Сопругата на Бајден, Џил, пак позитивна на корона


 

Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател, е позитивна на Ковид-19, потврди за Си-Ен-Ен нејзината заменичка–директорка за комуникации Келси Донахју.

Денешниот тест за Ковид-19 на Бајден, која сега е во Делавер, излезе позитивен. На вчерашниот рутински тест, првата дама на САД беше негативна на корона вирусот.

Како што појасни Донохју, известени се „мал број блиски контакти“.

Првата дама на САД беше позитивна на корона вирусот на 15 август за време на одмор во Јужна Каролина. Потоа имаше два последователни негативни тестови во неделата и допатува од Јужна Каролина да му се придружи на сопругот, претседателот Џо Бајден, во Делавер.

Тестот на претседателот денеска е негативен. Но, тој ќе помине 10 дена во изолација затоа што е еден од блиските контакти.

Претседателот, како и неговата сопруга, исто така зеде „паксловид“ кога беше позитвен минатиот месец. И тој на крајот беше позитивен на тест за Ковид-19, по првичните негативни тестови.

Џил Бајден ќе остане во семејната куќа во Делавер сѐ додека не има два последователни негативни тестови.