Зеленски: ЕУ планира шести пакет санкции против Русија, тоа ќе биде болно


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија. – Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како […]

Облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 21 април 2022 година, 107-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 258 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Жестока дебата на Макрон и Лепен пред изборите во Франција


  ПАРИЗ – Францускиот претседател Емануел Макрон и екстремно десничарската противкандидатка Марин Лепен се судрија во жестоката дебата во средата за тоа кој ќе биде поадекватен да ја подобри куповната моќ на гласачите и да ја води земјата, во нивната единствена конфронтација пред изборите во недела. Телевизиската дебата беше тензична во текот на целиот период, […]

„Вагнер“ испрати 8.000 платеници во Украина, 3.000 од нив се убиени


  Речиси 8.000 платеници од озлогласената група „Вагнер“ беа распоредени од Русија во Украина за да ја помогнат инвазијата на Владимир Путин, но претрпеа големи загуби, им беше кажано на британските пратеници. Давајќи докази пред Комитетот за надворешни работи на Долниот дом, Кристо Грозев, извршен директор на истражувачката веб-страница „Белингкет“, рече дека се смета дека […]

Акциите на Нетфликс паднаа за 35 отсто откако загуби 200.000 претплатници


  Акциите на Нетфликс изгубија повеќе од 35% од нивната вредност во Њујорк во средата, откако стриминг гигантот објави дека изгубил повеќе од 200.000 претплатници во првите три месеци од годината и рече дека  очекува да изгуби уште 2 милиони во текот на следната четвртина. Остриот пад избриша 50 милијарди долари од вредноста на Нетфликс […]

И ММФ ни предвидува помал раст, годинава БДП ќе се зголеми 3,2 отсто, идната година 2,7 отсто


Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Светски економски преглед прогнозира дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто, што е надолна корекција во однос на јануарските прогнози за 0,8 процентни поени. За идната година ММФ предвидува уште помал раст на македонскиот БДП, само 2,7 отсто, наспроти 3,8 проценти во извештајот на Мисијата на ММФ […]

МОН бара децата да се вратат во училиште, а да се интензивираат преговорите за платите


Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести. Затоа, Министерстевото за образование и наука ја поздравува иницијативата од Советот на СОНК за интензивирање на преговорите за зголемувањето на платите на наставниците но не и одлуката да се продолжи со штрајк. Неодговорно е […]

МНР: Тенденциозни се шпекулациите дека НАТО ни ги сменил кодовите МК и МКД


Појавените информации за промена во начинот на кој Република Северна Македонија се именува или обележува во НАТО, преставуваат тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата, порачаа вечерва од Министерството за надворешни работи околу пишувањето на провмроските портали дека кодовите МК и МКД „одат во историјата“ бидејќи НАТО донел одлука […]

Последниот учесник на СП2022 ќе биде познат на 14 јуни


Фудбалерите на Нов Зеланд и Костарика ќе се борат на 14 јуни во Доха за последното место на завршниот турнир од Светското првенство 2022, чиј домаќин ќе биде Катар, соопшти денеска Новозеландската фудбалска федерација. Победникот од дуелот ќе го заземе местото во групата Е во која се репрезентациите на Шпанија, Германија и Јапонија. Нов Зеланд последен пат учествуваше на […]

Над половина милион Грци ќе добијат повисока минимална плата за 50 евра, сега ќе изнесува 713 евра


Атина, 20 април 2022 (МИА) – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во телевизиска порака до граѓаните, вечерва соопшти дека минималната плата во Грција ќе се зголеми за 50 евра, односно од 663, од следниот месец, ќе изнесува 713 евра и се однесува на над половина милион граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека […]

Скопјанец се удавил во Вардар – телото било извлечено во Гази Баба


Вчера околу 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека од реката Вардар, на подрачјето на Гази Баба, бил изваден удавен Р. К. (61) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било […]

СДСМ се оградува од советниците во Лозово, се заканува со нивно исклучување од партијата


СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината. Не станува збор за донесена одлука на Советот туку за заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на […]

Гутереш се разбуди, бара средби со Зеленски и Путин


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара да се сретне со претседателите на Русија и на Украина во нивните главни градови, изјави портпаролот на ОН. Гутереш тоа барање го упати во писма испратени до рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, изјави портпаролот Стефан Дужарик. ОН беа во голема мера маргинализирани во кризата […]

Ин мемориам: Си замина народниот лекар д-р Соколов


Си замина ненадејно еден од последните народни  добри доктори Иван Соколов. Го издаде срцето од што ги лечеше своите пациенти. Или, како што рече еден од неговите блиски пријатели, му отчука големото срце во кое имаше место за сите маки, болки и страдања на неговите пациенти и пријатели. На градските гробишта во Скопје денес го […]

Министерство за труд: СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите


СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите и ги става личните интереси пред интересите на децата​, тврдат од Министерството за труд и социјална политика, во врска со денешната прес конференција на СОНК -Одлуката за организирање на генерален штрајк од страна на СОНК е донесена заради усогласување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста […]

Владата го обвини СОНК дека има политичка агенда и уценува


Раководството на СОНК настапува со политичка агенда и уцени, на штета на образовниот процес, децата и родителите, порачаа од Владата откако и денес нема решение за штрајкот во образованието и градинките.   -Денешниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците […]

ЕК вели дека е „свесна“ оти Ванчо Михајлов е контроверзен лик за Македонија


Откако вчера не одговори на прашањето, Европската Комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел. За потсетување, МИА вчера побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на […]

Шарл Мишел: Ќе сториме сè што можеме за да обезбедиме Украина да победи во војната против Русија


Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, вети дека блокот ќе стори сè што може за да обезбеди Украина да победи во војната против Русија. – Не сте сами. Ние сме со вас. И ќе направи сè што е можно за да ве поддржиме и да се увериме дека Украина ќе ја добие војната, нагласи Мишел на […]

Османи разговарал со Ескобар за спорот со Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствариl телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Двајцата разговрале за темите поврзани со  билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, а со […]