Папата размислува да го посети Киев


Ватикан– Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев.

По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно.

Претходно, папата Франциск во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна.

Иако Русите најави повлекување од Киев, патувањето на папата Франциск нема да биде без ризик.

Папата денеска отпатува за Малта. Во фокусот на неговата посета на католичката земја, меѓу другото, ќе биде и состојбата со мигрантите и бегалците. Во текот на двата дена од посетата, 85-годишникот сака да посети некои од нив сместени во добротворни установи.