Третото издание на Галичник филм фестивал остави ѕвездена прашина за која уште долго ќе се зборува


Овој викенд сите патишта водеа кон Галичник. Три дена исполнети со внимателно одбрани филмови од различни жанрови, совршени за сечиј вкус.   Во фицијалната селекција  23 краткометражни филмови беа сместени во категориите – играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови. Во програмата беа филмови кои доаѓаа директно од „Cannes Film Festival“, „Oscars“, […]

На Трамп може да му се забрани реизбор по рацијата на ФБИ


Марк Елијас, врвен адвокат на претседателската кампања на Хилари Клинтон во 2016 година,  изјави дека поранешниот претседател Доналд Трамп би можел да биде дисквалификуван да се кандидира повторно во Белата куќа во 2024 година по рацијата на ФБИ во неговата резиденција на Флорида. Агентите на ФБИ извршија налог за претрес на имотот на Трамп во […]

Русија ќе отвори воена база во Србија, тврди рускиот амбасадор


Русија, наводно, ќе формира воена база во Србија, тврди рускиот амбасадор во Србија,  тврди вонредниот и ополномоштен руски амбасадор , Александар Ботсан-Карченко. „Воспоставувањето на руска воена база во Србија е суверена работа на самата земја. Плус тоа е прашање на сопствените интереси на Русија“, рече тој во разговор за SM News. Србија во моментов е […]

Инцидент на скопските клиники: 16-годишна девојка се фрлила од прозорец


A.Ш. родена 2006 година денеска се фрлила од прозорец од Клиниката за психијатрија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесува веб порталот Локално.мк.  По инцидентот, таа се здобила со тешки телесни повреди и моментално се наоѓа на КАРИЛ-Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, дознава порталот од полицијата. 

Стапува во сила планот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас


Планот на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас во Унијата за 15 отсто денеска стапува во сила, откако синоќа беше објавен во официјалниот административен весник на ЕУ. Земјите-членки на ЕУ на 5 август независно спротивставувањата на Полска и на Унгарија формално усвоија итен план за намалување на потрошувачката на гас, за да заштедат […]

Со „Отворен Балкан-ИД“ во Србија ќе дојдат 30.000 работници од Македонија и Албанија


Наскоро, граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери. Како што пишува српски „Курир“, „околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без […]

Апасиев ги пофали Данела Арсовска и Косана Мазнева за отказите на „рамковните“


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ги пофали градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и новоименуваната директорка на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, за непродолжувањето на договорите со 33 ангажирани работници во јавното претпријатие. – Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук, оправдувајќи го потегот на скопското […]

(Видео) Кина дозволи да се возат автомобили без возач, еве како изгледа тоа


Иако голем број прототипови на возила без возач веќе успешно ги поминаа првите тестови на јавните патишта, овој пример досега е најблиску до она што не очекува во иднина. Deeproute.ai објави видео од тест рута, каде што прототипот на автономно возило успешно ги надминува сите предизвици во возењето без учество на возачот. На пробната патека […]

Шахот ќе биде изборен предмет во училиштата од септември


  Подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение, пишува Факултети.мк. – Имавме состанок во Министерството […]

„Топ Ган: Маверик“ го надмина „Титаник“ на кино-благајните во САД. „Титаник“ води на глобално ниво


  САД- Top Gun: Maverick“  го собори „Титаник“ како седми филм со најголема заработка досега на домашниот бокс офис, со заработка од 662 милиони долари од продажба на билети. „Титаник“, една од најголемите успешни приказни во историјата на бокс офисот, заработи монументални 600,7 милиони долари во оригиналното издание од 1997 година и генерираше 659 милиони […]

ОМД бара извинување од Ескобар за „северномакедонците“


Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) испрати протестно писмо до Стејт Департментот на САД со реакција околу употребата на “северномакедонците“ од страна на заменикот државен секретар задолжен за Балканот, Габриел Ескобар и побара јавно извинување кон македонскиот народ. „Во петокот за време на прес конференција, Ескобар изјави дека “северномакедонците се Европејци“ без да се самокорегира или некој […]

Целосно изгаснат пожарот во Охридско


Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите, информира командирот на Територијалната против пожарна единица – Охрид, Борко Јанкулоски. Според него, Охридската пожарна е на терен со три возила и 10 пожарникари, а распоредени се и екипи […]

Бирмингем може да се кандидира за домаќин на Олимпијадата во 2036 или 2040 година


Бирмингем може да се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036 или 2040 година. Како што објави „Inside the Games“, во јули првиот човек на Британската олимписка асоцијација (НОК), Хју Робертсон, веќе разговарал на оваа тема со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах. Од 28 јули до 8 август 2022 година, Бирмингем […]

Бугарија калкулира: Дали и за колку е поевтин рускиот гас?


Колку би чинел гасот што доаѓа во Бугарија доколку „Гаспром“ не ги стопираше испораките и плаќањата кои одеа според договорот што е во сила до октомври? Дали е неопходен нов договор со руската компанија – оваа тема ги подели политичарите во Бугарија, бидејќи двата табора – „за“ и „против“ имаат аргументи.  Рускиот гас за Бугарија […]

Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат […]

Австралија се простува од својата ѕвезда, Оливија Њутн-Џон


Австралија–  Во Австралија изразија шокираност и тага во вторникот кога се разбудија со веста дека поп иконата од 1970-тите и 80-тите Оливија Њутн-Џон, ѕвезда на хит филмскиот мјузикл „Grease“, почина на 73-годишна возраст во нејзиниот дом во Јужна Калифорнија. Од премиерот надолу, сите изразија почит за четирикратната добитничка на Греми, која порасна во Австралија. Таа […]

„Аерофлот“ расклопува авиони зошто не може да набави делови


Руските авиокомпании, вклучително и „Аерофлот“, почнаа да ги расклопуваат своите авиони во потрага по делови што повеќе не можат да ги набават поради санкциите. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на четири извори во секторот. „Аерофлот“ моментално демонтира најмалку еден Сухој Суперџет 100, а ова е судбината и на „речиси новиот“ Ербас А350, додека одделни […]

Продолжува маката со учебниците пред почетокот на учебната година


Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по […]

„Јас бев твој „од моментот кога те видов“. Џон Траволта ѝ оддаде почит на Оливија Њутн-Џон


  САД- Џон Траволтасе огласи на социјалните мрежи за да и оддаде почит на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Grease“, која почина во понеделникот на 73-годишна возраст. „Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри“, напиша Траволта во објавата. „Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе те видиме по патот и […]

Двaeсетина поети и џез и поетски филмови на 2. Скопски поетски фестивал


  Од 29 август до 1 септември годинава во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“. Како што информираат од фестивали, на поетските читања ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство, ќе настапат и неколку музичари, ќе се одржи и работилница за […]