НАСА ќе го истражува сексот во Вселената


 НАСА соопшти дека се размислува за истражување на нешто што „ги загрижувало астронаутите“ и научниците со десетлетија – секс во Вселената. Вселенската агенција на тој начин ќе го основа „Клубот 62 милји“ со цел да се истражи дали и како луѓето можат безбедно да се размножуваат во Вселената, објави „Дејли стар“. Научниците велат дека ова […]

Москва тврди дека Украина подготвувала воена интервенција во Донбас


Руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас. „Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна […]

Ученици од Конче немаат превоз до училиштето во Радовиш


  Веќе трет ден од работната недела 66 ученици кои живеат во Конче немаат превоз до нивното училиште кое се наоѓа во Радовиш, СОУ „Коста Сусинов“, информира Сојузот на средношколци. Според нив, проблемот се провлекува подолго време, поради пропусти на претходните локални самоуправи во Општините Радовиш и Конче. Имено, превозниците на ученици по линијата Конче-Радовиш-Конче […]

Вашингтон го отфрли планот на Полска да ги даде авионите „МиГ“ на Украина


  САД го отфрлија планот на полската влада за распоредување на целата полска флота од користени борбени авиони „МиГ-29“ во американската воздушна база во Германија, што би им дало на САД опција потоа да го префрлат авионот од советската ера на војската на Украина. Секретарот за печат на Пентагон, Џон Кирби, во вторникот вечерта издаде […]

МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил


Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН. „Главниот директор …. рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти […]

САД испраќаат дополнителни системи „Патриот“ во Полска како засилување


САД испраќаат две ракетни батерии „Патриот“ во Полска како „одбранбено распоредување“ што ќе се спротивстави на каква било потенцијална закана за сојузниците на НАТО за време на руската инвазија на Украина, изјави портпаролот на Европската команда (ЕУКОМ). „По инструкции на министерот за одбрана и на покана на нашите полски сојузници, генерал Волтерс, командант на европската […]

Потпретседателката на САД, Камала Харис, ќе патува за Полска и Романија


Потпретседателката на САД, Камала Харис, утре ќе отпатува за Полска и Романија, во знак на поддршка на двете држави од аспект на ситуацијата во Украина и на активностите што се спроведуваат за прифат на бегалци од соседната држава. Од федералната администрација на САД посочуваат дека средбите на Харис со полските и романските власти ќе бидат […]

Донесена првата пресуда за минатогодишниот упад во зградата на Конгресот во Вашингтон


Гај Рефит од Тексас е првиот осуден од осомничените за масовните немири во Вашингтон од 6 јануари минатата година што резултираа со упад на приврзаници на Доналд Трамп во административната зграда на Капитол хил. Рефит е прогласен виновен по сите пет точки од обвинението, што меѓу другото го товари за внесување огнено оружје во Капитол […]

Собранието ќе одржи три седници


Собранието денеска ќе ги одржи 45., 50. и 51. седница. На дневен ред на 45. седница се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за трговските друштва, за игрите на среќа и за забавните игри, за животната средина и за служба во Армијата на Република Сeверна Македонија, сите во прво читање. Пратениците во рамки на 50.седница […]

Серија експлозии во Киев и околината


Рано утринава повторно се слушнале експлозии во Киев и околината, јави Би-Би-Си. Британскиот јавен сервис, повикувајќи се на извештаи од новинари од теренот, наведува дека одекнале серија експлозии. Сирените за воздушен напад се огласиле по шест часот по локално време.

Велика Британија вели дека украинската воздушна одбрана има значителен успех против руските авиони


Велика Британија денеска објави дека украинската воздушна одбрана има успех против руските авиони, што веројатно ја спречува Русија да го контролира воздушниот простор. „Изгледа дека украинската противвоздушна одбрана има значителен успех против современите борбени авиони на Русија, веројатно спречувајќи ги да постигнат каков било степен на контрола во воздухот“, се вели во ажурирањето на податоци […]

ОН: Ковид-19 пандемијата може да се пролонгира поради нееднаквата дистрибуција на вакцините низ светот


Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна се уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од шест милиони смртни случаи, а безброј луѓе […]

Почеток на Програма за развој на стартап бизниси во Стопанската комора на Северна Македонија


Во насока на континуирано спроведување и реализирање на зацртаната агенда, покрај веќе отпочнатите шестмесечни обуки за Бизнис лидери и за Развој на мали и средни бизниси, денеска Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора на Северна Македонија започнува со реализација на првата четиримесечна Програма за развој на стартап бизниси, што […]

Балетска премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ


Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во девет слики. Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук. Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго. […]

Шест американски држави на мета на кинеска хакерска група


Најмалку шест американски држави биле мета на хакери од Кина кои за нападите ги користиле пропустите и слабостите на веб-програмите, соопшти компанијата за кибер безбедност „Мандиант“. Според извештајот на „Мандиант“, станува збор за опсежна кампања спроведена од кинеската хакерска група „APT41“. Од мај минатата година со февруари годинава групата успеала да компромитира најмалку шест државни […]

Променливо облачно и студено со засилен ветер


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. […]

Поенти: Офанзивата на Русија врз Украина продолжува 12 дена


Офанзивата на Русија врз Украина продолжува и денеска, но со значително побавно темпо, соопштија вооружените сили на Украина. НЕДОСТИГ НА МЕДИЦИНСКИ МАТЕРИЈАЛИ СЗО предупреди дека нападите врз украинските болници, амбулантите и другите здравствени установи „брзо“ се зголемиле во последните денови и дека виталните медицински материјали се при крај. Агенцијата на ОН соопшти дека работи на […]

Се укинуваат ковид – сертификатите за влез во трговските центри и за излез од државата


Укинување на мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 да трае 180 дена и укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците […]

Санкциите на САД не опфаќаат увозо на ураниум од Русија


Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми. Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина […]

Украина нуди милион долари за секој заробен руски авион


Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион. Според нив, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“. Корпорацијата „Укроборонпром“ понуди награда од 500.000 долари на социјалните мрежи за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер […]