Ник Кенон го очекува своето 10-то дете, трето со Британи Бел


  САД– Уште едно бебе е на пат за Ник Кенон. Во средата (24. август), комичарот и водител на ток-шоуто откри дека тој и Британи Бел уште еднаш го прошируваат своето семејство, бидејќи таа е бремена со неговото 10-то дете и нивното трето заедно. „Времето застана и ова се случи…“, сподели 41-годишната девојка преку Инстаграм, […]

Половина Кина е погодена од суша


 Половина од огромната кинеска територија се соочува суша и поради рекордните температури на воздухот ова лето  водата се намалува, вклучително и во Тибет, покажуваат официјалните податоци. Во Кина од 1961 година се собираат метеоролошки податоци, што укажуваат дека земјата никогаш немала толку топло лето со толкав интензитет и траење. Голем број големи градови ги забележаа најтоплите […]

Еу одобри 224 милиони евра грантови за Македонија


Со последната одлука Европската унија одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за унапредување на инфраструктурата, за развој на економијата и за раст на стандардот. Со нив се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија, […]

Зеленски: Најмалку 22 загинаа при руски ракетен напад врз железничка станица


Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во руски ракетен напад врз железничката станица во градот Чаплине, централна Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Нападот се случи вчера, шест месеци по руската инвазија на Украина и на Денот на независноста на Украина. – Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз […]

Фондацијата на Пол Њумен тужена од неговите ќерки


САД– Во тужба околу спор меѓу две од ќерките на Пол Њумен и добротворната фондација на починатиот глумец, се тврди дека нејзините водачи ги изневеруваат неговите желби околу тоа – неговото семејство да биде тајно вклучено во организацијата. Фондацијата „Њумен“, наводно, неправилно ги намалила задолжителните придонеси за субјектите контролирани од ќерките Сузан Кендал Њумен и Нел […]

Спасовски: Веб сервиси за брза размена на податоци со институциите за намалено време на добивање услуги


  Со цел брза размена на податоци со останатите институции и намалено време на чекање на граѓаните за добивање на услуги, Министерството за внатрешни работи е поврзано на Националната платформа за интероперабилност и нуди веб сервиси кои се од сопствен развој, објави на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој посочува дека […]

Милановиќ: Хрватска може да го обвини Вучиќ за дивеење во 1995


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги коментираше обвиненијата што Србија ги покренува против хрватските воени команданти, нагласувајќи дека Белград нема право на тоа. Тој додаде дека Хрватска, доколку е при лоша волја, ќе поднесе обвинение против српскиот претседател Александар Вучиќ. Милановиќ истакна дека обвиненијата се уште една причина за состанокот на Советот за национална безбедност. […]

„Расипан телефон“ меѓу Град Скопје и Министерството за транспорт за булеварот „Киро Глигоров“


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во однос на застојот на процесот на реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“ вели дека она што било обврска на Град Скопје е целосно завршена и оти се очекува финализација од страна на Министерството за транспорт и врски за делот којшто е останат. Од Министерството за транспорт и врски, […]

Војник од Нов Зеланд убиен во Украина


  Војник од Нов Зеланд, кој беше на одмор без плата од армијата на неговата земја кога беше убиен во Украина, стана последниот странски борец и првиот Новозеланѓанец кој загинал во војната. Наредникот Доминик Абелен (30) се пријавил во меѓународната легија на Украина, придружувајќи им се на илјадници војници од целиот свет кои патувале во […]

Најмногу дожд во Тополчани, Струмица и Крушево


  Најмногу дожд во изминатото деномоќие наврнал во Тополчани 35 литри на метар квадратен, во Струмица 26, Крушево 25, Гевгелија и Прилеп 22, Тетово 21, Дебар 19, Демир Капија 16, Битола 14, Штип 13, Скопје 12, Куманово девет, Берово седум, а шест литри во Охрид, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе […]

Шунтаро Таникава – почесен член на Друштвото на писателите на Македонија


Според досегашната повеќегодишна практика и соработка на Друштвото на писателите на Македонија и Струшките вечери на поезијата, и годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, јапонскиот поет Шунтаро Таникава ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ. Како што соопштуваат од Друштвото на писателите на Македонија, признанието во име на лауреатот ќе го прими […]

Кој победува во војната со санкции?


  Вашата економија ќе се соочи со „разорни“ последици, го предупреди американскиот претседател Џо Бајден рускиот претседател Владимир Путин за санкциите што САД и нивните сојузници би ги вовеле доколку Русија ја нападне Украина. Кога Путин сепак ја нападна Украина, санкциите навистина удрија силно. Сепак, Путин не се повлече. И тој врати џиуџицу со контрасанкциите […]

Вдовицата на Коби Брајант доби 16 милиони долари поради сликите од хеликоптерската несреќа


  Вдовицата на американската НБА-ѕвезда Коби Брајант, доби 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во којашто покрај кошаркарот, погинаа и нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица. Ванеса Брајант го тужеше Округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако, според обвинението, канцеларијата […]

Во Германија пуштени во употреба 14 патнички возови на водород


  Во германската покраина Долна Саксонија беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги. Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом. Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови […]

Петтина од населението во Европа би можело да почувствува недостиг на вода до 2050 година


  Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17 отсто од населението во Европа и 13 отсто од неговиот бруто домашен производ (БДП) би можеле да се соочат со високи до екстремни ризици од недостиг на вода до 2050 година. Таа ситуација би можела да се избегне доколку владите и […]

Британија ќе почне со репатријацијата на Албанци кои нелегално влегле во државата


Британската влада соопшти дека ќе соработува со Албанија за брзо процесирање на документите и враќање на големиот број Албанци кои со бродови го преминале Ла Манш. Бројот на луѓе кои пристигнаа во Британија со брод достигна еднодневен рекорд во понеделникот. Речиси 40 отсто од оние што пристигнале на овој начин во период од шест недели […]

Познати сите учесници во групната фаза од Лигата на шампионите


  Со одигрување на синоќешните три реванши од плејофот, познати се сите екипи кои ќе играат во групите во Лигата на шампионите на УЕФА. Последни место во елитата изборија Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Ренџерс и Копенхаген. Ждрепката за групната фаза ќе се одржи денес (18 часот) во […]

Индексот ПМИ укажува на скорешна рецесија во еврозоната, еврото може да падне на 0,75 – 0,80 долари


  Во Европа економската состојба се влошува, покажуваат различните показатели објавени во последните недели. Индексот ПМИ на приватниот сектор (за производство и услуги) се лизна на 49,8 во август, што е најниско во последните осумнаесет месеци. Секоја вредност под 50 поени значи дека секторот се намалува. Војната во Украина си го зема данокот, аналитичарите на […]

Во КИЦ на Северна Македонија во Софија отворена изложба на скулптури на Марјан Стојаноски


  Во галеријата на Културно – иинформативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, синоќа беше отворена изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски, јави дописникот на МИА од Софија. Ова е прва самостојна изложба на Стојаноски во Софија, која е составена од ротирачки скулптури изработени со метални и дрвени елементи. Делата […]

Лајчак и Ескобар во посета на Белград


  Претставниците на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар денеска од Приштина ќе пристигнат во дводневна посета на Белград, во обид да спречат нова ескалација на тензиите на северот на Косово, јави БЕТА. Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, и Ескобар, американски заменик помошник државен секретар и специјален […]