Пендаровски во Софија, Маричиќ и Османи во Париз – интензивна дипломатска активност


За не повеќе од еден месец претседателот Стево Пендаровски оди во официјална посета на Софија каде ќе се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев, со цел двајцата шефови на држави да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји. Шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, […]

СОНК бара второто полугодие да почне онлајн, болниците ги прошируваат капацитетите за КОВИД пациенти


Владата завчера по препорака на Комисијата за заразни болести одлучи наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, но Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера побараа преиспитување на оваа одлука. Во исто време, се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на […]

Сончево и малку потопло, со слаб ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 јануари 2022 година, 28-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 337 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 16 часот и 42 минути. Денов трае 9 часа и 51 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Стотици граѓани на протест во Подгорица


 Стотици граѓани се собраа на вечерашниот митинг во Подгорица, во знак на протест против иницијативата за гласање недоверба на актуелната Влада и можното формирање малцинска влада, јави агенцијата МИНА. Демонстрантите откако се собраа кај храмот „Христово Воскресение“, стигнаа до зградата на Собранието, а при протестната прошетка беше истакната паролата – „Гласовите се украдени за владата […]

Влезот во Шенген останува стратегиска цел за Бугарија


Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска во Брисел оствари серија работни средби, меѓу кои и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти прес центарот на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков присуствувал и на свеченоста […]

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност


Досега околу 40 наши државјани во Украина се пријавиле за евакуација доколку дојде до воена состојба во таа земја. Министертсвото за надворешни работи пред неколку недели формирало работна група и ги контактирало за да направи планови за евентуално нивно повлекување, соопшти министерот Бујар Османи. -Засега нема уште потреба за тоа, но ако се појави потреба, […]

Шведска ќе гради подземен склад за радиоактивен отпад


Шведската Влада денеска ја одобри изградбата на подземно складиште за радиоактивен отпад, за кое тврди дека ќе биде безбедно во следните 100.000 години. Складирањето на нуклеарниот отпад е глобален проблем од отворањето на првите нуклеарни централи во 1950-тите и 1960-тите. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека ширум светот привремено се складирани околу 370.000 […]

„Модерна“ почна тестирања врз луѓе за вакцина против ХИВ


Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе за вакцина против ХИВ со помош на РНК информатичката технологија, соопштија денеска американската биотехнолошка компанија „Модерна“ и меѓународната истражувачка организација за СИДА „Иницијатива за вакцина против СИДА“. Тестирањата во прва фаза ќе се спроведат во САД, врз 56 возрасни лица со добро здравје и кои се серонегативни. Иако […]

Бајден ќе ја номинира првата црна жена за член на Врховниот суд


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја номинира првата црна жена во историјата на САД за член на Врховниот суд, обраќајќи и се на нацијата поради пензионирањето на либералниот судија Стивен Брејер. „Не донесов никаква одлука освен дека личноста што ќе ја номинирам ќе биде личност со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет. И […]

Американската економија лани со раст од 5,7 отсто


Американската економија во 2021 година пораснала за 5,7 отсто, што е најсилен раст од 1984 година, а кон крајот на годината дошло до засилено забрзување на економските активности, покажаа првичните проценки на Министерството за трговија, објавени денеска. Во 2020 година, активностите во најголемата светска економија опаднаа за 3,4 отсто, што е нивен најголем пад од […]

Од 165 иницијативи на антикорупционерите само три завршиле на суд


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за 20 години до Јавното обвинителството има доставено 165 иницијативи за кривично гонење, од кои само три завршиле на суд. „Тоа е многу мала бројка“, оценува првата антикорупционерка, Билјана Ивановска. Таа укажува дека треба да се зајакнат капацитетите во Јавното обвинителство за да можат предметите побрзо да се проследат до судовите. […]

Регистрирани нови 1.861 случај на коронавирус, 27 починати лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени  5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на Ковид-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, […]

Српскиот патријарх Порфириј не го потпишува Темелниот договор со црногорската Влада – очекува таа да „падне“


Српскиот патријарх Порфириј, според црногорските медиумите, најверојатно нема да го потпише Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква, бидејќи верува дека владата многу брзо ќе „падне“. Како што пишува црногорскиот весник „Вијести“, што се повикува на „Нова С“, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ на средбата со патријархот на СПЦ рекол дека е […]

Грција ги олабавува мерките воведени за угостителските објекти


Музиката се враќа во угостителските објекти и се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и понатаму ќе биде забрането стоење, соопшти попладнево министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека олабавувањето на мерките доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози која денеска одржа состанок, но […]

ЕМА го одобри лекот против Ковид на Фајзер за пациенти со висок ризик


Регулаторот на Европската унија за лекови денеска го одобри лекот против Ковид-19 на Фајзер за лекување возрасни лица изложени на ризик од тешка болест. Условното одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА) им дозволува на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година. […]

Во нашата галаксија е откриен непознат ротирачки објект, пулсира и многу е чуден


Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека тоа е нешто што досега не е видено. Објектот, кој прв го откри студент од австралискиот универзитет Куртин, е специфичен по тоа што емитува огромно количество енергија во радио делот од електромагнетниот спектар на секои 18 минути. Според Би-Би-Си, во вселената […]

Бербок во Бундестагот ја бранеше одлуката на германската Влада да не испраќа оружје во Украина


Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска силно го поддржа германското одбивање да се испрати оружје во Украина за одбрана од можната руска агресија. Неподготвеноста на Германија да се приклучи на другите членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија и балтичките земји, предизвика чудење кај сојузниците и фрустрација кај прозападната украинска Влада во […]

Шведска не препорачува вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од 5 до 12 години


Шведска одлучи да не ја препорачува вакцината против Ковид-19 за деца на возраст меѓу 5 и 12 години, објави денеска Шведската здравствена агенција.   „Со знаењето што го имаме денес за малиот ризик од тешко заболување кај децата, не гледаме јасна корист од нивна вакцинација“, рече на прес-конференција службеничката на агенцијата Брита Бјоркхолм.   Таа […]

Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите- погребан Аки Рахимовски


Хрватска-Последното збогување на Аки Рахимовски се одржа во Алејата на великаните на загрепски Мирогој, објави index.hr.Пред ковчегот беше поставена посвета за музичарот. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишува на плакатот до фотографијата на Аки. Ова се стиховите од песната на  „Парни ваљак“ – […]