Макрон, Шолц и Драги пристигнаа во историска посета на Киев
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во четвртокот наутро во Киев, во историска заедничка посета на украинската престолнина за прв пат од почетокот на руската инвазија. Тројцата лидери отидоа со ноќен воз за Киев, каде беа пречекани со сирени за воздушен напад среде тековната руска инвазија. […]