Вкупно четворица починати од ковид, 149 нови случаи


  Во последните 24 часа се регистрирани 149 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.669 тестови, што е 5,5 отсто од примероците. Почина едно лице и има 223 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. на починати е 9.244, а на активни случаи изнесува 1.351 Од новозаболените 149 случаи од Скопје се 77, Битола – 16, […]

Украинска мајка: „Видов како беше убиена мојата ќерка, потоа бев држена како заробеник во подрум“


  Викторија Коваленко јасно се сеќава на моментот. „Имаше експлозија или некакви истрели. Тоа ме оглуви. Задното ветробранско стакло се скрши. Мојот сопруг извика: ‘Излези од колата’“. Ужасот на тој ден е речиси незамислив. Девет дена од војната во Украина, додека борбите беснееја, Викторија и нејзиниот сопруг Петро конечно решија да побегнат од Чернихив, на […]

Борис Џонсон во ненајавена посета на Киев


  Британскиот премиер Борис Џонсон денеска допатува во ненајавена и речиси тајна посета на Киев, каде што разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на британската влада изјави: „Премиерот отпатува во Украина за лично да се сретне со претседателот Зеленски, во знак на солидарност со украинскиот народ. Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Обединетото […]

Партијата на Трифонов се заканува дека ќе ја напушти владата поради Македонија


  Се комплицираат работите во владејачката коалиција во Бугарија. Една од причините е можното кревање на блокадата за Македонија. Пратеничката Ива Митева од Има таков народ (која е и поранешна претседателка на собранието) објави дека политиката на владата во однос на бугарското вето за членство на Македонија во ЕУ, како и притисокот што врз нивниот […]

Кирил Петков: Русија ја искористи корупцијата во Бугарија за да изврши влијание


  Националната корупција се користи како алатка од страна на странски земји како Русија за да се влијае на внатрешната стабилност и политика и да се создаваат зависности, поради што борбата против корупцијата е толку важна, рече бугарскиот премиер Кирил Петков во обраќањето на економскиот форум во Делфи, Грција, што го пренесе владината прес-служба. Петков […]

Изградбата на железницата е и изградба на историјата, рече директорот Локвенец


  НЕГОТИНО – Изградбата на железнички пруги значи изградба на историја, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“, Хари Локвенец на прес-конференција по повод одбележувањето на 149 години од постоењето на македонски железници, одржана на мостот пред железничката станица во Неготино. Локвенец потсети дека на 9 април, далечната 1873 година, […]

ЕУ ќе разговара за воените злосторства во Украина со обвинителот на МКС


 ЕУ ќе разговара за нејзината поддршка за истрагите за воени злосторства во Украина на состаноците во следните два дена со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Европската комисија. Карим Кан, од судот со седиште во Хаг, в недела во Луксембург ќе се сретне со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, а […]

Хрватскиот ракометар, сепак, починал од тепање


  Низата шпекулации околу смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот денеска се прекинати по обдукцијата на неговото тело која покажа дека тој починал од насилна смрт – побреда на главата. Телевизија Телма од извори во Судска медиина дознава дека обдукцијата покажала дека Тот, кој играше за скопскиот ракометен клуб „Бутел“ починал како последица од  удар во […]

Мицкоски би го тргнал „20 отсто“ од Уставот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да се противи на барањата да се тргне принципот на 20 отсто застапеност за проширување на јазичните права на малцинствата.   „Навистина жалам што се уште има политички лидери во 21-от век кои зборуваат низ призмата на проценти и квоти. Јас одбивам да зборам за проценти и квоти, а сакам […]

Ковачевски на средба со Мицотакис


За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис.   На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на […]

Бесими најави ребаланс на буџетот


 Војната во Украина и последиците што ги носи на глобално, регионално, но и на локално ниво на секоја држава, беа во фокусот на овогодишниот, седми по ред Економски форум Делфи во Грција, што традиционално се одржува во градот Делфи, а на кој учествува и владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Од економските, геополитичките, но […]

Кампања за поголема сообраќајна култура: И јас и ти – сите сме пешаци!


 Подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот е целта на акцијата во склоп на новата кампања на Министерството за внатрешни работи (МВР), Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Факултетот за безбедност од Скопје „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста […]

Радев: Петков да не отстапува


Очекувам бугарската Владата строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев. – Ставот на Бугарија […]

СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром


СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром .   -Додека секојдневно Тимчо Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен. На  улицата „Васко Карангеловски“ вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва.   […]

Наредната недела српската влада треба да ја укине забраната за извоз на масло за јадење


Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се […]

Јагнето се бара се повеќе, понудата се помала


Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија. Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“. – Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за […]

Следна можна цел на руските напади се Киев и Одеса


Не можеме да ја исклучиме можноста дека Киев ќе биде следната етапа во нападите на руските војници, изјави денеска советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Вадим Денисенко. Тој додаде и дека не можат да се исклучат напади врз Одеса. – Ако зборуваме за главниот град и за групирање на руски војници во Белорусија, […]

Киев: Украина во јуни ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ


Украинската вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Стефанишина истакна дека нејзината земја е подготвена брзо да продолжи со својата кандидатура за членство во ЕУ. Нејзините изјави доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети […]

Ковачевски: Нормално е по 18 години чекање да има разочарување од ЕУ


Северна Македонија сака да се приклучи кон ЕУ, а со тоа приклучување секој нејзин граѓанин ќе стане и граѓанин на Унијата, па затоа со новата Влада на Бугарија воспоставивме соработка во области коишто гледаат кон иднината и коишто можат да бидат од корист за граѓаните на двете земји, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќање […]

Со фотонапонската електрана Осломеј ќе се уреди еколошки и околината


АД Електрани соопштија дека фотонапонската електрана Осломеј во Кичево има енергетска вредност, но и еколошка. -Согласно законските одредби, концесионерот на рудно наоѓалиште по исцрпувањето на рудата има обврска да го уреди и облагороди просторот и да го врати земјиштето во првобитната состојба. Фотонапонската електрана на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј во Кичево […]