Хрватска најскапа за летување, по неа Грција


Kаде е најевтино на море Ова лето особено се вжештија цени на сместувањата во Грција. Како и да се оди, во приватен аранжман, или преку агенција, само за сместување во шпицот на сезоната, односно во првата недела на август, за оваа дестинација треба да се издвои значајна сума на пари. Од Грција поскапа е Хрватска, […]

Силен раст на Волстрит, зголемени каматите во САД


На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. И на европските берзи цените на акциите во средата пораснаа. […]

(Видео) Женка морж тешка 600 килограми потопува чамци во Норвешка


Огромна млада женка морж по име Фреја го избрала Осло за овогодишниот одмор. Случајните минувачи често ја гледаат женката Фреја тешка околу 600 килограми како влегува во закотвените чамци, од кои некои ги потопува. Фреја стана позната во Норвешка, а името го добила по нордиската божица на љубовта. Се верува дека Осло е само еден […]

(Видео) Турски навивачи го скандираа името на Путин провоцирајќи ги украинските фудбалери


Навивачите на фудбалскиот клуб Фенербахче ги испровоцираа приврзаниците и фудбалерите на Динамо Киев скандирајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин. Се започна откако Виталиј Бујалски постигна гол во 57. минута со кој неговиот тим донесе доволно водство за пласман во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Во таа прилика се сврте кон […]

За четири асимптоматски случаи на ковид Кина заклучи кварт од еден милион луѓе во Вухан


  Кинеската метропола Вухан затвори област од речиси милион луѓе откако откри четири асимптоматски случаи на ковид, бидејќи оригиналниот епицентар на пандемијата не сака да има никакви шанси за нова епидемија според строгата политика на Кина за нулта ковид. Властите во областа Џијангсија во Вухан, дом на повеќе од 970.000 луѓе, во средата објавија дека […]

Во Дубаи отворена најголемата вертикална зеленчукова градина во светот


ОАЕ –  Вертикалните градини се моќна алтернатива и решение за кризата со земјиштето, а и не се помалку функционални од традиционалните. Исто така, тие заштедуваат огромни количини вода. Иако вертикалните градини не се нови, една привлече внимание бидејќи ова е најголемата вертикална зеленчукова градина во светот и може да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук […]

Камерниот оркестар на МММ со целовечерен концерт на „Охридско лето“


  Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе одржи целовечерен концерт на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 35 години и е основан како прв сегмент […]

Отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија


  Со претставата ,,Умри машки” на демиркапискиот аматерски театар ,,Мирка Гинова”, синоќа во Демир Капија беше отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”. Како што беше кажано, фестивалот е отворен за професионални и аматерски театри.   -Демир Капија веќе шеесет години ја негува театарската уметност и нашите актери го прават тоа најпрофесионално што можат, рече […]

Русија го ракетираше регионот на Киев


  Во раните утрински часови на 28 јули, руските војници истрелаа ракети врз областа Вишегородската област во регионот на Киев, како и врз територијата на регионот Чернихив. Во областа Вишегородски, рече шефот на регионалната полиција, Александар Кулеба, е оштетен „инфраструктурен објект“, нема податоци за загинати и ранети. Во регионот Чернихив, изјави шефот на регионот Александар […]

Шакира го отфрли договорот со шпанското обвинителство околу даночниот долг


  Шпанија – Латино-ѕвездата Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, изјави нејзин претставник вчера. Колумбиската пејачка, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не […]

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19


  Хрватска – Хрватска се соочува со нов бран на многу заразни подваријанти на коронавирусот, поради што е зголемен процентот на позитивни меѓу тестираните на дури 30 проценти, а бројот на нови случаи на заразени дневно е повеќе од илјада, соопшти Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ). Во Хрватска циркулираат субваријанти на Омикрон БА.2 и БА.4 […]

Паѓаат приходите од  „Фејсбук“ и „Инстаграм“


  САД – Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто. Приходите на компанијата што остварува добивка воглавно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент […]

Најмногу дожд наврна во Прилеп и Берово, времето и денеска нестабилно со дожд и грмежи


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Прилеп и Берово 24 л/м2, во Крушево 18, во Штип 13, во Крива Паланка, Виница и Ѓуриште 12, во Претор осум, на Попова Шапка седум, во Скопје – Зајчев Рид и Пожаране шест, во Маврови Анови и Лазарополе два и во Тетово и Битола еден л/м2. Во текот […]

Во Австрија двојно повеќе молби за добивање азил


  Aвстрија – Од јануари до јуни во Австрија вкупно 31.050 луѓе поднеле барање за азил, а најголемиот број од нив се државјани на Авганистан, со 7.325 апликации. Во истиот период минатата година австриските власти добиле 10.876 барања за азил. По Авганистанците, на второ место по бројот на барања за азил се Сиријците (6.680), Тунижаните (3.810), Пакистанците (3.110) и Индијците […]

Барак Обама има нова летна плејлиста: Ќе ве изненади


  САД– По напорниот мандат на високи функции, многу политичари ја покажуваат својата „друга“ страна, онаа полежерната и поопуштената. Веќе стана традиција поранешниот претседател на САД, Барак Обама да воодушевува со своите препораки за читање, а особено за слушање. Обама на своите социјални мрежи објави список со наслови кои го воодушевија во изминатата година, а […]

Римскиот Колосеум вреди 79 милијарди долари, вели ново истражување


  Италија- Колосеумот, иконски споменик на генијалноста и величественоста на антички Рим, сега има цена . Во извештајот објавен во понеделникот, британската финансиска консултантска група Deloitte LLP проценува дека „вредноста на социјалните средства“ на обележјето или нематеријалната вредност што некои Италијанци ја ставаат на неговото постоење, изнесува околу 77 милијарди евра (79 милијарди долари). „Оваа […]

Британски советник: Светот беше побезбеден за време на Студената војна


САД– Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна бидејќи не разговара доволно со Русија и Кина, изјави британскиот советник за национална безбедност Стивен Лавгроув. Според него, светските суперсили подобро се разбирале за време на Студената војна и дека недостатокот на дијалог ја зголемил можноста за погрешна пресметка, пренесе „Би-Би-Си“. Тој додаде дека сме во „нова […]

Во САД наскоро ќе бидат дистрибуирани околу 800.000 вакцини против мајмунски сипаници


  САД– Американската агенција за храна и лекови (ФДА) денеска објави дека околу 800.000 дози вакцина против мајмунски сипаници наскоро ќе бидат достапни за дистрибуција. ФДА соопшти дека процесот на сертификација е завршен и дозите од вакцини веќе пристигнале во САД. Агенцијата пред околу две недели соопшти дека извршила увид во објект во Данска каде […]

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба


Шпанија – Шпанската влада синоќа соопшти дека ќе побара од Европскиот парламент да ја разгледа можноста за употреба на каталонскиот, кој, доколку предлогот помине, ќе стане првиот европски регионален јазик во официјална употреба во таа европска институција. Мадрид ќе претстави „технички и финансиски изводлив“ предлог до комисијата на ЕП во Брисел и ќе работи заедно […]

Македонски и ансабли од САД, Полска, Италија и Шпанија вечер на „Илинденски денови“


  Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика и игра на која ќе настапат македонски и ансамбли од САД, Полска, Италија и Шпанија. Вечерашната програма ќе ја отворат членовите на КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод, а на фестивалската сцена ќе настапат и фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци, […]