Доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за 2022


Државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година, што се доделува за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката, денеска ќе му биде доделена на проф. д-р Мишо Докмановиќ. Како што соопшти собраниската прес-служба, Докмановиќ е добитник на наградата за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност […]

Европската комисија предложи нови санкции за руската нафта


Европската комисија предложи нови санкции за извозот на руска нафта поради инвазијата врз Украина, потврдија за ДПА претставници од извршната власт на ЕУ. Шестиот пакет санкции им забранува на компаниите од Европската унија да купуваат нафта од Русија и има за цел постепено целосно укинување на увозот руска нафта во Унијата. Предлогот доаѓа после неколкунеделни […]

Фајзер очекува годишен приход од 54 милијарди долари од вакцината и таблетите против Ковид-19


Американскиот фармацевтски гигант Фајзер ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, првпат откако се пуштени во продажба. Компанијата соопшти дека очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Паксловид оваа година. Досега истакнаа дека оваа проценка се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава. Приходите од […]

Украина тврди дека Русија одзела 400.000 тони жито


Украина соопшти дека руските власти украле 400.000 тони жито од окупираната украинска територија, соопшти синоќа во Киев заменикот-министер за земјоделство Тарас Висоцки. Во изјава за украинска телевизија, како што пренесува ДПА, Висоцки рече дека одземеното жито претставува околу една третина од залихите на жито во регионите Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск. – Пред војната, таму се […]

За прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција 22 проекта во вредност од 7,6 милиони евра


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Офицерскиот дом во Битола ќе ги потпише договорите за кофинансирање со корисниците на грантови на одобрените проекти од вториот јавен повик преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Грција. Во рамки на вториот повик од Програмата одобрени се 22 проекти во вкупна вредност од 7,6 […]

Одбележување на Денот на канадскиот филм


По повод Денот на канадскиот филм, Амбасадата на Канада и Кинотека организираат премиерна проекција на канадскиот филм „Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс со Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк, Гери Фарм. По две години „онлајн“ презентации, деветтото издание на Денот на канадскиот филм организирано од REEL CANADA ќе […]

Изложба на фотографии: “2 Соби, Пандемија и Јас“


Во „Рудиќ Галерија“ вечер ќе биде отворена изложбата на младата фотографка Христина Трајкоска насловена „2 Соби, Пандемија и Јас“, на која ќе бидат прикажани 23 различни концепти и емоции со кои се соочи за време на Ковид пандемијата.   Нејзините автопортрети, во кои ги прикажува емоциите со кои сите ние се справивме, се фотографирани во […]

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе дискутираат за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и […]

Посебен режим на сообраќај на улицата „50 дивизија“


Поради снимање видео спот денеска, од 7:00 до 13:00 часот, Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата „50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде […]

Сончево и потопло, попладне услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени […]

Сали: Од астма заболени од 80.000 до 100.000, бројката во постојан пораст


Светски ден на астма согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава се одбележува на 3 Мај и станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил. Министерот Сали наведува дека бројот на заболени […]

Макрон, во двочасовен телефонски разговор, го повика Путин да дозволи евакуација од Азовстал


Францускиот претседател Емануел Макрон во двочасовен телефонски разговор го повика рускиот претседател Владимир Путин „да дозволи продолжување на евакуацијата“ од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.   Евакуацијата од тој објект во пристанишниот град во источна Украина мора да се случи „во координација со хуманитарните актери и дозволувајќи им на евакуираните да изберат дестинација, во […]

Мицкоски: Ќе предложам активна блокада на Собранието


Суштината е како да излеземе од сегашната состојба и да ни биде на сите подобро и ценам дека како политичари треба да се фокусираме на тоа, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Затоа, посочи, не разбирам што се смени во овие 100 дена откако прво премиерот Димитар Ковачевски се фалеше дека закажал некаква средба […]

Александрополис како нова порта за енергетска безбедност и автономија за Грција и Југоисточна Европа


Почетокот за реализација на Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU) на течен природен гас (LNG) во Александрополис од страна на Gastrade SA беше означен на специјална церемонија што се одржа на царината на пристаништето Александрополи на 3 мај 2022. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и премиерот на Бугарија, Кирил Петков, заедно потпишаа специјална симболична […]

Отворен 34. Саем на книгата, фокусот на детската литература


Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје попладнево беше отворено 34. издание на Саемот на книгата, кој е под покровителство на Министерството за култура. Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија се претстуваат на годинашното издание на Саемот што ќе трае до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на […]

Линии 100 и 200 до Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“


ЈСП Скопје информира дека од утре, среда (4.05.2022 год) до понеделник (9.05.2022 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. -И двете линии се воведуваат за полесен пристап […]

Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата


Словенија – Цените на нафтените деривати во Словенија достигнаа рекордно ниво, и литар бензин на домашните бензински пумпи „Петрол“ чини 1,617 евра, а дизелот 1,817, додека на бензинските пумпи на автопатиштата цената е повисока. Идниот премиер Роберт Голоб, како што пренесе Бета, денеска ги обвини дистрибутерите на нафтени деривати за картелско договарање за зголемување на малопродажните цени, што го овозможи […]

Николај Сабев: Летовите меѓу Скопје и Софија не запираат


Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до главниот град на Северна Македонија ќе остане и по 15 мај. Со тоа, како што информира дописникот на МИА од Софија, Сабев, ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови […]

Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата и донесе одлука за прифатливост на предлогот. Покрај тоа, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 […]

Македонски телеком: Зголемени приходите од продажба, намалена добивката во првиот квартал годинава


  Македонски телеком во првите три месеци на 2022 година оствари приходи од продажбата за 3,5 отсто повеќе во споредба со претходната година и изнесуваат 2,8 милиони денари, соопшти компанијата. Како што покажуваат резултатите од работењето во приот квартал годинава, оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 3,4 отсто во споредба […]