САД: На Киев не му се потребни воени авиони, туку ракети за одбрана


САД оценија дека на Украина навистина не и се потребни воени авиони за да се спротивстави на руските напади, туку планираат да испратат повеќе одбранбени системи „земја-воздух“. – Авионите не се она што им е најпотребно на нашите украински партнери во моментов. Кога го анализираме уништувањето што Кремљ го прави во регионите на Украина, тоа […]

Најмногу снег во Крушево и на Попова Шапка, над 60 сантиметри


Утрово во 7 часот најмногу снег има во Крушево 65 сантиметри и на Попова Шапка 64 см, следат Маврови Анови со 53 см, Ѓуриште 32 и Пожаране 23 см. Најстудено со измерени -15 степени е на Попова Шапка и во Маврово, -13 во Берово, -11 Крушево, -9 Претор, Kрива Паланка, -8 Охрид, -7 во Битола, […]

СБ на ОН ќе расправа по тврдењата на Москва дека САД разработуваат биолошко оружје во Украина


Советот за безбедност на ОН ќе се состане денеска на барање на Русија, на расправа по однос тврдењата на Москва дека САД финансираат разработка на биолошко оружје во капацитети во Украина. „Руската мисија побара состанок на Советот за безбедност на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД во Украина“, објави […]

Колумбија ќе добие статус на стратешки партнер на САД


Американскиот претседател Џо Бајден на средбата во Белата куќа со колумбискиот претседател, Иван Дуке, му ги пренел намерите за прогласување на Колумбија за стратешки партнер и главен сојузник на САД надвор од НАТО. На средбата била изразена обострана согласност за поддршка на регионалниот договор за миграција што треба да биде потпишан на Американскиот самит закажан […]

„Фејсбук“ дозволува говор на омраза кога станува збор за осуда на руската инвазија врз Украина


Фејсбук привремено ја ублажи својата политика кога станува збор за статуси што се однесуваат на руската инвазија врз Украина, но само кога станува збор за случаи на воопштен говор на насилство, за изрази како „смрт за руските напаѓачи“, не и за искажување закани против цивили. Таквата одлука на технолошкиот гигант веднаш предизвика поделени и спротивставени […]

Загрепчани ги вознемири силна експлозија, најверојатно се урна дрон


Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Според Индекс.хр, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се два падобрана […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози, непрооден патот меѓу селата Ранковце и Герман поради снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што известуваат од АМСМ, од 07:00 часот на ден 10.03.2022 година Регионалниот пат R-2248 село Ранковце […]

Самит на ЕУ во Версај: „Украина е дел од нашето европско семејство“


„Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство“, објавија лидерите во писмената декларација на маргините на европскиот самит во Версај, без сепак да ја отворат вратата за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА. […]

Русија најверојатно ќе го изгуби статусот на „најповластена нација“ поради Украина


САД заедно со Г-7 и Европската унија, ќе преземат денеска иницијатива за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ поради нејзината инвазија на Украина, изјавија за западни медиуми извори запознати со ситуацијата. Одземањето на статусот на Русија на фаворизирана нација го отвора патот на САД и нивните сојузници да воведат царини на широк опсег […]

Јапонија замрзнува средства на три белоруски банки


Јапонија ќе ги замрзне средствата на три белоруски банки, соопшти владата  синоќа, неколку дена откако земјите на ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Минск поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина. Трите банки што ќе бидат санкционирани со замрзнувањето на имотот на Јапонија се Белагропромбанк, Банката Дабрабит и Банката за развој на […]

Цивилни цели погодени утрово во украинскиот град Днипро


Цивилни цели се под руско гранатирање во централниот украински град Днипро утрово, при што има жртви, соопштија службите за итни случаи. Тоа е првиот директен напад врз градот. „Утрово, имаше три воздушни напади врз градот, погодени се градинка, станбена зграда и двокатна фабрика за чевли, при што избувна пожар. Едно лице загина“, се вели во […]

СЗО препорача Украина да ги уништи патогените во лабораториите


Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението. Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени […]

Лебот, маслото за јадење и брашното се продаваат по набавни цени, измените за ДДВ и за акцизи пред пратениците


Лебот, маслото за јадење и брашното од вчера се продаваат по набавни цени, а за дел од основните прехранбени продукти се намалени маржите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се сочува нивниот животен стандард во екот на најголемата економска криза кога на светските берзи секојдневно расте цената на горивата. […]

Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови од земјава повремено ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во […]

Комеморација за македонските Евреи жртви во холокаустот


Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас. Ние сме особено горди на нашите сограѓани Евреи затоа што тие сите нас нѐ потсетуваат на конечната победа на животот над уништувањето и на сеќавањето над заборавот. Затоа ние […]

Институтот за меѓународни финансии прогнозира пад од 15 проценти на руската економија


Руската економија ќе има пад од околу 15 отсто во 2022 година под влијание на острите санкции воведени поради нејзиниот напад врз Украина, се наведува во анализата на Институтот за меѓународни финансии (IIF). Институтот ја намали својата прогноза за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во […]

Дизелот поскапува, нови цени на нафтените деривати


Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 1,67 отсто, соопшти вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и ќе останат 93 и 95 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за три денари и ќе […]

ЕЦБ ги зголеми проценките за инфлацијата во еврозоната


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата. ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повеќе од овогодишната цел од два отсто и би требало да […]

Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил


Украинскиот министер за енергија Херман Халушенко рече дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил „што е можно поскоро“. .Изјавите на Халушенко се објавени на веб-страницата на украинското Министерство за енергетика. Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето […]

Собраниската седница за измените на законите за ДДВ и за акцизи утре во 15 часот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа 67. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Измените и дополнувањата денеска беа доставени од Владата до Собранието. Како што соопшти Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени […]