На Марс снимена врата како издлабена на површината на планетата


Фотографијата која ја направи роверот „Кјуриозити“ на Марс наводно прикажува нешто што наликува на врата, а снимката повторно ја отвори дебатата за тоа дали постои живот на Марс.

Верувањето дека интелигентен живот постои на другите планети со години е предмет на расправа, а некои сметаат дека е можно да постои вонземски живот водејќи се од принципот на веројатност.

НАСА спроведе многу истражувања во обид да најде некакви траги, кои одредуваат дали подтоела или постои каква и да е интелигентна цивилизација на планетите близу Земјата.

Во оваа прилика протагонист е Марс поради неколку фотографии снимени со камера од „Кјуриозити“, кој на црвената планета е повеќе од 10 години.

Фотографиите се направени на 7 мај и се чини дека прикажуваат врата совршено издлабена во карпестата површина на Марс. Иако ова генерираше изненадување на социјалните мрежи и форуми како Reddit, каде луѓето разговараа за тоа дали фотографијата е доказ дека постои вонземски живот, НАСА даде научно објаснување на интересниот феномен.

Научниците на НАСА наведуваат дека постоењето на „магична врата“ како што некои ја нарекоа, е резултат на сеизмички движења кои се случуваат и на нашата планета. Експертите велат дека земјотресите на Марс се многу чести и дека таа „врата“ е резултат на кршењето на карпите по земјотресот од 4 мај.