Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија


По големата меѓународна истрага на повеќе полициски служби, што траеле повеќе од една година, италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 240 милиони евра, со што му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан, соопштија денеска истражителите. Полицијата соопшти дека оваа акција, што претставува една од најголемите заплени […]

Како почна подемот на авторитарноста кај Путин


Путин беше формиран во советскиот свет кој сметаше дека Русија не е голема, доколку не доминира со своите соседи. Татнежот на прагот на земјата ја доведе во прашање таа доктрина. Почна пресвртот на Путин од соработка со Западот кон конфронтација Еден месец по инвазијата на Украина Роџер Коен, шеф на бирото во Париз на „Њујорк […]

Радев и Донфрид разговараа за европската перспектива за Северна Македонија


Претседателот на Бугарија Румен Радев телефонски разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид за европската перспектива на Република Северна Македонија, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата го осудиле како недозволиво палењето на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, […]

Американски суд дозволи заплена на авиони на Абрамович


Американски суд дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина, го наведе кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД. Федерален судија во Њујорк ја одобри заплената побарана од федералните агенти. Се работи за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, […]

Руските универзитети исклучени од Болоњскиот процес


Руските универзитети се исклучени од Болоњскиот процес, информираше заменик министерот за наука и високо образование, Дмитриј Афанасјев. Болоњската група на 11 април соопшти за укинување на застапеноста на Русија и на Белорусија во сите поврзани структури, појасни Афанасјев, јавија руски медиуми. – Со оглед на тоа што нашите ректори, раководители на образовни институции го потпишаа […]

Макрон разговарал со Ковачевски и со Радев, подготвен е за состанок со Софија и Скопје за билатерален договор


Францускиот претседател Емануел Макрон, по синоќешните телефонски разговори со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Домитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз „кога ќе дојде време“ властите на Бугарија и Северна Македонија со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна […]

Државата Њујорк воведе нови ограничувања за купување оружје


Гувернерката на американската сојузна држава Њујорк, Кети Хочул, потпиша пакет од 10 закони за контрола на оружјето, поставувајќи нови ограничувања за неговото купување по масовните престрелки во Бафало и Тексас. На церемонијата на потпишување таа кажа дека „вака не може да се живее и дека ова е морален момент за жителите на Њујорк, но и […]

Дојче Веле: Германската полиција користи контроверзен американски софтвер


Контроверзниот американски софтвер Палантир станува сè попопуларен меѓу полициските служби во Германија, а според истражувањето на Баварската јавна служба и покраината Баден-Виртемберг, за воведување на софтверот заинтересирани се и Бремен и Хамбург. Палантир од претходно го користат полицијата во Северна Рајна-Вестфалија и Хесен, а договорот со американската компанија го потпиша и покраинскиот оддел за криминалистичка […]

Прајс: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО


Одлуката на Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот на САД Нед Прајс. – Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта […]

Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани не побегнал од земјата со милиони долари


Речиси е сигурно дека поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани не побегнал од Кабул со околу 200 милиони украдени долари, кога талибанците ја презедоа власта, туку тој и луѓето кои бегале со него со себе понеле многу помал износ, се наведува во официјален американски извештај што ќе биде објавен денеска. Поранешниот авганистански претседател и други функционери […]

Лидерите на земјите членки на Отворен Балкан на средба во Охрид


Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид. За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на […]

Во Охрид ќе бидат презентирани дигитални решенија за туризмот


Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам на денеска ќе бидат презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид. Презентацијата е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на швајцарската агенција за развој и […]

„Вози право, вози здраво“ привлече илјадници учесници со велосипеди, тротинети, ролерки…


Околу 8.000 деца и возрасни во неделата попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“, што е најмасовната посетеност досега. Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано […]

Собранието треба да ја одржи 73. седница


Собранието денеска ќе ја одржи 73. седница на чиј дневен ред се Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во […]

Дебата во МАНУ по повод 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски


Расправа „Афирмација на македонската држава во југословенската федерација – по повод 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски“ ќе се одржи денеска во МАНУ, во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поздравни обраќања, како што е најавено ќе […]

Изложба „Двете рози на Исус“ од Вучковска – Митовска во Лизје, Франција


Во катедралата Св Петар во Лизје, Франција денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Двете рози на Исус“ од авторката Цветанка Вучковска – Митовска, информира НУ „Спомен куќата на Мајка Тереза“. – Ова е идеја што се развиваше низ повеќе години, но овој пат во соработка со Асоцијацијата на пријатели на Катедралата во Лизје, ова беше […]

„Ден за кариерен развој“ на УКИМ


На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY. На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат етаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и […]

Промоција на научната книга „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова – Чепишевска


Во Културниот информативен центар – Скопје вечерва ќе биде промовирана научната книга „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова – Чепишевска, во издание на „Матица македонска“ –На промоцијата, книгата ќе биде претставена со осврт на Иван Антоновски и со разговор меѓу него и Мојсова-Чепишевска, со прашања отворени и поттикнати со „Конески како тестамент“. Музичката програма на […]

Сончево со мала облачност, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=7 Во Скопје […]

Рускиот амбасадор во ОН напушти состанок на Советот за безбедност


Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија, вечерва го напушти Советот за безбедност по говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, објави Ројтерс. Мишел ја обвини Москва дека ја поттикнува глобалната криза со храна со инвазијата на Украина.Тој, исто така, ги обвини руските војници за воени злосторства и злосторства против човештвото, повикувајќи се […]