Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА


САД–   Американските адвокати на основачот на Викиликс Џулијан Асанж објавија дека поднеле тужба против ЦИА и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео, обвинувајќи ги дека ги снимале нивните разговори и копирале содржина од нивните телефони и компјутери. Адвокатите и двајцата новинари кои се приклучија на тужбата се Американци и тврдат дека ЦИА им го прекршила уставното […]

Американското Министерство за правда се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп


  САД –    Американското Министерство за правда се спротивстави на објавувањето на судски документ со кој на јавноста би и биле презентирани причините за претресот на имотот на Доналд Трамп на Флорида. Операцијата на федералната полиција во Мар а Лаго создаде политичка бура во САД. Тоа е првпат да се случи вакво нешто со […]

Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на безбедноста мотивирани од руската агресија


  Норвешка– Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да градат уште поблиска соработка на полето на безбедноста и одбраната во иднина, а на тоа ги поттикна руската инвазија на Украина, јави ДПА. – Веруваме дека нордиската интеракција е поважна од кога било во овие времиња, изјави  норвешкиот премиер Јонас Гаре Сторе по состанокот со неговите […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека до 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Турската централна банка повторно ќе одлучува за каматните стапки в четврток


Турција –  Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Банката од почетокот на годината ја задржа основната каматна стапка непроменета на ниво од 14 отсто. Финансиската институција минатиот месец повторно одлучи да не ја менува основната […]

Нов закон за помилување за да нема политички злоупотреби


  Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени […]

Сончево, попладне можност за пороен дожд


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево […]

Астрономски календар


  Денеска е вторник, 16 август 2022 година, 223-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 142 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 41 минута, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 13 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

Тројца Британци, Швеѓанец и Хрват обвинети од судот во Доњецк дека се платеници, им се заканува смртна казна


  Судот во самопрогласената Народна република Доњецк (ДНР) денеска обвини петмина странци, кои се бореле од страна на Украина, дека се платеници и соопшти дека тројца од нив може да се соочат со смртна казна. Британецот Џон Хардинг, Хрватот Векослав Пребег и Швеѓанецот Матијас Густафсон, заробени во градот Мариупол и околината, можат да бидат осудени […]

ФБИ: Безбедносните агенции на САД се соочуваат со закани по претресот на домот на Трамп во Флорида


Федералното биро за истраги и Министерството за внатрешна безбедност на САД излегоа со предупредување дека сојузните безбедносни агенции се соочуваат со зголемени закани откако минатата недела ФБИ изврши претрес на домот на поранешниот претседател Донад Трамп. Агенциите предупредувањето го објавија викендов во кратко соопштение, а по судски одобрениот претрес минатата недела на домот на Трамп […]

СДСМ нема намера да прифати предвремени избори


Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија истакна дека избори ќе има и тоа редовни во 2024 година.   -Ние нема да потпаднеме под овие провокации на ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека сега, кога сме  соочени со енергетска криза, ковид криза имаме многу поважна работа од тоа цел процес […]

Ковачевски во Маврово најави модерна, еколошка и европска општина


Лидерот на  СДСМ, Димитар Ковачевски, се сретна со жителите од мавровскиот крај, за да го подржи кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски.    “Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали кои ги има во изобилие”, рече Ковачевски.  Во изминатиот период, во […]

Ѓоргиев: Идентитетите во средниот век и сегашните не треба да се поврзуваат


Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи […]

Албанија му излезе во пресрет на Косово и ќе му дава струја за да се избегнат рестрикциите


Во Косово нема рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, благодарение на Албанија која одлучи да му помогне во овие тешки денови, јавија албанските медиуми. Министерството за економија на Албанија попладнево соопшти дека е договорено земјата да испорачува струја со цел граѓаните на Косово без прекин да се снабдуваат со електрична енергија. Пренесуваат и најава од […]

Мицкоски бара собраниска седница за уставни измени веднаш по одморите


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара власта веднаш по одморите да закаже седницата на Собранието за уставни измени. Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот со цел да се впишат и Бугарите, тој рече дека наредниот ден ќе се повлече засекогаш од политиката. Но, во спротивно побара предвремени парламентани избори. -Кажав вчера […]

Во Велика Британија е одобрена првата бивалентна вакцина против коронавирус


  Англија– Првата бивалентна засилувачка вакцина на Модерна против коронавирусот е одобрена за употреба во Велика Британија, соопшти денеска Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA). Таа прилагодена вакцина, „таргетира“ две различни варијанти на коронавирусот – оригиналниот вирус од 2020 година и варијантата омикрон. Бивалентната вакцина на Модерна е одобрена за бустер дози за […]

Поплави во Анкара


  Турција– Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара. Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја. Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран. Поплавена е една од големите автобуски станици во градот. Според метеоролозите обилните дождови во Анкара ќе продолжат и во наредните […]

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, се разведува по 25 години брак


  Украина- Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се раздели од сопругата Наталија по 25 години брак. Тој зборуваше за тоа во интервју за Бабел. Според него, тие веќе подолго време живеат во различни земји. „Многу години – различни интереси, различни животи. И решивме да го официјализираме. Ова е желба на двете страни. Сè уште имаме […]

( Видео) Луксуз во бело: Како изгледа канцеларијата за убавина на Ким Кардашијан?


  САД– Американската ѕвезда КИм Кардашијан го создаде просторот во соработка со декораторите Томи Клементс и Валдо Фернандез, а за изработката на мебелот е задолжена жена. Канцеларијата на Ким  за новиот бренд SKKN BY KIM изгледа како спејс шатл, и  е уреден минималистички како нејзиниот дом во Лос Анџелес во футуристички дух, уреден од белгиски […]

Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19


   Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми. Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација. Бурла е уверен дека […]