Пентагон: Русија стана послаба по војната со Украина


 Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија така и руската држава, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби,  во пресрет на средбата на сојузниците и партнерите во НАТО во Германија што се одржува денеска. -Армијата (на Русија) стана послаба. Државата исто така стана послаба и сега уште повеќе се изолира, изјави Кирби […]

Лавров не сака посредници за хуманитарни прашања во Украина


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска во Москва предложи трилатералната група составена од ОН, Украина и Русија да се занимава со хуманитарни прашања во Украина, но рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека е прерано за посредници во разговорите. На денешната средба во Москва со Сергеј Лавров, Гутереш предложи формирање на група […]

Пролонгиран протестот на судии најавен за 28 април


Предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии на РСМ, се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто, информираат […]

Османи: Немаме решение со Бугарија


Се уште немаме решение за отворените прашања што би било прифатливо и за Бугарија и за Северна Македонија, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи потврди дека разговорите се во тек и повика историските прашања да се препуштат на билатералната Историска комисија. – […]

Ковачевски на онлајн состанок со Вучиќ и Рама


Следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи во првата половина од јуни во Охрид, информираше премиерот Димитар Ковачевски по неговиот денешен онлајн состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама. Претседателот на Владата, на неговиот Фејсбук профил, наведе дека попладнево со Вучиќ и Рама одржал многу значаен […]

Во Киев се отстранува споменикот на руско-украинското пријателство


Во Киев денеска се отстранува бронзениот споменик висок осум метри, кој прикажува два советски работници. Споменикот беше  подигнат во 80-тите години од минатиот век и го симболизираше пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека „потезите на Русија го уништиле таквиот однос“, додавајќи дека за „споменикот од советска ера повеќе […]

Путин го прогласи Мариупол за „ослободен“


 Мариупол е „ослободен“ и таму нема повеќе борби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и ги повика украинските борци Азов и маринци да се предадат и порача дека животот им е загарантиран. Огромната фабрика за челик Азовстал е последната локација контролирана од украинските сили во Мариупол. Киев […]

И Албанија ги укина сите ковид мерки, влез без тест и сертификат


Албанскиот национален комитет за справување со пандемијата на Ковид-19, денеска донесе одлука, со која, од први мај се укинува обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата. Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за […]

Петков: Имаме желба да најдеме заемно прифатливо решение со Скопје


Актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, беа меѓу темите на разговор на денешната средба на бугарскиот премиер Кирил Петков со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-центарот на бугарската Влада. Петков на средбата […]

КСС го прекина протестот поради притисоци врз администрацијата


Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот протест пред Собранието поради, како што велат, притисоци врз членството. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека денеска на вонреден состанок во Синдикатот ќе се одлучува за следните мерки, односно дали ќе се одржат најавените секојдневни едночасовни протести. Тој за Радио Слободна Европа пред прекинот на најавениот протест […]

Изет Зеќири нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“


Досегашниот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Азиз Положани денеска ја предаде должноста на неговиот наследник Изет Зеќири на церемонија на која, меѓу другите, присуствуваа и министерите за образование и наука и за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и Адмирим Алити. Министерот Шаќири потенцираше дека со отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје […]

Ќе му дозволи ли Маск на Трамп да се врати на Твитер


Твитер ја прифати понудата на Илон Маск вредна 44 милијарди долари, официјално соопшти компанијата. Но, откако Маск соопшти дека ќе ја намали цензурата на таа социјална мрежа, групите за заштита на човековите права изразија загриженост поради можноста дека ќе се зголеми говорот на омраза. Со синоќа постигнатиот договор се става крај на турбулентен циклус во […]

Пресврт во Берлин – Германија ќе ѝ испорача тенкови на Украина


  Германската влада во вторникот соопшти дека ќе ѝ испорача 50 противвоздушни тенкови на Украина откако се соочи со силен притисок дома и во странство да се откаже од својата неподготвеност да испорача тешко оружје за Киев. Одлуката да се обезбедат тенковите „Гепард“, кои доаѓаат од залихите на германската одбранбена индустрија, беше донесена на владиниот […]

Русија понуди нафта за рубљи во Азија, не продаде ниту еден барел


  Руската нафтена компанија „Роснефт“ не успеа да продаде нафта на голема аукција што требаше да биде тест за подготвеноста на купувачите во Азија однапред да го плаќаат црното злато во рубљи, објавија трговците. Москва призна дека има проблеми со извозот на нафта поради санкциите што и беа наметнати од почетокот на војната во Украина. […]

Посебен режим на сообраќај на 27 и 28 април во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Од тие причини СВР […]

Шаќири: Многу е важно утре да почне наставата и да се најде начин да се надомести пропуштената


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека очекува одлука од Самостојниот синдикат на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) утре да започне наставата во основното и средното образование и оти треба да се разгледа начин за потполно постигнување на планираната наставна програма. – Ќе разгледаме секаков вид на можност за менаџирање […]

Во Битола протест на родители на деца со попречености


  БИТОЛА – Родители и блиски роднини на деца со попречености  со блокада на дел од регионалниот пат Битола-Прилеп денеска во Битола излегоа на протест со нивните деца и бараат од Владата двојно да се зголеми посебниот  додаток, додатокот за туѓа нега, на децата да им се обезбедат  персонални асистенти или минимална плата за еден […]

Фискална децентрализација за општините, за да си ги наплатат побарувањата


Пред точно педесет години, на денешен ден формирана е Заедницата на единиците на локална самоуправа, со обединување на 34 општини. Сега ЗЕЛС обединува 80 општини и плус уште една посебна единица на локалната самоуправа, а тоа е Град Скопје. – По пет децении, успешно функционирање, ЗЕЛС продолжува да ја остварува својата примарна функција, а тоа […]

Гутереш се сретна со Лавров во потрага по мир


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска во Москва се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Гутереш, кој е во својата прва посета на руската престолнина откако руските трупи ја нападнаа Украина, рече дека бара начини да се најде „мирно решение“ што е можно поскоро. „Исклучително сме заинтересирани да најдеме начин […]

Светот лани потрошил рекордни 2,11 трилиони долари за вооружување


Во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) се наведува дека во 2021 година глобалните трошоци за оружје достигнаа рекордни 2,11 трилиони долари. Земјите ширум светот ги зголемија трошоците за вооружување за 0,7 проценти. Трошоците се зголемуваат седум години по ред, а аналитичарите на СИПРИ предвидуваат дека оваа година повторно ќе биде рекордна. […]