков формат за вработените на јавниот сервис, заеднички ја организираа ИРЕКС со поддршка на УСАИД, Здружението […]

Еврото падна далеку под доларот


На светските берзи, вредноста на доларот во однос на останатите валути силно порасна минатата недела бидејќи американскиот ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски […]

Ѓоковиќ за разделбата со Федерер: Ме трогна кога неговите деца излегоа на теренот и плачеа


 Новак Ѓоковиќ го коментираше збогувањето со Роџер Федерер. Вчера Швајцарецот го одигра последниот натпревар во кариерата. – Мислам дека сите ќе се согласат дека тоа беше еден од најубавите моменти што сме ги доживеале. Сите знаевме дека тоа ќе биде емотивно збогување со Роџер. И на крајот сите подлегнавме на овие емоции. Чувствата беа измешани. […]

Со новиот закон за буџети ќе се мерат резултатите од потрошените пари


 Буџетирањето да се врши според резултатите и мерењето на нивната успешност преку индикатори , предвидува новиот Закон за буџети, кој минатата недела беше усвоен од страна на Собранието. Буџетирањето базирано на резултати има за цел да осигура дека клучните носители на одлуки и креатори на одделни политики систематски ќе ги земат  предвид резултатите што треба […]

По четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија


Само еден или 1,5 ден теорија, сè останато пракса. Престој и работа директно на фарма, понекогаш континуирано и по две недели. Одгледување животни и растителни култури, садење, кроење, орање, копање, жнеење, молзење, правење сирење или вино, управување со механизација,… Вака се учи земјоделство во Швајцарија ако по основното школо одберете тригодишно стручно образование. Професијата е […]

Думата следната недела ќе дебатира за анексија на окупираните делови на Украина


Долниот дом на рускиот Парламент, Думата на 29 септември ќе дебатира за присоединување на окупираните делови на Украина, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименуван извор. Москва на 23 септември организира референдуми за присоединување со Русија во четири окупирани региони во Украина, што предизвика осуда од Киев и Западот, кои наведоа дека нема да ги […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека намерно се уништени документи од архивата на МЗШВ


ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство молчи и не кажува колкав дел од архивата е достапен после наводниот хакерски напад.  -Министерството и министерот Љупчо Николовски молчат и кријат дека проблемот е далеку поголем. Тие не демантираа дека  се недостапни  голем дел од документите од архивата, како на пример електронски податоци од […]

Загина украински функционер кој гласаше на „референдумот“ за отцепување


Украинскиот  функционер Олекси Журавко, поранешен заменик на Врховната Рада и руски колаборационист, загина во окупираниот јужноукраински град Херсон во утринскиот удар во хотелот во кој живеел, јавува УНИАН повикувајќи се на руски медиуми. Нападот се случил околу 5:30 часо утровот, јавуваат руските медиуми. Украина официјално не го потврди нападот на хотелот во окупираниот Херсон. Со […]