„Што ни се случува?“ нова книга на Бранко Азески


„Што ни се случува?“ е најновата книга на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески која излезе од печат деновиве во кој се изнесени јавните настапи, интервјуа, колумни, говори и ставови на органите и на телата на Комората за клучните прашања од економскиот живот на државата.

Од Стопанската комора појаснуваат дека насловот на книгата е извлечен од колумнат на Азески објавена на 27 март 2020 година во неделниот магазин „Фокус“, во која тој ги предвидел збиднувањата и последиците од пандемијата врз економскиот живот.

-Во таа колумна, анализирано од денешен аспект, се потврдува дека неизвесноста и натаму продолжува, дека државата не може до недоглед да финансира и дека ќе мора да се преземе нешто друго, но и дека во овој двегодишен период Комората беше на висина на задачата, особено со поддршката за отворање на закочените коридори за снабдување, но и со функционирањето на Кризниот штаб, со секојдневните конференции, со помошта околу вакцинирањето, со предлозите за донесување на владините економски пакет-мерки итн, се наведува во соопштението на Комората.

Велат дека книгата потврдува дека државата во овие две години му помогнала на бизнисот дека сега е време кога треба да си помогнеме сите заедно, а на крајот ќе дојде време кога бизнисот ќе ѝ помогне на државата.