За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата


  И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при […]

Нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година


Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.  Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни […]

ДИЖС во првото полугодие извршил 1 057 инспекциски надзори и изрекол 212 казни


 Државниот инспекторат за животна средина во првите шест месеци од годинава јануари – јуни реализирале 1 057 инспекциски надзор од кои 692 редовни, 185 вонредни и 180 контролни инспекциски надзори. Директорот на ДИЖС Сретен Стојковски, на денешната прес-конференција за презентација на полугодишниот извештај, посочи дека во периодот јануари-јуни 2022 година инспекциските служби утврдиле 233 неправилности, […]

Закани со пиштол прекинаа снимање серија со Натали Портман


  САД– Претстојната куса ТВ-серија со Натали Портман, „Дама во езерото“ (Lady in the Lake) доживеа принуден привремен прекин на продукцијата во Балтимор, САД, поради луѓе кои со огнено оружје ѝ се заканувале на дел од екипата. Имено, двајца мештани се судриле со возач на тимот во петокот велејќи дека „ќе дозволат“ снимањето да продолжи само ако […]

Опасни горештини во САД, најавени дури 44 степени во Лос Анџелес


Опасен топлотен бран го зафати југозападот на САД, а наредната недела, како што се очекува, во тоа подрачје ќе донесе екстремно високи температури. Синоптичари најавуваат температура и до 44 степени Целзиусови во густо населени предградија на Лос Анџелес. „Се очекуваат опасно топли услови цела недела“, предупреди Националната метеоролошка служба. Како што наведуваат оттаму, жештината ќе […]

Штети од невремето на градинки и училишта во Центар


Службите на Општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по невремето излезе на терен и заедно со службите, вршеше увид и помагаше при расчистувањето. „Утринава имавме состанок […]

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите


  Народната банка објави дека е намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основa, при што во јули таа изнесува 4,33 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити е задржана стабилна, на ниво од 0,67 проценти. Во јули 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,06 процентни поени […]

Сали: Се чека финалниот извештај од ДСЗИ за починатиот млад пациент од Берово


Стручната комисија за случајот со починатиот 25-годишен пациент од Берово после хируршка интервенција на заб е веќе формирана, но се чека финален извештај од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Откако извештајот ќе стигне до Министерството, Комисијата ќе заседава врз основа на целата процедура, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање […]

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативите за Законот за игри на среќа и за ковид-протоколите


Уставниот суд за утре закажа седница на која ќе биде разгледана иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно […]

Венеција центар на филмската уметност: Почнува 79. Мостра


  Италија- Денеска се отвора 79. издание на Венецискиот филмски фестивал, на кој светска премиера ќе има и новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“. Филмот, кој е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска, ќе учествува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти, а премиерно ќе се прикаже в петок во […]

Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности


Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но оти нема да чекориме сами. Патем, напиша тој, македонскиот е јазик во Европа на културни различности! […]

Петнаесет отсто Германци нема да можат да плаќаат за комунални услуги поради цената на гасот


Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на горивата, околу 15 отсто од корисниците на нивните услуги нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ за медиумската групација „Функе“. Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од германскиот гас, како и снабдуваат електрична енергија, вода и топлинска […]

„Гаспром“: Рекорден профит и покрај санкциите, ќе исплаќа и дивиденди


  Руската енергетска компанија „Гаспром“ денеска објави дека остварила рекорден профит во првата половина од годината и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина. Нето добивката е 41,6 милијарди евра, додека во 2021 година рускиот гигант оствари добивка од 27,5 милијарди евра, се вели во соопштението на „Гаспром“, во кое се додава дека ќе […]

Новите бустери против подваријантите на Oмикрон може да означат пресвртница во пандемијата


  САД- Додека многу Американци велат дека завршиле со Ковид-19, се чини дека вирусот уште е тука. Се вртат нови варијанти и подваријанти со бесно темпо и продолжуваат да заразуваат стотици илјади луѓе секој ден. Но, сега таа избезумена шема конечно би можела да се ближи до својот крај –  може да биде на пат […]

Црна Гора: 97 милиони евра од економско државјанство


  Од економските државјанства во Црна Гора, вкупните ефекти до сега се проценуваат на 97 милиони евра, пишува подгорички Дан. Преку програмата за економско државјанство досега преку даноци во буџетот на Црна Гора се уплатени 29.000.000 евра, покажуваат податоците на Агенцијата за инвестиции доставени до „Дан“. Исто така, на сметката за помалку развиените општини се […]

Додека Македонија исправа историја, Германија ни произведува енергија


  Додека Македонија исправа историја, странски донатори ни ја исправаат енергетската ситуација, недостигот на храна и други системски слабости кои го прават тешко и непреспективно живеењето во државата. Триесетгодишнината од германско-македонските односи вчера беше повод да се покаже што прави Германија за да го помогне одржливиот развој на Македонија, додека се соочува со тешка енергетска […]

Белгиски лекари пронајдоа нов третман за срцеви болести


  Белгија– Во Универзитетските клиники Сен Лук во Брисел за првпат е извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ова го соопштија денеска од универзитетската болница во Белгија. Лекарите успеале да заменат трилистен залисток на срцето на пациент со катетер за првпат во светот. Овој третман значи […]

Од утре јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимен возен ред, се воведува и нова линија „111“ (Сарај – Радуша)


Од утре,  четврток (1.09.2022 год), согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимен возен ред. Во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци. Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.   Од утре, четврток (1.09.2022 год) ќе почне […]

Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ


  Привилегиран и среќен сум што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“ одржан во рамки на Бледскиот стратешки форум. – Секако, […]

Радукану по елиминацијата на УС Опен: Сега можам да почнам од нула


Минатогодишната шампионка на УС Опен, Ема Радукану не успеа да го помине првото коло на годинашниот Грен слем во Њујорк. – Секако дека сум многу вознемирена и многу тажна. Но, на некој начин, мило ми е што сега можам да почнам од нула. Ќе паднам на ВТА, но способна сум да се вратам помеѓу најдобрите. […]