Брнабиќ утре во посета на Скопје


Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски. По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи […]

Шведската амбасадорка кај Пендаровски: Македонија го поддржува барањето за членство во НАТО


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО. Во таа прилика, претседателот Пендаровски ја поздрави оваа одлука на Шведска карактеризирајќи ја како одлука на суверена држава која има право на тоа, и додаде дека нашите […]

Шок на руската телевизија: „Цел свет е против нас. Украина ќе се бори до последниот човек“


  Измислениот наратив на руските државни медиуми за славната војна на Путин во Украина синоќа беше уништен од пензиониран полковник кој даде невообичаено искрена и уништувачка оценка за ситуацијата на првите борбени линии и светската сцена. Михаил Ходаренок, поранешен командант за воздушна одбрана и дипломец на некои од врвните воени училишта на Советскиот Сојуз, во […]

Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ промовирана во средното училиште „Димитар Влахов“


Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска го посети средното стручно училиште „Димитар Влахов“ во Скопје каде се одржа отворен ден за идните средношколци, како и промоција на втората фаза од кампањата „Учи паметно, работи стручно“. – Овој денешен состанок е од голема важност, бидејќи ние како Министерство имавме прилика со претставниците од локалната […]

Родители си ја продале малолетната ќерка на Белгиец


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ извршено од страна на три лица, од кои еден државјанин на Белгија. Предметен […]

Објавена стихозбирката „Чинук“ на Ристо Лазаров 


Стихозбирката „Чинук“ на Ристо Лазаров ја објави издаваштвото „Дијалог“. „Чинук“ е 35-та стихозбирка на Лазаров. Книгата ја одбележува 50-годишнината од објавувањето на неговата прва стихозбирка „Ноќна птица во паркот“. Поетесата Лидија Димковска во поговорот кон ,Чинук“ оценува дека во оваа книга јасно се оцртува поетолошката струѕктура на поезијата од „Чинук“: дека сѐ е во сѐ, […]

Најскапата уметничка збирка на Меклоу продадена на аукција, чини вкупно 922,2 милиони долари


САД– Познатата уметничка збирка, којашто беше предмет на жолчната бркоразводна парница меѓу њујоршкиот магнат Хари Меклоу и неговата поранешна сопруга Линда Бург, стана најскапата уметничка колекција продадена на наддавање. Аукцијата во „Сотби“ достигна сума од 246,1 милиони долари во вториот круг од наддвањето за колекцијата на парот, со што вкупната вредност на збирката достигна 922,2 милиони […]

Уапсен генералниот сметководител на Нигерија, проневерил околу 200 милиони долари


Комисијата за економски и финансиски криминал во Нигерија соопшти за апсење на генералниот сметководител, Ахмед Идрис, поради сомнение за преоверување на речиси 200 милиони долари јавни фондови. Идрис преку членови на семејството и блиски лица инвестирал во недвижен имот во Нигерија, според податоците од Комисијата. Нигерија со години се бори со корупција. Но, медиуми наведуваат […]

Песочната бура го претвори Багдад во нестварен град


  Силна песочна бура повторно го зафати Ирак, кој веќе страда од климатските промени, а најмалку 4.000 луѓе завршија во болница поради проблеми со дишењето, пишува „Дејли мејл“. Густиот облак прашина што го прекри главниот град Багдад доведе до затворање на аеродромите, училиштата и јавните канцеларии низ целата земја. Ова е осма песочна бура од […]

Објавена прелиминарна листа со добитници на 70 социјални станови во Гостивар


Седумдесет лица од социјално ранливите групи во Гостивар ќе добијат станови изградени преку Програмата за изградба и оддржување станови во сопственост на државата. Прелиминарната распределба на становите беше извршена денеска, а конечната листа ќе биде објавена откако надлежната Комисија ќе ги направи деталните контроли на лицата на прелиминарната листа. Министерот за транспорт и врски Благој […]

На Марс снимена врата како издлабена на површината на планетата


Фотографијата која ја направи роверот „Кјуриозити“ на Марс наводно прикажува нешто што наликува на врата, а снимката повторно ја отвори дебатата за тоа дали постои живот на Марс. Верувањето дека интелигентен живот постои на другите планети со години е предмет на расправа, а некои сметаат дека е можно да постои вонземски живот водејќи се од […]

Попладне нестабилно со услови за дожд, утре намалување на температурите за неколку степени


Попладне и кон крајот на денот времето во земјава ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Слично ќе биде и во Скопје, каде попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека утре времето […]

ЈП „Градски паркинг“ со кампања  под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“


Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски денеска ја промовираше кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“ за подобрување на услугите според потребите на корисниците на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието. Главната цел на кампањата е охрабрување на граѓаните и корисниците на паркинг услугите да пријават неправилности во рамки на работењето на […]

Индустриската зона „Жабени“ пред колапс, обвинува локалната власт во Битола


  БИТОЛА – Јавното претпријатие ИЗ „Жабени“ е заглавено во долгови и судски трошоци од претходното раководство на СДСМ, обвинува битолскиот градоначалник Тони Коњановски и најавува дека општината сега ќе мора да го субвенционира претпријатието со 1 милиони денари. Во моментов 16 парцели се дел од јавната објава на Општина Битола за отуѓување на градежно […]

Вечер на танцови филмови во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје ќе бидат претставени тројца млади автори во серијата „Современи кореографски идентитети“, и тоа Дора Кокољ, Филип Петковски и Адријана Данчевска. Најпрвин премиерно ќе биде прикажан филмот во режија на Дора Кокољ, а во кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк, насловен „2 0 […]

„Џонсон Мети“ се вклучи во одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора


Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј и директорот на „Џонсон Мети“ во земјава Боријан Борозанов присуствуваа на засадување дрво пред зградата на компанијата во Скопје. „Џонсон Мети“ со оваа акција учествува во иницијативата за засадување 70 дрвја на национално ниво по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Според Борозанов, ова ја нагласува посветеноста […]

Грант од три милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали


Со три милиони евра неповратен грант од Банката за развој при Советот на Европа ќе бидат реконструирани 30 спортски сали во основни и средни училишта и ќе биде набавена спортска опрема за 50 сали во основни училишта. Рокот за реализација на грантот за кој се наменети средствата е крајот на 2024 година. Договорот за грантот […]

Бајден со вратоврска со грчкото знаме на средбата со Мицотакис


Со сино бела вратоврска со грчкото знаме, претседателот на САД Џо Бајден го пречека премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на нивната вчерашна средба во Белата куќа, јави дописничката на МИА од Атина. Вратоврската не остана незабележана од Мицотакис, кој ја коментираше при пристигнувањето и му се заблагодари на Бајден, а ракувањето пред средбата беше проследено […]

Жена ќе биде претседател на Албанија?


  Социјалистичката партија на Албанија, која има мнозинство во парламентот, формираше работна група која ќе предложи претседателски кандидат. Меѓу имињата кои доминираат има најмногу жени, пренесе „Сот њуз“. Мандатот на Илир Мета престанува на 24 јули, а како што се наведува, Еди Рама е премиер кој им дал повеќе простор на жените во политиката од […]

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска


Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст. -Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен […]