Австралија се простува од својата ѕвезда, Оливија Њутн-Џон


Австралија–  Во Австралија изразија шокираност и тага во вторникот кога се разбудија со веста дека поп иконата од 1970-тите и 80-тите Оливија Њутн-Џон, ѕвезда на хит филмскиот мјузикл „Grease“, почина на 73-годишна возраст во нејзиниот дом во Јужна Калифорнија.

Од премиерот надолу, сите изразија почит за четирикратната добитничка на Греми, која порасна во Австралија. Таа беше поздравена за нејзината страсна работа во промовирањето на истражувањето на ракот и грижата за здравјето, откако се бореше со болеста 30 години.

Во Сиднеј, локалното население и туристите споделија топли спомени од растењето со саундтракот на Њутн-Џон, вклучувајќи ги и песните како „Физикал“ и „Hopelessly Devoted to You“.

„Го гледав (Grease) многу кога бев дете и тинејџер, па да, тоа е голем шок. Таа е австралиска икона, толку многу вознемирувачка и премногу млада за да умре“,кажаа нејзините пријатели во Австралија.

Поп-ѕвездата првпат се бореше со ракот на дојката во 1992 година, а во 2017 година откри дека ракот ѝ се вратил и се проширил на долниот дел на грбот, принудувајќи ја да ги откаже настапите.

Нејзината смрт уследи по загубата на уште две австралиски музички фигури за нешто повеќе од една недела – Џудит Дурам, пејачка на The Seekers и домородниот пејач и текстописец Арчи Роуч.

„Таа направи толку многу за Австралија со … велнес клиниките во Мелбурн, па, да, вистински шок, тага“, рече 69-годишната жителка на Сиднеј Линет.

Премиерот Ентони Албанес ја нарече Њутн-Џон „радосен сјај во нашите животи“.

„Нејзиното наследство ќе живее во нејзината музика, нејзините филмови и нејзината решеност дека еден ден ќе најдеме лек за ракот“, напиша Албанес на Твитер. (Ројтерс)