Поранешниот премиер на Малезија оди во затвор на 12 години поради проневера на милијарди долари


  Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак (69) отиде во затвор за да започне со отслужување на 12-годишната казна, откако Врховниот суд ја одби неговата жалба. Обвиненијата против Разак се однесуваат на корупциски скандал со државниот фонд 1Malaysia Development Berhad (1MDB) и проневера на милијарди долари. Разак беше осуден во јули 2020 година и беше ослободен […]

Разрешен и државниот правобранител Фехми Стафа кој спореше со Муареми


На владина седница денеска е разрешен државиот правобранител Фехми Стафа. Тој беше вклучен во јавен спор со првиот човек на Управата за финансиска полиција и практично го започна судирот меѓу институциите што сѐзаврши со оставки на Арафат Муареми, Вилма Рускоска а сега и со неговата.    Стафа на функцијата  државен правобранител дојде во 2018 година  […]

Во Струшкиот затвор биле доградени два ВИП апартмани, тврди партијата на Бачев


Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, излезе со тврдење дека изминативе денови во Струшкиот затвор, во кој е сместен екс директорот на УБК Сашо Мијалков, биле доградени два ВИП апартмани до кои се доаѓа со лифт. -Министерот за правда пред извесно време ја лансираше кованицата “затворски туризам“ како илустрација на злоупотребата што ја направи осудениот […]

Нуредини: Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во Гази Баба, Арачиново и Богданци


  Владата на денешната седница, по предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ги усвои Информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, Информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во […]

Лавров се заканува: Нема да има милост за убијците на Дугина


Нема да има милост за убијците на Дарја Дугина, убиената ќерка на еден од најистакнатите руски националистички идеолози, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка…Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите“, рече Лавров пред медиумите. Руските безбедносни служби ги обвинија […]

Австриската амбасадорка во Софија: Бевме изненадени од ветото на Бугарија кон Македонија


Австриската амбасадорка во Софија Андреа Вике денеска изјави дека таа и нејзините колеги амбасадори во Софија биле изненадени од ветото на Бугарија во 2019 година за почеток на преговори со Северна Македонија. Според неа, тоа нив ги ставило во ситуација да ги објаснуваат причините за тоа. – Знаеме дека и ние и вие секогаш сме […]

(Галерија) Македонски сили за брза реакција: ЕБР се гордост на полицијата


  Денеска во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ се одржа свечена церемонија на која Министерството за внатрешни работи одбележа 21. година од формирањето на Единицата за брзо распоредување. Дводецениските резултати и постоењето на оваа единица, без која реално не може да се замисли полициското работење, веќе традиционално се валоризираат во пригодна свеченост посветена на денот на […]

УНИЦЕФ: Околу 1.000 деца убиени или ранети во војната во Украина


Најмалку 972 деца во Украина се убиени или повредени од почетокот на војната пред околу шест месеци, додека во просек повеќе од пет деца се убиени или повредени секој ден, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ). Статистиките наведени во соопштението се оние кои ОН можеа да ги потврдат, но се верува дека вистинската бројка […]

Горан Иванов нов директор на Финансиска полиција


Според информации на Телма, за нов директор на Финансиската полиција на денешната седница е назначен Горан Иванов. Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност.   На Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д.,  а се повлече […]

„Поршеа“ и „бентлија“ го полнат аеродромот во Хелсинки од каде руските туристи тргнуваат кон Европа


  „Поршеа“, „бентлија“ и други луксузни автомобили со руски регистарски таблички ја полнат гаражата за паркирање на аеродромот во Хелсинки, бидејќи Финска станува важна транзитна земја за руските туристи кои летаат кон Европа. ЕУ го затвори својот воздушен простор за руските авиони откако Москва ја нападна Украина, принудувајќи ги сите што сакаат да патуваат во […]

TUI Airways ќе лета од Манчестер за Охрид


Авиокомпанијата TUI Airways ќе започне со сезонска авиолинија помеѓу Манчестер и Охрид следното лето. Летовите ќе се одвиваат секоја среда, од 31 мај до 13 септември. 

Нови 429 случаи со ковид, починати пет лица


Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 429 нови лабораториски позитивни случаи на ковид со што вкупната бројка на дијагностицирани е 338 549. Оздравени се 572 пациента, а пријавени се и пет починати лица. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 1 284 тестови, а од вкупниот број позитивни, […]

Два автобуса вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација


Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. МВР информира дека вчера и денеска, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Табановце била извршена контрола на два автобуси, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При […]

Тупанчевски ќе предложи привремено решение до донесување на нов Закон за здруженија и фондации


  Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски. Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава. – Мој предлог би било да се формира […]

Просветниот инспекторат му наложи на УКИМ да изземе две изјави што се бараат за упис


  Државниот просветен инспекторат (ДПИ) му наложи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и факултетите во негов состав да не им бараат на идните студенти Изјава за неконкурирање на друг универзитет и Изјава за неподигање документи при упис во академската 2022/2023, затоа што е тоа спротивно на Законот за високо образование. Директорот на ДПИ, Ардиан […]

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во Маврово и Ростуше и Центар Жупа и во Тетово


  Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим […]

„Таа умре за нашата победа“ – рече Александар Дугин на комеморацијата за неговата ќерка Дарја


  Александар Дугин, руски филозоф и близок соработник на Владимир Путин, рече дека неговата ќерка Дарја Дугина умрела за својата земја, за време на емотивниот говор на комеморацијата во Москва во вторникот. „Таа загина за нашата победа, за нашата руска победа, за доброто на православието на нашата земја, нашата држава“, рече тој. Дугина, уредник на […]

РК „Алкалоид“ ги претстави засилувањата за новата сезона и тренерот Кирил Лазаров


  Новиот суперлигаш, „Алкалоид“, денес ги промовира осумте нови ракометари, како и новиот тренер Кирил Лазаров. РК „Алкалоид“ минатата сезона избори настап во најсилната лига – Суперлигата, а оваа година амбициите на клубот се пласман во плејофот. Во новата сезона предводник на „Алкалоид“ ќе биде најдобриот играч во историјата на македонскиот ракомет и актуелен селектор […]

„Освој го врвот на Џевахир кулите“ – прва трка по скали во Македонија


  „Џевахир тауер ран“ (Cevahir Tower Run) под мотото „Освој го врвот на Џевахир кулите“ трка по скали по пример на светските метрополи, за прв пат годинава ќе се одржи и во Македонија. Трката е во организација на АК Работнички, а ќе се одржи на 24 септември во висококатниците Скај Сити. „Трките од овој карактер […]

Исушениот Дунав откри нацистички бродови од Втората светска војна полни со експлозив


  Најлошата суша во Европа во изминатите години ја втурна моќната река Дунав на едно од нејзините најниски нивоа во речиси еден век, изложувајќи ги труповите на десетици германски воени бродови наполнети со експлозиви потонати за време на Втората светска војна во близина на пристанишниот град Прахово во Србија. Бродовите беа меѓу стотиците Црноморската флота […]