Пронајдено мртво тело на украински олигарх во англиска палата


Англија–  Телото за кое се верува дека е на олигархот со украинско потекло Михаил Ватфорд е пронајдено на имот во Сари, Англија, објави Тајмс. Во соопштението испратено до Инсајдер, полицијата во Сари вели дека истрагата за околностите на смртта е во тек, но дека се уште не ја третираат како сомнителна. Полицијата не можеше да […]

Без вода вечерва дел од населба Тафталиџе


Поради уличен дефект ф100 милиметри на улица „Софиска“ број  27б во населбата Тафталиџе, вечерва прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Бриселска”, „Копенхагенска”, „Стокхолмска”, „Петар Драганов” и „Његошева”, информираат од ЈП „Водовод и Канализација”. Прекинато водоснабдување во наведените улици ќе почне  од 19:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

И Молдавија аплицира за влез во ЕУ


Молдавија– Молдавските власти ќе испратат барање за членство во Европската унија, изјави претседателката Маја Санду на брифинг.   – Ќе ја потпишеме денеска апликацијата за пристапување на Молдавија во Европската унија. Таа ќе биде испратена до францускиот претседател Емануел Макрон, истакна Санду.   Претседателката на Молдавија потоа го потпиша документот заедно со претседателот на Парламентот […]

Скопјанка го нападнала и го избодела партнерот


СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.П.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, велат од МВР. -Пријавената физички го нападнала нејзиниот партнер А.А.(36) и со нож му нанела повреди, стои во нивното соопштение.  

Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија


Канада – Канадските власти одлучија да ги тргнат Русија и Белорусија од нивниот трговски статус на најповолни нации и да воведат царини од 35 отсто за извозот од тие земји, изјави канадската вицепремиерка Кристија Фриланд изјави за новинарите. „Канада ќе биде првата земја што ќе ги лиши Русија и Белорусија од нивниот статус на најомилени нации […]

Во Велес сообраќајка меѓу камион и автомобил, тројца полесно повредени


 На улица во населбата Шорка, на излезот од Велес попладнево во 14:54 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и камион. Три лица се полесно повредени. – Во сообраќајната несреќа имало тројца полесно повредени кои се возеле во автомобилот. Сите тројца повредени од возилото се жители на велешкото село Мелница на возраст од 29, 34 […]

Бочварски очекува „Бехтел – ЕНКА“ да започне со работа годинава


Изградбата и комплетирањето на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се наоѓаат во плановите на оваа Влада и на тоа се работи посветено, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговорајќи на новинарско прашање по неговата посета на Гостивар. Тој очекува годинава американско-турска компанија „Bechtel – ЕNKA“ да започне со работа на делниците на […]

Почна втората рунда преговори меѓу Украина и Русија


Прекин на огнот, примирје и воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, се трите главни прашања на агендата на втората рунда украинско-руски преговори, што започна денеска на полско-белоруската граница. „Започнаа разговорите со руските претставници“ објави денеска на Твитер советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговоите со Русија Микаило Подољак, изнесувајќи […]

Дипломатска екипа на МНР ќе патува за Украина


 Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, во чиј состав ќе бидат актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе асистираат во евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР. – Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, […]

Висок руски генерал убиен во борбите во Украина


  Висок руски генерал беше убиен за време на жестоките борби во Украина, што беше голем удар за руската инвазија. Генерал-мајор Андреј Суховецки, кој беше заменик-командант на 41. комбинирана армија на рускиот централен воен округ, беше убиен вчера додека украинските одбранбени сили ја одбија руската офанзива. Руското Министерство за одбрана сè уште официјално не ја […]

Милијарди стигаат во Украина за хуманитарна и воена помош


Претседателот на САД, Џо Бајден, побара од Конгресот да одобри 10 милијарди долари помош за Украина. Парите ќе бидат потрошени за борба против хуманитарната криза во земјата и за  одбраната на Украина во услови на тековна војна со Русија, пишува „Вашингтон пост“. И ЕУ  исто така најави дека ќе обезбеди  дополнителни 1,2 милијарди евра за Украина, […]

Русија остана без трки во Формула 1


Формула 1 веќе нема да организира трки на руска територија, откако раководството на натпреварувањето денеска официјално објави дека е раскинат договорот со организаторот на Големата награда (ГН) на Русија. Одржувањето на годинaшното издание на трката, планирано за септември во Сочи, веќе беше откажано минатата недела, по почетокот на руската инвазија на Украина. – Формула 1 […]

„Гласен Текстилец“: Покренато обвиние за предизвикување на намерен стечај на штипска конфекција


Штипското јавно обвинителство покренува обвинение против управител на една штипска текстилна конфекција за намерно лажно предизвикување на стечај. Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева на денешната прес-конференција истакна дека известувањето на Основното јавно обвинителство(ОЈО)-Штип го добиле денеска. Ова известување доаѓа по вчерашната кривична пресуда во корист на работничка од Делчево, за којшто МИА веќе информираше. […]

„Се лажете самите себеси“, му рекол Макрон на Путин


  Почнаа да се појавуваат детали од 90-минутниот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот Владимир Путин. Ројтерс цитираше француски функционер дека Макрон му рекол на Путин дека „прави голема грешка“ во Украина, дека се залажува себеси за владата во Киев и дека војната долгорочно ќе ја чини Русија скапо“, рече францускиот функционер. „Немаше […]

Ова се глобалните компании кои се повлекоа од рускиот пазар


  Поради влошената безбедносна и хуманитарна криза во Украина и строгите санкции наметнати на Русија, многу големи компании ги прекинаа своите руски активности. Меѓу нив се американскиот технолошки гигант „Епл“, производителите на автомобили ГМ и „Форд“, бродскиот гигант „Маерск“и други. Санкциите од САД, Велика Британија, Канада и Европската унија се одразија на руската економија бидејќи […]

Големата руска колона на камиони и тенкови почна да заглавува во кал


  Трент Теленко, поранешен вработен во Агенцијата за управување со договори за одбрана на САД, на својот профил на Твитер ги истакна проблемите што настанаа кога руските борбени возила се соочија со пукнатина – пролетно затоплување што ја претвора украинската почва во кал во средината на март. Овие логистички проблеми Теленко ги објаснил со фотографија […]

Во Грција засега нема масовен бран бегалци од Украина


Во Грција во овој момент не постои масовно пристигнување на бегалци од Украина, меѓутоа земјата „од хуманитарни причини ќе придонесе во управувањето со бегалскиот проблем што произлегува од инвазијата на Русија во Украина“, објасни портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому рече дека […]

Како Русија ги корумпираше врвните политичари во Австрија


  Критиките за поранешните австриски политичари поради нивните врски со Русија се зголемија по инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина. Веб-страницата на австриската јавна радио и телевизија објави обемен материјал за односите на некои австриски политичари со рускиот претседател Владимир Путин. Особено критичен е односот кон поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на […]

Путин го предупреди Макрон: Целта на Кремљ по секоја цена ќе биде исполнета


Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон. Според Кремљ, Путин му рекол на францускиот претседател дека целите на воената операција во секој случај ќе бидат исполнети.Путин не се согласи со зборовите на претседателот на Франција, кој истакна дека Русија со „лаги“ во Украина се бори против нацизмот. Според Кремљ, Путин дал објаснувања за […]

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот


Првичната проценка е дека не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа какво влијание ќе има ситуацијата во Украина, со оглед на тоа дека Грција ја посетуваат голем […]