Наставниците извисија околу вработувањата, за ВМРО-ДПМНЕ тие се партиски кадри


Денес во Собранието бевме сведоци на блокада на Закон кој предвидува раст на платите на наставниците, како и трансформација на работниот однос на 4.700 наставници од определено, на неопределно време, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е против трансформација на работниот однос на наставниците […]

Две жртви во силна бура во Холандија


Најмалку две лица загинаа во силна бура во Холандија, соопштија пожарникарите. Врз едно лице падна дрво попладнево во Амстердам, а во Диемен на истокот на Холандија загина жена откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил. Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Откорнати дрвја, уништени покриви и превртени камиони. Се […]

САД: Евакуациите во Источна Украина се „цинична употреба“ на луѓе од страна на Москва


Американските власти оценија дека евакуацијата на цивилите од страна на бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина е „циничен“ потег на Москва да се оттргне од она што Западот се плаши дека е неизбежна инвазија. „Објави како овие се дополнителни обиди да се прикрие преку лаги и дезинформации дека Русија е агресор во овој конфликт“, […]

МКЦ ги укинува гратис-влезниците


МКЦ од 1 март ги укинува гратис-влезниците. -Оваа пракса не е непозната за европските културните центри, па следејќи ги позитивните светски практики одлучивме да го укинеме овој негативно популарен тренд кај нас. Од 1 март 2022, за секоја „неодложна“ категорија на соработници, медиуми или спонзори и донатори, која ќе може со посебна уредба да добиe […]

Ишингер демантира дека профитирал од Минхенската конференција


Минхенската безбедносна конференција, голем собир на глобалните лидери за одбранбена политика, беше отворена денеска и покрај тврдењата дека нејзиниот директор во заминување, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, го искористил настанот за финансиска добивка. Ишингер ги отфрли таквите наводи, првично објавени од списанието „Шпигел“. „Шпигел“ вчера објави дека консултантската фирма на Ишингер, чиј коосновач е од 2015 […]

Рускиот напад би бил повеќе тајна операција отколку офанзива


Најверојатното сценарио за руски напад врз Украина не е целосна инвазија, туку „операција под лажно знаме“ или државен удар, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. – Инвазијата не е целосно невозможна, но не сум сигурна дека тоа е навистина најверојатното сценарио, истакна Баербок во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција. Таа ги наведе […]

Ковачевски и Петков задоволни од напредокот околу спорот


Премиерите на Македонија и на Бугарија,  Димитар Ковачевски и Кирил Петков  остварија средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Премиерите изразија задоволство од досегашниот напредок на билатералната соработка и најавија нејзино интезивирање. -На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, беше изразено задоволство од […]

Ковачевски – Мицотакис: Пријателството меѓу двете земји овозможи да развиеме стратешки енергетски проекти


Премиерот Димитар Ковачевски во делот на неговата агенда за билатерални средби на маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска се сретна со премиерот на Република Грција Киријакос Мицотакис. -На средбата беше изразено задоволството од двете страни од континуираното зајакнување на политичкиот дијалог во изминатите неколку години, проследено со посети и средби на високо ниво што допринесе […]

Загина српскиот амбасадор во Португалија


Амбасадорот на Србија во Португалија, Оливер Антиќ загина денеска во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон, соопшти локалната противпожарна служба. Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле […]

Одложена собраниската Комисија за образование, наука и спорт


По едночасовната пауза на Комисијата за образование, наука и спорт, попладнево повторно дојде до несогласување на опозициските пратеници и претседателката на Комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред, по што таа ја одложи седницата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека нема услови да се продолжи со оваа Комисија, поради тоа што нема присутен претставник на […]

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива


Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот  коалициски партнер во Владата. Јовановска треба да ја наследи […]

Нови 905 случаи со КОВИД-19 од 2.808 тестирани, починаа вкупно 18 лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи со КОВИД-19 од кои 161 се реинфекции, 10 починати и 1.565 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 905 случаи, од Скопје се 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, […]

Ковачевски се сретна со сенаторот Марфи во Минхен


 На маргините на Минхенската конференција за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имал разговор со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија.   -Сенаторот Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажа голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски […]

Матичните лекари го прекинуваат протестот


 Министерството за здравство и Здружението на приватни лекари се договориле во најскоро време, во рок од недела до две да бидат формирани работни групи и чекор по чекор да се започне со конкретно решавање на работите и утврдување на приоритетите. -За медицинските тимови од примарната здравствена заштита кои имаат помалку пациенти и евентуално дополнително да […]

Канадската полиција почна да апси камионџии


Канадската полиција почна да апси камионџии кои трета недела по ред го блокираат сообраќајот во Отава во знак на протест против владините мерки за коронавирус. Полицијата на Твитер објави дека дел од нив сами се предале и биле приведени пред зградата на Парламентот, а синоќа биле уапсени двајца водачи на протестите. Отава е последното упориште […]

Во Доњецк пуштени сирени за тревога


На социјални медиуми, жители на отцепениот украински регион Доњецк објавија видео снимки на кои се слушаат сирени за тревога. Претходно, лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин најави евакуација на жителите од сепаратистичкиот регион кои ќе бидат пренесени во југоисточниот дел на Русија, по засиленото гранатирање. Тој истакна дека Русија се согласила да обезбеди сместување […]

Протестот на матичните лекари заврши, работни групи ќе го решаваат проблемот


  Денешниот протест на матичните лекари заврши откако на средбата на нивните претставници со здравствените власти е договорено да се формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова е резултат од денешниот состанок помеѓу заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски, […]

Уште еден специјален пратеник за Западен Балкан


  Германската влада денеска го назначи политичарот Мануел Сарацин за специјален германски пратеник за Западен Балкан. Сарацин е првиот германски пратеник за Западен Балкан, бидејќи таа позиција не постоела во претходните германски влади. Тој е член на германската Зелена партија и беше пратеник во Бундестагот од 2008 до 2021 година. Активно учествуваше во работата на Комисијата […]

Исчезнати се 11, а спасени 278 лица во пожар на траект во близина на островот Крф


Исчезнати 11 патници, акција за евакуација на двајца кои се уште се наоѓаат во бродот, спасени 278 лица и полесно повредени десет патници е билансот од пожарот што избувна на траектот „Euroferry Olympia“ додека од Грција пловел кон Италија, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалното соопштение од грчката крајбрежна служба, по пребројувањето и […]

Путин: Се влошува ситуацијата во источна Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ситуацијата во источна Украина се влошува, во момент кога Западот го обвинува дека планира неизбежен напад врз таа држава. – Моментно се забележува влошување на ситуацијата во источна Украина, истакна Путин на прес-конференција со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва. Русија одржа масовни воени вежби во близина […]