Црна Гора воведе санкции за три руски компании


Црна Гора ги поддржа европските санкции против три руски компании, кои, според соопштението на Советот на ЕУ, се вклучени во зделки со нафта во Сирија и служат за помагање на операциите на групата Вагнер, за која се вели дека е руска платеничка армија, јави РТЦГ. Освен за три компании, Црна Гора воведе санкции и за […]

Џо Бајден опцу новинар


  Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на Фокс њуз, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори. Имено, на крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот  на Фокс од Белата куќа, Питер Дуси, праша дали инфлацијата е политичка одговорност? „Тоа е […]

Димитар Ковачевски: Меѓувладината седница е успех


  Меѓувладината седница е успех, бидејќи само по една недела од нашата прва средба со бугарскиот премиер Кирил Петков договоривме поконкретно да работиме на теми кои ќе ја подобрат економијата, инфраструктурата, иновациите, образованието, културата, на се она што значи подобра комуникација меѓу граѓаните, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на меѓувладината седница на двете […]

Кризниот штаб препорача кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена


Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 препорачува кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена. За конечна одлука треба да се произнесе Владата соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста. Во соопштението до медиумите се вели дека синоќа, 24 јануари 2022 година, Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора […]

Студентите до крајот на февруари може да се возат со ЈСП со незаверен билет


Студентите кои имаат годишен билет за бесплатно користење јавен превоз имаат право до крајот на февруари да се возат во автобусите и со непродолжен/незаверен билет за тековнава година, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. – ЈСП Скопје во случајов излезе во пресрет на барањето на Универзитетско студентско собрание при УКИМ, кое неодамна побара продолжување на рокот […]

(Видео) Обраќања на Ковачевски и Петков на меѓувладината седница помеѓу Северна Македонија и Бугарија


Проследете ги воведните обраќања на пленарната меѓувладина седница со која ќе копретседаваат претседателите на владите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Агендата предвидува тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија […]

Снегот го парализираше поширокиот регион на Атина, денеска неработен ден


Заглавени возачи со часови на улици и булевари, полесно повредени патници на воз, паднати дрва, прекини во снабдувањето со електрична енергија, остави зад себе невремето „Елпида“, снежната бура што од вчера наутро ја зафати областа Атика поширокиот дел на Атина, а денеска, со одлука на грчката Влада е неработен ден за јавниот и приватниот сектор, […]

Италијанските пратеници не избраа претседател на државата во првиот круг од гласањето


Италијанскиот Парламент не избра претседател во првиот круг, бидејќи ниту еден кандидат не доби доволен број гласови на тајното гласање, а за денеска е закажано ново гласање. Околу 1.000 членови на двата дома на парламентот, Претставничкиот дом и Сенатот, и претставниците на регионите и автономните покраини почнаа да гласаат вчера попладне за избор на наследник на Серџо Матарела, а на победникот […]

Колумбиските безбедносни сили го „неутрализираа“ лидерот на дисидентите на ФАРК


Колумбиските безбедносни сили убија еден од водечките челници на дисидентите на ФАРК во операција во провинцијата Каука на југозападот на земјата, соопшти синоќа претседателот Иван Дуке. Евклидес Еспана, попознат како Џониер, беше водач на дисидентската фракција на демобилизираните Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) предводени од Џентил Дуарте, која не го признава мировниот договор од […]

Економијата на Јужна Кореја со најголем раст во последните 11 години


Во 2021 година, економијата на Јужна Кореја расте со најбрзо темпо во последните 11 години. Ова се должи на стабилниот извоз и силната активност во услужниот сектор, соопшти Централната банка на земјата. Годишниот раст од 4 проценти доаѓа во време на пандемија која ги наруши глобалните синџири на снабдување. Сепак, Централната банка се обидува да […]

Утрово поларни температури, во Маврови Анови и Берово -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16


Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија […]

Најмалку 19 загинати во тепачка и пожар во бар во Индонезија


Најмалку 19 лица загинаа во пожар што избувна рано утринава во караоке бар во индонезиската провинција Западна Папуа, по тепачка меѓу ривалски банди, соопшти полицијата. Едно лице е смртно избодено со нож, а потоа барот бил запален со најмалку 18 лица кои останале заробени внатре, изјави полициски претставник. Полицијата соопшти дека тепачките меѓу младите се вообичаени, но […]

Бајден: Целосна едногласност со сојузниците околу Украина


САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, истакнаа синоќа од Белата куќа. -Имав многу, многу добар состанок. Целосно сме едногласни со европските лидери, рече претседателот на САД Џо Бајден. На неговиот Твитер налог беше укажано дека Бајден со европските […]

Заедничка владина седница на Северна Македонија и Бугарија во Софија


Владите на Северна Македонија и Бугарија предводени од премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска во резиденцијата „Бојана“ во Софија ќе одржат заедничка седница на која, меѓу другото, е предвидено и потпишување на неколку билатерални документи. Заедничката седница следува по минатонеделната официјална посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје кога беше договорено формирање на работни […]

Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери”


Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од […]

Ќе се укине ли „пржинската влада“, сите партии се начелно „за“, но…


Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието го достави најавуваниот предлог за укинување на 100 дена „пржинска влада“, пред одржување на парламентарни избори со цел, како што велат од партијата, во услови на сеопфатна криза да не се губи време, зашто таква техничка влада и онака нема моќ за значајни одлуки. Од партијата бараат веднаш потоа […]

Активни 20.020 случаи на Ковид-19, се очекува намалување на периодот на изолација


Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, од кои во моментов активни се 20.020. Во изминатото деноноќие беа регистрирани 718 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.044 тестирања. Регистрирани се 95 реинфекции. Најголем број активни случаи има во Скопје – 11.012, потоа Битола – 1.542 и Прилеп – 785. Најмалку […]

Сончево и студено, утринските температури под нула


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени. Во Скопје, слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 јануари 2022 година, 25-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 340 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минути, а ќе зајде во 16 часот и 38 минути. Денов трае 9 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да […]

Унгарскиот олимписки првак Чолану почина од коронавирусот


Освојувачот на златниот медал во дисциплината кругови на Олимписките игри 2000 во Сиднеј, унгарскиот гимнастичар Себастијан Чолану (52) почина денеска, откако пред еден месец беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од коронавирусот. Освен златото од Сиднеј, еден од најуспешните унгарски гимнастичари во својата кариера освои и олимписко сребро четири години претходно во Атланта, а беше и […]