Во Минск уапсен портпаролот на „А1“


Портпаролот на телекомуникацискиот оператор „А1“ во Белорусија, Никлај Бределев е уапсен, поради што Телеком Австрија и Министерството за надворешни работи во Виена реагираа со голема загриженост. Според Телеком Австрија, кој е сопственик на „А1“ во Белорусија, нивниот тамошен портпарол е уапсен под обвинение за ширење незгодни информации за компанијата. – Покрај тоа, објавено е и […]

Ердоган: Социјалните мрежи се меѓу главните закани за демократијата


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги опиша социјалните мрежи како една од главните закани за демократијата. Неговата влада планира да воведе закони со кои се криминализира ширењето лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, но критичарите оценуваат дека предложените измени ќе ги заострат ограничувањата на слободата на говорот. – Социјалните мрежи, опишани како симбол […]

Борисов: ГЕРБ нема да ја поддржи владата на Кирил Петков


Лидерот на најголемата парламентарна опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека в понеделник, кога ќе се гласа за новата влада на Бугарија во Народното собрание, тие нема да ја поддржат. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, владата во која е Бојко Рашков (технички министер за внатрешни работи) и мрачен шеф на […]

Нормализирано снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјава


Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места. Како што потврдија за МИА од МЕПСО, причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи. -Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична […]

Гласот на Америка: Во Албанија се зголемиле површините со марихуана


Во Албанија годинава регистрирано е зголемување на површините засадени со марихуана, пренесува Гласот на Америка. – Официјалните податоци од извршените летови од страна на италијанската Гуарда ди финанца покажуваат значително зголемување на површините опфатени со марихуана. Податоците на албанската и италијанската полиција потврдуваат дека повеќе од 37 хектари биле засадени со марихуана, што е најголема […]

Од Ковид-19 починаа вкупно 13 лица, регистрирани нови 377 случаи од 3.608 тестирани


Во последните 24 часа од 3.608 тестирања, регистрирани се 377 нови случаи на Ковид-19, од кои 164 во Скопје. Оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Новозаразените се од Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, […]

Светлана Бојковиќ: Нема запирање додека не го истераме „Рио Тинто“


Прочуената актерка Светлана Цеца Бојковиќ за Нова.рс изјави дека борбата против „Рио Тинто“ не е завршена и дека нема причина да се прекине протестот. Таа ги повика граѓаните денеска да се соберат за да помогнат во остварувањето на главната цел – протерувањето на „Рио Тинто“ од Србија. Коментирајќи го денешниот протест, актерката за Нова.рс изјави […]

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста


Мандатарот за новата бугарска влада, Кирил Петков, денеска го претстави идниот кабинет за кој треба да се гласа в понеделник во собранието. Одговарајќи на прашањето каква ќе биде политиката на новата влада кон Македонија Петков одговори дека бугарската позиција останува каква што е, но дека треба да се надогради со комуникација на тимовите од двете […]

Шефовите на дипломатиите на Г7 сакаат да покажат обединет фронт наспроти светските агресори


Англија– Министрите за надворешни работи на Групата седум  најиндустриски најразвиени земји во светот (Г7) се собраа денеска во Ливерпул, на северот на Англија, за да го покажат своето единство против „светските агресори“, осудувајќи ги руските акции на украинската граница. -Треба силно да се здружиме за да се спротивставиме на агресорите кои се обидуваат да го […]

Забрани за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци


Поради врнежи од снег, на повеќе места низ државата денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. ОД АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и од Струга […]

Српскиот херој Зоран Милановиќ


Еве малку лесна забава за овие мрачни денови на пандемија. За почеток, прочитајте внимателно што имаат да кажат гостите од оваа колумна. Личност А: „Никој не ја доведува во прашање тежината на злосторствата во Сребреница, но се поставува прашањето зошто се инсистира на правната квалификација дека тоа е геноцид. Правната квалификација нема врска со тоа […]

Париз тврди дека е  потпишан договор за продажба на фрегати на Грција


Франција- Помалку од три месеци откако го торпедираа мега-договорот за подморници меѓу Франција и Австралија, САД се понудија да и продаваат фрегати на Грција, откако претходно беше потпишан договор меѓу Париз и Атина, јави дописникот на МИА. Договорот за продажба на три француски фрегати на Грција „штотуку е потпишан“, објави денеска француското Министерство за вооружени […]

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела


Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко […]

Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол, се тврди во таен документ


САД– Марк Медоуз, шефот на кабинет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија која го истражува упадот во Капитол Хил, на 6  јануари годинава, и ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта. Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп […]

Најмалку 50 мртви во торнадо во Кентаки


  Разорно торнадо го погоди западниот дел на Кентаки, САД однесе најмалку 50 човечки животи, соопшти гувернерот Енди Бешар, јави Еј-би-си њус. Се очекува бројот на жртви да порасне на 75 до 100 луѓе, со што ова се смета за најтешка ноќ во историјата на Кентаки. Едно торнадо разорило површина поголе аод 300 кимолетри, при […]

Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп


Повремениот дожд, врнежите снег на планините и пониските температури па и негативните утрински, во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се вообичаени за почетокот на декември, период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани. -Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација […]

Во Виена почна да сообраќа првиот автобус на водород


Градот Виена го направи првиот голем чекор на патот кон еколошки прифатливо гориво и го претстави својот прв водороден автобус. Во текот на следните неколку месеци, како дел од тест фазата, автобусот на водород ќе сообраќа во мрежа автобуски линии, а од јануари ќе може да го користат и патниците. Градското јавно сообраќајно претпријатие на […]

ЕУ и САД го осудија негирањето на масакрот во Рачак


Србија– Европската унија и САД го осудија негирањето на масакрот на албанските цивили во селото Рачак, на Косово во 1999 година, посочувајќи дека ова злосторство е „добро документирано“, пишува Радио Слободна Европа. Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, одговори дека нивна желба е тој да не биде во Владата на Србија, јави дописникот на МИА од […]

Празнична магија во Ист Гејт Мол- календар на настани во декември


Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември. Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти.    

Протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто


Србија– Иницијативата „Еколошко востание“ денеска ги повика граѓаните да ги блокираат патиштата низ Србија на еден час, додека иницијативата „Движи-Промени“ се откажа од организирање прослава на Плоштадот на Републиката во Белград бидејќи беа исполнети двете првични барања за протести – Законот за експропријација е повлечен, а законот за референдум и народната иницијатива е изменет, јави […]