Ковачевски во Маврово најави модерна, еколошка и европска општина


Лидерот на  СДСМ, Димитар Ковачевски, се сретна со жителите од мавровскиот крај, за да го подржи кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски. 
 
“Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали кои ги има во изобилие”, рече Ковачевски. 
Во изминатиот период, во Маврово и Ростуше се инвестирани блиску 32 милиони евра за инфраструктура и проекти кои се веќе реализирано, а дел се во тек. Маврово го има сиот потенцијал да се развие во светски позната туристичка дестинација. Во наредниот период, Куртовски ќе  реализира низа проекти во Маврово, меѓу кои санација на резервоар за вода во месноста Крстови, санација на локалниот пат, зафаќање на нови резервоари за вода и изградба на велосипедска патека околу езерото.  Упорноста на Медат Куртовски, посветената работа, Маврово и Ростуше го ставија високо на листата на приоритети на Владата и во тесна соработка со општината ги решаваме клучните проблеми и на општината и на граѓаните”, рече Ковачевски. 
 
Куртовски во досегашниот мандат, докажа дека работи еднакво за сите населени места, и за Леуново, Никифорово, Ново Село, Маврово и Врбен. Во наредниот период е предвидено уредување на селските улички на овие места, чистење на дивите депонии, нови резервоари за вода, санација на локалниот пат. 
 
” Овој 20 август е убава можност да покажеме дека сме сплотени дека сите заедно и Македонци, Албнаци, Турци, Македонци муслимани, сите сложно да избереме сигурна и европска иднина за наше и ваше Маврово и Ростуше”, рече Ковачевски.

Пратеници од пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска беа и меѓу граѓаните на Тетово.На средбите со жителите на повеќе населени места во Тетово, пратениците на СДСМ одблиску се запознаа со проблемите на тетовчани, ги слушнаа нивните барања и разговараа за досега спреведени мерки и политики.Пратениците од СДСМ потсетија дека токму ова парламентарно мнозинство, го усвои Законот со кој Шар Планина станува Национален парк, прв во независноста на државата.Во разговорите со граѓаните, пратениците истакнаа дека е важно Советот во општината да биде составен од одговорни, чесни и угледни граѓани кои ќе бидат коректив на градоначалникот.
Тие порачаа дека со СДСМ Тетово ќе се гради како европска, модерна општина и ги повикаа граѓаните на 20 август, во сабота, да излезат на гласање и својот глас да го дадат за број еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски.