Поради одрон сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Малковец се одвива по една лента


Поради одрон на карпа кај кичевското село Малковец, од попладнево од 18 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид на ова место се одвива само по една коловозна лента. Како што соопшти АМСМ на терен е излезена екипа на единицата за Безбедност на патниот сообраќај – Кичево. На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по […]

Леди Гага ќе настапи на „Греми“ в недела


САД– Леди Гага ќе настапи на годинешните Греми награди, кои се одржуваат во недела вечер во Лас Вегас, објавија утринава Академијата за снимање и CBS. 12-кратната добитничка на Греми оваа година е во трка за уште пет награди, вклучително и две од најдобрите категории, снимка на годината и албум на годината, за нејзините дуети со […]

„Северен Пол“ со американска премиера во МоМА во Њујорк


„Северен Пол“ на Марија Апчевска-Петровска, во продукција на „Кинооко“, со проекција на 25 април во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк, ќе ја има својата американска премиера во рамките на 51. издание на престижниот фестивал New Directors/New Films, кој се одржува од 20 април до 1 мај. Повеќе од половина век фестивалот ги слави филмаџиите што […]

Турција нуди евакуација од Мариупол со чамци


Турција– Турција понуди да ги евакуира луѓето со бродови од украинскиот град Мариупол, кој е под блокада на руските сили, соопшти денеска министерот за одбрана Хулуси Акар. Тој изјави дека Турција може да помогне во евакуацијата на бродовите од Мариупол, пристанишен град на југот на Украина, особено кога станува збор за цивили, повредени, турски државјани […]

Првоаприлски снег во Западна Европа


Мора и на овие крави да им изгледало како несолена првоаприлска шега. Само што се пуштени од шталите на пасиштата, кога во западна Европа заврна снег, како овде, во близина на Лион во Франција. И Германија е зафатена од студен бран и врнежи од снег. Метеоролозите за денеска очекуваат да наврнат до десет сантиметри нов снег […]

30 години од донесување на првиот Буџет – едно од главните обележја на самостојна и независна држава


На денешен ден, пред 30 години е изгласан првиот Буџет од прогласување на независност на нашата земја, во вредност од 79,2 милијарди југословенски динари или денешни 1,2 милијарди евра.   Министерот за финансии, Фатмир Бесими на својот Фејсбук-профил пишува дека Буџетот претставува едно од главните обележја на самостојна и независна држава. – Оттогаш, секоја година […]

Нови 300 случаи на Кoвид-19, 197 оздравени и еден починат


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.493 тестови, како и 197 оздравени пациенти и едно починато лице, информира Министерството за здравство. Од новорегистрираните 300 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 180, Битола 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, […]

Американските иследници пронајдоа докази дека руските олигарси се обидуваат да ги избегнат санкциите 


САД-  Американските обвинители пронајдоа докази дека руските олигарси се обидуваат да ги избегнат санкциите воведени за да ја притиснат Москва да ја запре инвазијата на Украина, изјави во петокот шефот на новата работна група на Министерството за правда. Ендрју Адамс, ветеран обвинител, избран да ја води работната група „KleptoCapture“, формирана минатиот месец, во интервју за […]

Србија утре гласа на редовните претседателски, вонредните парламентарни и локални избори за Белград


Србија– Граѓаните на Србија утре на изборите ќе одлучат дали Александар Вучиќ вторпат ќе го добие претседателски мандат, со колкав број на претеници ќе влезе опозицијата во Собранието и дали ќе успее да победи во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Утре од седум до 20 часот, 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места […]

„Журнал ди диманш“: Зошто е важно прашањето за проширувањето на ЕУ кон Балканот


Франција – Францускиот неделник „Журнал ди диманш“ објави опширен авторски текст на Марк Небојша Вукадиновиќ, доктор на науки на Институтот за политички науки од Париз, професор на Сциенс По и програмски директор во ЕвропаНова, во кој објаснува зошто е важно да се постави прашањето за проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан, јави дописникот на МИА. […]

Мајли Сајрус позитивна на коронавирус


САД– Мајли Сајрус вели дека „се чувствува добро“ откако тестирала позитивна на Ковид-19 само неколку дена пред доделувањето на наградите Греми. „Патувајќи низ светот, играјќи за 100.000 луѓе навечер и среќавајќи стотици обожаватели на ден, шансите да заболите од Ковид се прилично големи“, твитна во петокот пејачката на „Angels Like You“ , додавајќи: „Имам Ковид […]

Папата размислува да го посети Киев


Ватикан– Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев. По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно. Претходно, папата Франциск во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна. Иако Русите најави повлекување […]

Косовските лекари ја осудија изјавата на вицепремиерот Бислими дека “и од Германија бегаат лекарите“


Косово– Лекарската комора на Косово ја осуди изјавата на вицепремиерот Бесник Бислими, кој вчера на собраниската Комисија за евроинтеграции го спореди иселувањето на косовските лекари во Германија со заминувањето на германските лекари од таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во реакцијата на Комората се оценува дека „да се рече дека косовските лекари се иселуваат […]

Потврдена пресудата на Максвел за помагање на Епштајн во трговијата со млади девојки


САД – Американска судијка ја потврди пресудата на Британката Гислајн Максвел за трговија со луѓе за сексуална експлоатација и го одби нејзиното барање за ново судење. Максвел побара ново судење откако се покажа дека еден член на поротата претходно не рекол дека и самиот бил жртва на сексуално насилство. Адвокатите на 60-годишната Британка тврдеа дека процесот […]

Почнува Рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

Без предупредување, многумина останаа без пристап до Фејсбук профилот


Илјадници корисници ширум светот се разбудија со информацијата дека нивните профили на Фејсбук се заклучени без јасно објаснување. Корисниците на популарната мрежа беа информирани дека нивната сметка на Фејсбук е оневозможена бидејќи не е во согласност со стандардите на заедницата и дека одлуката не може да се отповика. Еден корисник изјави за Би-Би-Си дека не […]

Дел Понте: Уапсете го Путин


Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. – Путин е воен злосторник, истакна дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Темпс“ (Le Temps). Издавањето налог за […]

Во Киев убиен украинскиот фоторепортер Левин


Украинското обвинителство денеска соопшти дека воениот фоторепортер Макс Левин е убиен во Киев. Левин од 13 март се водеше како исчезнат, а вчера е пронајдено неговото безживотно тело во селото Хута-Межихриска, во близина на Киев. Фоторепортерот во подрачјето на Киев бил со друг новинар, Алексеј Черњишов, а кого нема податоци каде се наоѓа. Левин беше […]

По ламата, во ЗОО Скопје се роди и лемур


Од Зоолошка градина Скопје денеска соопштија дека имаат принова, денеска се родило лемурче, а вчера лама. – Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето, напишаа од Зоолошка […]

Ветерот откорна покрив од зграда во Мичурин


Ветерот откорна кровна конструкција на зграда на улицата „Симеон Кавракиров“ во населба Мичурин, пишува Локално. На терен покрај полицијата е  и пожарната служба. Повеќе информации наскоро.