Би-би-си: Џонсон ќе поднесе оставка


Британскиот премиер Борис Џонсон ќе поднесе оставка, јави Би-би-си. Британскиот премиер Борис Џонсон, денеска ќе поднесе оставка, објавија повеќе британски медиуми, меѓу кои и Би-би-си, откако на тоа го повикал министерот за финансии кого самиот премиер го постави на функцијата пред 48 часа. Џонсон во средата, се спротивстави на притисоците на министрите да поднесе оставка […]

Венус Вилијамс слета во Задар – не може без Јадранско море


Хрватска – Една од најдобрите тенисерки во светот, 42-годишната Венус Вилијамс се врати во игра по долга пауза и повреда на ногата! Таа пристигна во Хрватска откако минатата недела сосема неочекувано заврши на ждрепката на Вимблдон со партнерот Џејми Мареј и победија во мешани двојки. Иако не планираше да игра бидејќи долго време се бори […]

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието на протестите против францускиот предлог


Полицијата во текот на вчерашниот ден го лиши од слобода лицето кое на 5 јули за време на протестот против францускиот предлог фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ј.С. (18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на […]

Австрискиот Парламент усвои Резолуција за геноцидот во Сребреница


Австрија– Парламентот на Австрија едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, оддавајќи им почит на Босанците убиени на 11 јули 1995 година. Со Резолуцијата се бара од австриските власти да продолжат активно да ја поддржуваат комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија. Усвојувањето на документот доаѓа по официјалната посета на […]

Клелија Живковиќ добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“


Клелија Живковиќ е добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2022 година, што ја доделува Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“. -Комисијата во состав на Зоран Петровски, Иванка Апостолова и Ѓорѓе Јовановиќ одлучи наградата да се додели на проектот „Дизајн за оживување“ на Живковиќ заради внесување тематска новина во досегашната критичко-теориска практика со фокусот на дизајнот […]

Анализа: Од 1.150 пресуди на ЕСЧП за земјите од Западен Балкан, 185 се против Северна Македонија


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од почетокот на работата до крајот на 2021 година има донесено 1 150 пресуди во врска со земјите од Западен Балка, од кои 185 се против Северна Македонија, покажува анализата на судската пракса на ЕСЧП во однос на земјите од Западен Балкан објавена во „Правна хроника“, стручно списание издадено од Високиот судски и обвинителски совет […]

Кајсии – здраво и кралско овошје


Како веќе добро познати во Грција во 60-тата г.п.н.е., кајсиите се транспортирани во Европа од страна на Грците кои ги нарекувале „златни јајца на сонцето“. Денес главната комерцијална работа со кајсии се одвива на Медитеранот и Блискиот Исток, со придонеси надвор од сезоната од Јужна Америка и Нов Зеланд. Кајсиите може да се консумираат свежи […]

Тројца со ножеви го боделе момчето што почина во Струмица


Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во попладневните часови на 5 јули, на улицата […]

Пратениците во Бундестагот го поддржаа влезот на Хрватска во еврозоната


Германскиот Бунтестаг синоќа го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска, со оценка на пратениците дека Хрватска ги исполнила сите неопходни критериуми за влез во еврозоната. Германските законодавци согласни дека во интерес на Германија е натамошен развој и заокружување на економската и монетарната унија. На одлуката се спротивставија единствено пратениците на крајната десничарска партија „Алтернатива за […]

Kултурното наследство на македонските банкноти – се отвора нова поставка во Музејот на Народната банка 


Во Музејот на Народната банка денеска ќе биде отворена изложбата В/редности и вредности, што е кураторски обид за селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари, од 1996 година до денес. Изложбата е организирана како дел од активностите со коишто Народната банка ја одбележува 30-годишнината на македонската монетарна […]

„Заедно. Секогаш!“ – пет дена „Егзит“ со регионални и светски ѕвезди


Србија- Портите на фестивалот „Егзит“, годинава под мотото „Заедно. Секогаш!“, се отвораат денеска во 19 часот, а се очекува за четири дена да го посетат повеќе од 200.000 луѓе. Меѓу настапувачите се Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Вулф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан […]

Пендаровски бара протести без насилство, приведените да се санкционираат


Претседателот Стево Пендаровски упати апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, најостро го осудува носењето и користењето на огнено оружје […]

Британците умираат се повеќе и без Ковид, се бара истрага зошто


Стотици  луѓе повеќе од вообичаено умираат секоја недела во Англија и Велс, а Ковидot не е виновен за поголемиот дел од смртните случаи, покажуваат новите бројки. Најновите податоци од Канцеларијата за национална статистика (ONS) покажуваат дека имало 1.540 прекумерни смртни случаи во неделата што завршува на 24 јуни, но само околу 10 проценти се должат […]

Се работи на отстранување на дефект – без вода дел од „Васил Ѓоргов„ и „Народен Фронт“


Од утрово се нароби на интервенција, поради дефект на 2 затворачи ф-80 мм на „Народен фронт“ 3 при што корисниците имаат прекин на водоснабдувањето. Во најавата на Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ се наведува дека корисниците на дел од ул. „Народен фронт“ (од број […]

Во Памплона повторно трка со бикови


Шпанија го врати својот познат Фестивал на трка со бикови, којшто се одржува во Памплона, по двегодишна пауза поради пандемијата на корона вирус. Пуштањето на огнометот познат како „чупиназо“ од балконот на градското собрание на градот на северот од Шпанија, го означи официјалниот почеток на деветдневната свеченост на плоштадот „Сан Фермин“. Така, илјадници посетители од […]

Експлозија во банкомат во атинска болница


 Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа  во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, […]

Фински научници создадоа и инсталираа прва песочна батерија во светот


Научници во Финска ја создадоа и инсталираа првата функционална „песочна батерија“ во светот, уред способен да складира зелена енергија со месеци и, потенцијално, да го реши проблемот со енергијата во различни периоди од годината. „Песочната батерија“ работи така што се полни со евтина струја од ветерни и сончеви електрани, ја складира добиената енергија во песок […]

Грковска на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Виена ќе учествува на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“, во организација на Регионалната Канцеларија на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC). Грковска ќе има обраќање во кое ќе ги презентира владините […]

САД воведоа санкции за група ирански петрохемиски компании поврзани со Азија


Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека вовело санкции против група компании и физички лица од Иран, поради продажба и транспорт Иранска нафта и петрохемиски производи во Источна Азија. Со санкциите се опфатени  неколку компании, меѓу кои и петрохемиската компанија „Џем“ со седиште во Иран. Наводно компанијата извезла производи во вредност од стотици милиони долари […]