Барак Обама има нова летна плејлиста: Ќе ве изненади

Разновиден и еклектичен избор составен од сосема нови наслови и безвременски класици - со акцент на веселите ритми - тоа летово го слуша поранешниот претседател на САД


 

САД– По напорниот мандат на високи функции, многу политичари ја покажуваат својата „друга“ страна, онаа полежерната и поопуштената. Веќе стана традиција поранешниот претседател на САД, Барак Обама да воодушевува со своите препораки за читање, а особено за слушање. Обама на своите социјални мрежи објави список со наслови кои го воодушевија во изминатата година, а тој пак ги воодушеви своите следбеници со изборот на музика. Поранешниот претседател меѓу другите ги слуша Хари Стајлс, Ријана, Бијонсе…

– Секоја година, возбуден сум што можам да ја споделам мојата летна плејлиста затоа што дознавам за толку многу нови изведувачи од вашите одговори – тоа е пример за тоа како музиката може да не зближи сите. Еве што слушам ова лето, кои песни би ги додале?“, напиша Барак Обама заедно со две графики, а на секоја наведе 22 изведувачи и нивните песни.

Барак Обама состави сериозен сет од 44 песни, меѓу кои има и најголемите поп ѕвезди на денешницата како Бијонсе и нејзината новата песна „Beak my soul“, како и Harry Styles и неговата „Music for a Sushi Restaurant“, има и инди деликатес како што е британскиот бенд Wet Leg, за кој слушнале само ретки „братучеди“ и поранешниот претседател ја истакна нивната песна „Ангелика“.

На неговата листа се најде шпанската сензација Розалија, а нејзината песна „Саоко“, не ги изостави Дрејк и Ријана и нивната песна „Too Good“, а Обама сака да го слуша Џек Вајт, летово омилена песна му е „I‘m Shakin“.

Освен актуелните ѕвезди од светот на поп, хип-хоп и инди рок, Барак Обама ја сака и класиката, па особено ги истакнува Нина Симон и нејзината „Do I Move You?“, нагласувајќи дека ја претпочита втората верзија. Тука е и генијалниот Принс и неговата „Let’s go crazy“, а не ги изостави и џез-генијалецот Мајлс Дејвис и неговата песна „Blue in Green“, како и Арета Френклин со „Save me“.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Barack Obama (@barackobama)