Од 2019 година досега повеќе од двојно зголемен бројот на луѓето кои се соочуваат со глад


Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутен недостиг од храна во светот е повеќе од двојно зголемен на 345 милиони од 2019 година поради пандемијата на Ковид-19, конфликти и климатски промени, објави Светската програма за храна (WFP). – Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони страдаа од акутен глад во светот, изјави Корин Флајшер Ајшер, […]

Претпладнево два часа блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид


  Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 […]

Педесет и осум членки на ОН бараат итен прекин на војната во Украина


По седницата на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа, по повод шест месеци од почетокот на војната во Украина и Денот на независноста на таа земја, 58 земји усвоија заедничка изјава во која бараат итен прекин на воените дејствија „иницирани од руската инвазија врз Русија“. Текстот на документот во седиштето на ОН во Њујорк […]

Прва глобална ЦЕФЕ Конференција за претприемништво


  Првата глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво започнува денеска во Скопје. На дводневната конференција, се слават 25 години од постоењето на ЦЕФЕ методологијата за креирање на претприемачи во Северна Македонија и Балканот.   Како што информираат организаторите, на настанот ќе присуствуваат голем број меѓународни говорници од Венецуела, Филипини, Турција, Германија и Словенија како и говорници […]

Почнува 61. издание на Струшките вечери на поезијата


Со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган, вечер во Струга ќе почне 61. издание на Струшките вечери на поезијата. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“. Претходно, точно напладне во Паркот на поезијата ќе биде […]

Владата се очекува да прогласи кризна состојба во енергетиката


Владата денеска се очекува да донесе одлука за прогласување на кризна состојба за електричната и топлинската енергија која ќе важи од 1 септември. Од почетокот на септември стапуваат на сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година. Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот […]

Ковачевски: Целта на реформите е зголемување на даночната основа, намалување на сивата економија и поправилно оданочување


  Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизијата Сител, порача дека основната цел на предлог концептот за даночни реформи е зголемување на даночната основа, намалување на сивата економија и поправилно оданочување на граѓаните. Притоа, премиерот Ковачевски посочи дека предлог концептот е подготвен врз основа на инпути од страна на експерти […]

Зеленски: Најмалку 15 загинати, а 50 ранети во руски ракетен напад на железничка станица


Најмалку 15 лица загинаа, а 50 се ранети денеска во руски ракетен напад на железничка станица во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН. „Штотуку добив информација за пад на руска ракета на железничка станица кај Дњепропетровск, на вагони на станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони“, […]

Бајден ќе им „прости“ студентски долгови на милиони Американци


Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе им ги „прости“ студентските долгови до 10.000 долари на милиони млади Американци, чија заработка годишно не надминува 125.000 долари. Како што се наведува во соопштението на Белата куќа, Бајден ќе „прости“ 20.000 долари долг на оние студенти кои користеле таканаречени Пел грантови, а 10.000 на други студенти. „Простувањето“ […]

Вучиќ: Името на мандатарот ќе го соопштам за 48 часа, и Вучевиќ и Брнабиќ ќе бидат во Владата


  Името на мандатарот ќе го соопштам во рок од 48 часа, како претседател на Републиката, изјави лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. Името го знае, но рече дека не може да го објави како претседател на партијата, туку како претседател на државата, јави дописникот на МИА од Белград. – Или во петок […]

За суспензијата на Русковска надлежно е само обвинителството, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски вели дека како дел од извршната власт не сака и не смее да се меша во работата на правосудните органи, а со самото тоа и да ја коментира суспензијата на јавната обвинителка Вилма Русковска. „Тие институции не се во рамките на Владата, се работи за обвинителството и судството, така што за […]

Сопругата на Бајден, Џил, пак позитивна на корона


  Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател, е позитивна на Ковид-19, потврди за Си-Ен-Ен нејзината заменичка–директорка за комуникации Келси Донахју. Денешниот тест за Ковид-19 на Бајден, која сега е во Делавер, излезе позитивен. На вчерашниот рутински тест, првата дама на САД беше негативна на корона вирусот. Како што појасни Донохју, известени се „мал број блиски […]

Битката за Киев: Украинска храброст и руските грешки го спасија главниот град


  На 24 август – денот кога поминаа шест месеци од почетокот на руската инвазија на Украина – „Вашингтон пост“ објави долга сторија за тоа како украинската армија ги спречи Русите да го заземат Киев во првите недели од војната и на крајот ги принуди на повлекување од главниот град. Овој материјал е заснован на […]

Ф1: Рикардо го напушта Мекларен


  Австралискиот возач Даниел Рикардо на крајот на оваа сезона ќе го напушти Формула 1 тимот на Мекларен, а информацијата денеска ја потврдија и возачот и британската екипа. Рикардо, кој дојде во Мекларен минатата сезона, има важечки договор до крајот на сезоната 2023, но двете страни се договорија за предвремен раскин на соработката. Австралиецот како […]

Италијанец во исто време позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ


  Италијанец е првиот човек во светот кој истовремено е позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ. Пациентот (36) дошол на лекар откако по враќањето од петдневното патување во Шпанија, каде имал незаштитен секс со мажи, добил висока температура, болки во грлото и главата, како и воспаление во пределот на препоните. Три дена по појавата […]

Времето утре нестабилно со пороен дожд и ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до […]

Босна и Херцеговина прва на листата на земји со најголемо намалување на населението


Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2022 година, „Перспективи на светското население“. Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население. Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, […]

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја избраа Италија за нивниот втор меден месец


  Италија- Две свадби значи два медени месеци и пет венчаници, нели? Така е барем за Џенифер Лопез и Бен Афлек. По нивното бегство во Лас Вегас, Џеј Ло и Афлек се упатија кон Париз на виорно патување низ Градот на љубовта. И сега, по нивната спектакуларна венчавка во домот на Афлек во Џорџија, двајцата […]

Силвестер Сталоне се разведува по 25 години брак


САД– Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се разведуваат по 25 години брак. Флавин поднесе варање за развод од актерот Роки (76) во петокот пред судот во округот Палм Бич, Флорида. Сталоне и Флавин (54) се венчаа во 1997 година, иако нивната врска првично започна во 1988 година во ресторан во Беверли Хилс, Калифорнија. Тие имаат […]

Петков го тужи Борисов за 250.000 евра


  Бугарија– Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните […]