Македонец (23), кој во Вараждин се обиде да убие врсници, може да биде во затвор 5 години


  Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани. Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избодел со нож врсник, при што му задал […]

Папата Франциско бара средба со Путин, Москва засега без одговор


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско потврди дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за да се обиде да ја запре војната во Украина, но дека се уште не добил одговор. Во интервјуто објавено денеска за римскиот дневен весник „Кориере дела сера“, папата рече и дека патријархот на Руската православна црква Кирил, […]

Врховниот суд на САД ќе го укине правото на абортус?


  Врховниот суд на САД би можел да го укине националното законско право на абортус, според невидениот протечен нацрт на документ од судот. Во нацрт-мислењето од 98 страници, судијата Семјуел Алито пишува дека одлуката „Ро против Вејд“ од 1973 година за легализирање на абортусот низ САД е „огромно погрешна“. Доколку највисокиот американски суд ја укине […]

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во […]

Станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки и најдолг рок на отплата до 40 години


– Станбениот кредит на Комерцијална банка, кој ги има најниските каматни стапки на пазарот, отсега е и со најдолг рок на отплата до 40 години. Со Станбениот кредит на Комерцијална банка клиентите добиваат уникатна можност за нов стан или куќа по најповолни услови на пазарот. Кредитот е со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во […]

УЕФА: Руските екипи нема да играат во европските натпреварувања во сезоната 2022/23


Руските фудбалски клубови нема да играат во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, соопшти Европската фудбалска асоцијација. – Во сезоната 2022/23 нема да има претставници на Русија во европските натпреварувања. Поради ова, согласно принципите пропишани во прописите на машките и женските турнири, променета е шемата за пристап на екипите до европските натпреварувања, се вели во соопштението. […]

„Немам зборови…“: Зеленски за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејско потекло


Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според кој „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“. – Немам зборови…, рече Зеленски во своето вообичаено ноќно обраќање. Никој не слушна никаков демант или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е молк… тоа значи […]

Во ракетирањето на Одеса убиен тинејџер


Станбена зграда и црква во црноморското пристаниште Одеса во југозападна Украина беа погодени од ракетен напад синоќа, при што загина момче на возраст од 14 години, соопштија властите, пренесува Скај Њуз. Пет лица биле во станбената зграда кога ракетата паднала, изјави претставник на пристанишниот град . Едно 17-годишно момче е пренесено во болница. Официјалниот претставник рече […]

Џонсон во Врховната Рада ќе го поздрави украинскиот отпор на „руската тиранија“


Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе одржи говор во украинската Врховна Рада. Тој е прв светски лидер кој ќе зборува во украинскиот Парламент, од почетокот на руската воена операција на 24 февруари. Преку видео обраќање, Џонсон ќе го поздрави   украинскиот отпор на „руската тиранија“, oбјави Гардијан. Се очекува британскиот премиер да потсети „на […]

Шолц: Санкциите кон Русија ќе бидат во сила се до потпишување на мировен договор со Украина


Санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија врз Украина нема да бидат укинати додека Москва не постигне мировен договор со Киев, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека мировните услови треба да ги одреди Украина. Во интервју емитувано на јавната телевизија ЗДФ, Шолц рече дека рускиот претседател Владимир Путин се преценил себеси […]

На граничниот премин Богородица за влез во државата се чека околу 30 минути


На граничниот премин Богородица, за влез во државата, има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензит на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена […]

ЕП предлага транснационални изборни листи и воведување право на глас од 16-годишна возраст


 Европскиот парламент го претстави предлогот за нови изборни правила со кои се намалува старосната граница за остварување на избирачкото право на 16 години и се воведуваат транснационални изборни листи за кои би можеле да гласаат сите граѓани на ЕУ, без оглед на нивната земја на живеење. Новите изборни правила ќе важат од следните европски избори […]

Карпентер: Русија планира да ги припои Доњецк и Луганск


Русија наскоро планира да ги припои самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер. – Според најновите извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги припои Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република, истакна Карпентер во Вашингтон. Како што тој додаде, во извештаите се наведува дека, потоа, Русија има […]

Македонија скокна за 33 места на Индексот на медиумска слобода


Во најновиот Светски индекс на слободата на медиумите во светот, објавен денеска од Репортери без граници Северна Македонија се најде на 57. место, во групата на проблематични земји.  Ова е подобрување за 33 места во однос на 2021 година кога Македонија беше на 90 место. Инаку, во групата „Проблематични“ се и Ерменија (51), Романија (56), […]

Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел на инаугурација на изградбата на терминалот за течен гас во Александрополис


Во присуство на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александрополис ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), […]

Словачка ќе бара изземање од санкциите за руската нафта


Словачка ќе инсистира да биде изземена од ембаргото за купување руска нафта доколку руската нафта биде санкционирана од 2023 година, изјави вицепремиерот и министер за економија Ричард Сулик по вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ. Според него, непречените испораки на нафта од Русија се од витално значење за словачката економија, бидејќи Русија и […]

Годишните извештаи на Судскиот совет и на Народниот правобранител пред собраниската Комисија за политички систем


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе оджи седница на чиј дневен ред е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021-ва. Пред членовите на Комисијата се и Предлог-одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, како и Годишниот извештај на Народниот правобранител за […]

Променливо облачно и посвежо, со краткотрајни врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со краткотрајни повремени врнежи од дожд и со нестабилност. Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 8 до 18 степени. Од утре, како што информира УХМР, дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови […]

Литванскиот министер Ландсбергис во Скопје, на средби со Пендаровски, Џафери, Маричиќ и Османи


Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Ландсбергис ќе оствaри средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи на која, како што соопшти МНР, ќе стане збор за македонскиот евроинтегративен процес и конкретната литванска поддршка на тој план, за регионалната соработка, […]

Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“


Научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ денеска ќе биде отворен во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје. На шесте работни сесии, што ќе се реализираат денеска и утре во Музејот на македонската борба и во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ свои реферати ќе презентираат 46 […]