ЈСП денеска ќе вози со изменет режим низ централното подрачје на Скопје


Од ЈСП-Скопје информираат дека денека од 11 часот, поради најавената блокада на улица „11 Октомври“ (пред Собрание на РСМ), возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќе бидат пренасочени по околните сообраќајници. По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии: Линии 3, 3А и 3Б * […]

Оризопроизводителите имаат уште шест дена да аплицираат за поддршка при набавка на комбајн или сушара


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соопштение ги потсетува земјоделците дека на 6 јули истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз. Овој јавен повик, како што посочуваат, се распишува преку програмата за финансиска поддршка на […]

 „Врвиците на зборот“  – Вера Стојчевска-Антиќ објави нова книга


Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ. -На страниците од првото поглавје, насловено „Кон родното огниште“, се застапени текстови во кои авторката хронолошки ја проследува својата животна и твречка патека. Посебно внимание посветува на младешките години и љубопитнос кон литературата во родната […]

Уапсен крадецот на уметнички слики од изложбата во „Матица ексклузив“


Полицијата од ПС Центар вчера го уапсила 33-годишниот Е.Д. од Скопје и му е одреден притвор. По него се трагаше со локална потерница поради основано сомнение дека на 26 и 27 јуни 2022 сторил две тешки кражби на уметнички слики од Павле Кузманоски во книжарницата  „Матица ексклузив“, на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје. -Дел од украдените […]

Руска ракета погоди зграда во Одеса, 18 мртви, меѓу нив две деца


  Две деца се меѓу 18-те загинати во ракетниот напад на Одеса, објави регионалниот гувернер Максим Марченко. „Како резултат на ноќен ракетен напад од стратешки авион ‘Ту-22’ од Црното Море во областа Белгород-Днестар во регионот Одеса, три ракети ‘Х-22’ погодија станбена зграда и рекреативен центар. До 9 часот, идентификувани се 18 жртви, меѓу кои две […]

Украина почна да извезува струја во ЕУ


  Украина почна да извезува струја во Европската Унија преку Романија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Поминавме важен чекор во нашето приближување кон ЕУ“, рече синоќа Зеленски. Киев „почна значително да извезува струја на територијата на ЕУ, преку Романија“, рече Зеленски и додаде дека се работи само за прв чекор. Како што додаде, Украина е […]

Почнува 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“


Вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп официјално започнува 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на земјава, вечер и утре, на Рудина кај Долнени, ќе ги разлеат гајдата, кавалот, зурлите, тапаните, ќе ги изведуваат изворните песни […]

Спасовски на средба со Рашков во Софија


Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија. Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е […]

Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог


Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата ќе има средба со лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство. Ковачевски на фејсбук објави дека средебата со која се отвора процес на широки консултации, ќе се оджи во 11 часот.   – Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе […]

Бајден: Нов американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари


 Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Мадрид го објави новиот американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари. Покрај тоа, тој најави дека коалицијата составена од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромни количини оружје во Украина. „Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои […]

Рекордни јунски температури во Европа – на Арктикот измерени 32,5 степени


Жештината во поголемиот дел од Европа предизвика рекордни јунски температури од Арктичкиот круг па сè до Северна Африка. Силниот топлотен бран предизвика пораст на температурите значително над просекот за јуни во повеќе земји, во некои случаи и до 20 степени. Нови рекорди Во средата во Банак во Норвешка регистрирана е температура од 32.5 степени Целзиусови, […]

Радев денеска ќе го врачи мандатот за состав на новата бугарска влада


Бугарија –  Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе и го врачи првиот мандат за формирање нова влада на најголемата политичка групација во Народното собрание „Продолжуваме со промените“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, поддршката за новата влада, добиена со првиот мандат, станува се покомплицирана по повлекувањето на Бугарската социјалистичка партија од преговарачката маса, […]

Париз достави модификуван предлог за деблокада на нашиот европски пат за кој во земјава ќе следи широк консултативен процес


Француското претседателство вчера преку нашето Министерство за надворешни работи до Владата достави предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови. Според премиерот Димитар Ковачевски, во предлогот се вклучени нашите забелешки дека историските прашања и протоколот од Договорот за добрососедство не може да бидат дел од преговарачката рамка, додека според претседателот […]

Чешка го презема претседавањето со ЕУ


Од 1 јули, Европската Унија ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно: чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек. Фијала е политиколог, тој беше ректор од 2004 до 2011 година. Неговиот пријател и заменик, музиколог Бек, беше на чело на вториот по големина чешки универзитет веднаш потоа, од 2011 […]

Почнува сезонски режим на сообраќај за тешки товарни возила


Од денеска до  31 август на државните патишта во земјава ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се  забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали на забраната за тешки товарни возила […]

Сергеј Андреевски во Слоештица ги кани уметниците – се отвора креативно гумно


Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар денеска од 17 до 21 часот ќе ги отвори портите за сите љубители на уметноста што сакаат да ги запознаат уметниците и да ги видат делата создадени за време на 20. интернационална уметничка колонија. Во периодот од 18 јуни до 3 јули […]

Џез вечер на Клод Болинг во Салон 19:19


Во Салон 19:19 вечерва од 19:19 часот ќе се одржи џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet. Како што информираат од Културно-информативниот центар – Скопје, Toot quartet концертираат од 2020 година и настапиле во Дом на култура Ѓорче Петров и Кисела Вода во Скопје, Кавадарци, Струмица и Неготино. Составот на Toot Quartet е Стојанче Косовски-труба, […]

Без струја делови од Пинтија, 11 Октомври и Тафталиџе, а без вода улица во Козле


 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе бидат повеќе места во општините Кисела Вода и Карпош, додека вода ќе нема една улица во Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од улица 1515 во населба Пинтија, […]

Од денеска поскапува струјата


Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима. Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината […]

Заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици во Софија


Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија. На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, […]