Медијацијата „лек” за надминување на работни спорови


Медијацијата во Северна Македонија, повеќе се користи за надминување на работните спорови, посочи директорката на Институтот за европска политика, (ЕПИ) Симонида Кацарска, на денешната конференција на тема „Унапредување на квалитетот на медијацијата” и наведе дека постојат области како што на пример се потрошувачките спорови кои што Европска Комисија ги следи во своите извештаи на кои […]

ТАВ Македонија: Во моментов немаме информации од авиокомпанијата за прекин на летовите Софија-Скопје


Од „ТАВ Македонија“ попладнево соопштија дека во моментов немаат информација од авиокомпанијата за прекин на авилинијата Софија-Скопје. – Во моментов немаме никакви информации добиени од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање, се вели во одговорот што МИА го побара од „ТАВ Македонија“ по информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на […]

Ај да го видиме и тоа чудо што не сме го виделе


(Колумна за Дојче веле) Со голема професионална љубопитност, но и со загриженост го очекувам 10 мај, денот кога истекува ултиматумот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за договор за предвремени избори. Откако експресно доби одговор дека редовни избори ќе има во 2024 година, оти сега имало поважни работи од битки за власт, веќе нема […]

Научен симпозиум: Гоце Делчев е наше минато и стварност


  Гоце Делчев е интимно вткаен во нашата душевност и нација и неговото дело е синонимно поврзано со нашата татковина. Гоце Делчев е наше минато и наша стварност, а наша завет е да ја реоткриеме вечната духовност. Ова беше порачано на отворањето на научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, што денеска и утре […]

Невработеноста во еврозоната во март на најниско ниво од 6,8 отсто


Стапката на невработеност во еврозоната во март падна на најниско ниво во историјата, на 6,8 отсто од активното население, што е за 0,1 поен помалку од претходниот месец, соопшти денеска статистичката служба на ЕУ, Евростат. Февруарската стапка, првично објавена на 6,8 отсто, е ревидирана до 6,9 отсто. Од декември, стапката е на најниско ниво од […]

Вучиќ од Александрополис: Србија гасно да се поврзе и со Северна Македонија со финансирање на ЕУ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Александрополис во Грција на церемонијата по повод почетокот на работите за изградба на терминал за течен природен гас изјави дека изградбата на ЛНГ терминалот е голем и важен настан за целиот Балкан и дека Србија треба гасно да се поврзе со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од […]

Поради снимање на видео спот утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги […]

Владата ги укинa ковид-мерките


Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој […]

Милановиќ ќе стави вето на поканата за Финска на самитот на НАТО


  Хрватскиот претседател денеска ги повтори ставовите дека Финска не може да биде членка на НАТО. Тој најави дека на самитот на алијансата што треба да се одржи на крајот на мај во Мадрид ќе стави вето на поканата за Финска да стане членка на алијансата сѐ додека не се реши прашањето на Босна и […]

Тупанчески: Драстично ќе се намалат казните за клевета и навреда за новинарите


Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција и заштита на демократијата во сите сегменти од општеството, порача министерот за правда Никола Тупанчески по повод Светскиот ден на слобода на медиуми. Тупанчевски во соопштението до медиумите истакнува дека на граѓаните им се потребни точни, навремени и проверени информации, […]

Падобранска опрема паднала врз куќа во Неготино 


Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и […]

Радев мисли дека Русија може да ја нападне Бугарија и ќе нема кој да ја брани


  Пред утрешното гласање во бугарското собрание за испраќање воена помош на Украина политичката ситуација во Бугарија зовре до тој степен што претседателот Румен Радев денеска изјави дека е можно Русија да ја нападне Бугарија. Радев уште додаде дека во тој случај Бугарија немало кој да ја брани. Бугарските медиуми пишуваат и дека Радев се […]

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп“


 Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје. На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби. – Од […]

Ахмети го демантира Османи за амбасадорскиот предлог


Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, потврди дека поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, е предложена за амбасадор во ЕУ, изрекувајќи за неа пофалби дека може да даде сериозен придонес. Како што објави Тетова.сот, Ахмети ги коментирал предлозите на Владата за нови амбасадори посочувајќи дека  Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ […]

Бугарски и македонски интелектуалци усвоија повелба за зближување на двете општества


  Заедничка повелба за кохезија и добрососедство денеска усвоија македонски и бугарски интелектуалци, новинари и претприемачи. Тие преку дигитална телеконференција меѓу Софија и Скопје најавија формирање на Клуб за бугарско-македонско пријателство. Целта е да се создаде активно граѓанско општество кое ќе ги зближи двете земји врз основа на европските вредности.„Клубот ќе организира настани (најмалку два […]

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети


Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет. Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу […]

Тропски рај: Остров на кој автомобили може да имаат само оние кои ќе ги делат со другите


Островот Ла Диг на Сејшелите е познат како „земја на плажите“ кои одземаат здив. Тоа е тропски рај за сите љубители на егзотични дестинации. Со величествена клима и прекрасен поглед, островот е еден од омилените како туристичка дестинација за луѓето ширум светот. Ла Диг се одликува со специфичен народ кој и понатаму ја негува традицијата […]

Ковачевски: Изградбата на гасниот терминал во Александрополис е историски настан за регионот во областа на енергетиката


 Изградбата на гасниот терминал во Александрополис е историски настан за регионот и проект за долгорочна енергетска независност и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената церемонија по повод почетокот на изградба на овој терминал. На денешниот настан во Александрополис, Ковачевски рече дека гасниот терминал е од […]

Светски ден на слобода на медиумите: Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода во работењето на новинарите


Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е важен потсетник за медиумската одговорност за транспарентни и одговорни институции и за почитување на слободите на медиумите со цел да се креира амбиент во кој тие ќе ја вршат својата работа согласно професионалните принципи на новинарството, ослободени од политички и економски притисоци, изјави претседателот Стево Пендаровски, на […]

Украинските војски ги потиснаа Русите кај Харков


  Украина ја потисна војската на Владимир Путин од вториот по големина град, Харков, во успешен контранапад, а мртви тела на руски војници беа пронајдени наредени во грозна Z шема – симболот на нејзината инвазија – во повторно заземено село. Украинските војници во понеделникот успеаја да го вратат градот Стари Салтив оддалечен околу 50 милји, […]