Кризниот штаб препорача кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена


Фото: Б. Грданоски

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 препорачува кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена. За конечна одлука треба да се произнесе Владата соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Во соопштението до медиумите се вели дека синоќа, 24 јануари 2022 година, Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.