Се тепале малолетници во Градски парк


Во саботата,  во 23.50 часот З.М.(47) од с.Стајковци-скопско пријавил дека околу 22.10 часот во Градскиот парк неговиот малолетен син и неговите другари биле физички нападнати од група на малолетници. Еден од малолетниците со тврд предмет го удрил неговиот син. Се работи на расчистување на случајот.

Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании


 Воздушниот простор на Канада е затворен за сите руски авиокомпании, изјави денеска Омар Алгабра, министер за транспорт на Канада.  – Решението стапува во сила веднаш и канадскиот воздушен простор е затворен за сите руски воздухопловни оператори. Ќе ја повикаме Русија на одговорност за своите неиспровоцирани напади против Украина, изјави денеска Алгабра.  Канада се придружува на […]

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир


 Се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, соопшти АМСМ. Забраната е воведена поради интензивни врнежи од снег.

Украина бара исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН


Амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, најави денес дека Киев ќе побара официјално Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, каде што била запишана во 1992 година, по распадот на СССР. -Во 21 век, постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши геноцид врз соседна земја. Русија е во изолација. Постои цивилизираниот […]

Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира земјотрес во 14 часот и 1 минута со Рихтерова магнитуда 3,8 чиј епицентар се наоѓа на 125km јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин. Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје […]

Специјалниот пратеник на Путин не доаѓа во Белград


Откажана е посетата на секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев на Белград, соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, отфрлајќи ги наводите дека Патрушев бил во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Не беше тука и нема да дојде во Белград, изјави Вучиќ за новинарите на отворањето на Клиничкиот центар на Србија […]

„Што ни се случува?“ нова книга на Бранко Азески


„Што ни се случува?“ е најновата книга на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески која излезе од печат деновиве во кој се изнесени јавните настапи, интервјуа, колумни, говори и ставови на органите и на телата на Комората за клучните прашања од економскиот живот на државата. Од Стопанската комора појаснуваат дека насловот на […]

Ковачевски ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од денеска во наредните два дена ќе ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан којашто ќе се одржи во Лондон. Премиерот Ковачевски заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими за време […]

Путин нареди руските нуклеарни сили да се стават во борбена готовност


Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа „со агресивните изјави на НАТО“ и економските санкции против Москва.   „Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија во борбена готовност“, рече […]

Белорусија може да и се придружи на Русија во војната против Украина


Постои голема веројатност во следните неколку часови самопрогласената влада на Белорусија да одлучи белоруските вооружени сили да земат учество во војната со Украина на страната на Руската Федерација, изјави денеска Андриј Захородник, поранешниот украиснки министер за одбрана, во моментов шеф на Центарот за одбранбени стратегии, пренесува Укринформ. -Од сигурни извори кажуваме дека е многу веројатно […]

Бугарскиот генерален конзулат во Одеса им помага на Македонците да ја напуштат Украина


Збраната за сообраќај во југозападниот дел на Украина денеска е укината. Од Одеса кон Бугарија ќе тргнат два автобуси со вкупно 110 бугарски државјани. Обезбедена е полициска придружба. Покрај бугарските државјани, генералниот конзулат на Бугарија во Одеса помага и за депортирање на украински државјани од друга националност, меѓу кои и Македонци, Грци и Италијанци. Нова […]

Украинските сили ги контролираат Харков и Киев, руските загуби огромни


 Украинските сили денеска го одбија рускиот напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, каде изутрината избувнаа улични борби. Харков е целосно под наша контрола, објави неговиот гувернер Олег Синогубов. Тој додаде дека „градот се чисти од непријателите“.   И градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, попладнето објави дека во главниот град на Украина нема руски […]

Украина се согласи на преговори во Белорусиja


Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми.Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите. „Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се […]

Украина отвори веб-страница за загинатите руски војници


Украина  отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина. На страницата „200rf.com“ може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена. На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со […]

Кличко: Во Киев до моментов нема руски војници, цврсто се браниме


Киев и натаму жестоко се брани, а во моментов во главниот град на Украина нема руски војници, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во видео порака, пренесена од Укринформ. -Но, нашата војска, нашите законски сили за територијална одбрана продолжуваат да ги откриваат и неутрализираат диверзантите. Синоќа имаше судири и пукотници. Уништени се неколку големи групи […]

Путин ги стави во состојба на готовност руските сили за нуклеарно одвраќање


  Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на својата војска да ги стави силите за нуклеарно одвраќање на земјата во висока готовност како одговор на „агресивните изјави“ на земјите од НАТО. Наредбата, која ја објави новинската агенција Тасс, дојде на средбата меѓу Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на вооружените сили […]

Украина ја доби битката за Харков, тврди гувернерот на градот


  Украинските сили го одбија обидот на руските сили да го заземат Харков, изјави гувернерот на градот во неделата, по жестоките борби и улични битки со руските војници што напредуваат. Гувернерот на Харков Олех Синјехубов изјави дека украинските војници сега го „чистат“ источниот град. Тој рече дека руските војници се предаваат во групи од пет […]

Израел се понуди да посредува во мировни разговори меѓу Русија и Украина


  Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги понудил услугите на неговата земја како посредник за воспоставување мир во Украина во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во неделата, се вели во соопштението на Кремљ. Москва рече дека разговорот бил израелска иницијатива. Во соопштението се додава дека Путин му рекол на Бенет дека Русија има своја […]

Полска, Чешка и Шведска сакаат Русија да биде исклучена од плејофот за СП 2022


Полското Министерство за спорт сака да го откаже квалификацискиот натпревар со Русија за Светското фудбалско првенство 2022 година. Според „Przegląd Sportowy“, полскиот министер за спорт Камил Бортничук ќе се сретне со претседателот на ФИФА Џани Инфантино во Цирих во вторник или среда. Бортничук сака да го убеди Инфантино да го откаже баражот за пласман на […]

Трет ден се трага по 10-годишниот Петар од Мариово


  И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово, пренесе МИА. Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата. Пределот се пребаруваше до доцна […]