Шахпаска на состанок со ММФ: Ги вклучуваме младите на пазарот на трудот 


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево имаше онлајн состанок со Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од Бергљот Бјорнсон Баркбу, на кој меѓудругото, се разговараше за заздравувањето на економијата после пандемијата Ковид – 19, вработеноста на младите, формализирањето на неформалната економија, како и движењето на работната сила на долг рок. Министерката Шахпаска […]

Ескобар: САД го поддржуваат спроведувањето на договорот од дијалогот меѓу Белград и Приштина


Единствениот начин за постигнување договор меѓу Белград и Приштина е дијалогот, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар за Н1. Според него, САД го поддржуваат спроведувањето на постигнатите договори, но и „забрзаниот пристап кон конечен договор“. – Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ…Ние не сме […]

Владата ја донесе Стратегијата за здравство 2021-2030


 На предлог на Министерството за здравство, Владата вечерва ја донесе Стратегијата за здравство 2021 – 2030 година со Акциски план. Како што соопшти владината прес-служба, низ транспарентен и инклузивен процес при нејзината подготовка земена е предвид агендата на ЕУ за ефективни, ефикасни и достапни здравствени системи при што, меѓу другото, идентификувани се три клучни прашања. […]

Македонски државјанин уапсен на преминот „Морина“ со 39 илјади евра и опрема за криптомонети


Македонски државјанин е уапсен на граничниот премин Морина на албанско – косовската граница, откако кај него се пронајдени непријавени 39 илјади евра и опрема за производство на криптомонети. – Службите на граничната полиција и царината на преминот Морина, како резултат на засилените контроли, со цел спречување и сузбивање на незаконитоста, врз основа на анализа на […]

Сообраќајот во Скопје беше блокиран со часови


Попладнево, сообраќајот во Скопје беше блокиран од колони возила речиси три часа. Сообраќајната полиција го регулираше сообраќајот додека семафорите беа исклучени на дел од крстосниците, а возилата стоеја во место и по еден час. Автобусите од градскиот превоз беа заглавени во метежот, а нервозните патници се јавуваа по неколку пати дома да кажат дека едноставно […]

Протуѓер сведочеше декa Груевски му кажал дека купил плац на Водно од 10 000 квадратни метри


Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, и негов некогашен најблизок соработник, ја потврди тезата на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Плацеви на Груевски“, сведочејќи дека Груевски лично му кажал оти купил плац од 10.000 квадрати.   Со тоа паднаа во вода статусите на Фејсбук на избеганиот Груевски од Будимпешта, во кои тврди […]

Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра


Владата на денешната седница одобри две инвестиции за соларни електрани во вкупен износ од 116 милиони евра. Како што информира владината прес-служба станува збор за фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати која ќе се гради во Делчево од страна на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје. Инвестицијата е вредна 63 […]

Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто се вакцинирани, а тоа е опасно за останатите членки


Белгија – Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто од возрасните се вакцинирани против Ковид-19, а тоа претставува закана за останатите европски земји. Тоа го нагласи денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис. Таа истакна дека една третина од луѓето во ЕУ не се вакцинирани и тоа треба брзо да се промени. – Вакцините се […]

Дрејк ги повлече номинациите за „Греми“


САД– Дрејк ги повлече своите неодамнешни номинации за Греми за најдобар рап албум за Certified Lover Boy и најдобра рап изведба за „Way 2 Sexy (со Future и Young Thug)“, потврди EW. Извор кој знае за одлуката на Дрејк изјави за EW дека потегот бил заеднички направен од раперот и неговиот менаџмент. За возврат, Академијата […]

Унгарскиот заменик министер за правда поднесе оставка поради сомневање за корупција


Унгарија– Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер денеска поднесе оставка откако Обвинителството објави дека е осомничен за примање мито и други дела. Веднаш штом Обвинителството побара да му се одземе пратеничкиот имунитет на Волнер, тој објави дека ги напушта сите политички функции, иако негираше дека е виновен. Претходно денеска, Обвинителството соопшти дека Волнер, член […]

НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“


Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка,  во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започна промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг. Согласно својата стратегија за општествено одговорно делување, […]

Видеозаписи со поезијата на Конески во годината посветена на великанот на македонската култура


Во рамки на Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, Министерството за култура реализираше видео-материјал со поезијата на Блаже Конески на седум јазици: македонски, албански, босански, влашки, ромски, српски и турски јазик. Националната програма е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на […]

Полска од 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за одделни сектори


Полска – Полска оd 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, полицијата, армијата, пожарникарите и за лица кои работат како обезбедување. Министерот за здравство Адам Њељски изјави дека по 1 март задолжителната вакцинација ќе биде услов за извршување на работата во наведените сектори. Тој посочи дека Полска, поради континуираното високо ниво на дневни […]

Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги 


Франција– Калид Аед Алотаиби, осомничениот член на групата кој го изврши убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, е уапсен денеска на аеродромот Шарл де Гол во Париз, јавија француските медиуми повикувајќи се на судски и аеродромски извори. Приведувањето е спроведено по распишана потерница од Турција во 2019 година. Тој е поранешен саудиски […]

Ѓоковиќ меѓу учесниците на АТП купот во Сиднеј


Австралија – Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори. Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против […]

Регистрирани 375 позитивни на Ковид и вкупно 16 починати 


Од направени се 2.744 тестирања во изминативе 24 часа, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Во Скопје регистрирани се 180 позитивни на Ковид, во Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – […]

Скопје попладнево блокирано со часови


Попладнево сообраќајот во Скопје беше блокиран. Редици автомобили создадоа густ метеж во центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваат од работа, при што за растојанија што вообичаено се минуваат за 5, до 10 минути, потребен е цел час. Верижниот судар кај Мавровка попладнево, со четири повредени лица, а во несреќата учествувале пет […]

Почна средбата Бајден – Путин


Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден денеска почнаа билатерални разговори преку видео конференциска врска. Како што беше претходно најавено, се очекува лидерите да разговараат за ситуацијата во Украина, проширувањето на НАТО кон исток, прашањата за стратешката стабилност и билатералната агенда, а може да се осврнат и на регионалните безбедносни прашања, вклучително […]

Гостивар го доби најмодерниот „Рамстор“ супермаркет


Како резултат на инвестицискиот раст на „Рамстор“ супермаркетите, денес, во Гостивар, се отвори до сега најмодерниот маркет од овој бренд кој е конципиран по најсовремени светски стандарди. На површина од 1.400 м2 продажна површина новиот простор на „Рамстор“ супермаркетот ќе ги понуди сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран високоснабден супер-маркет. За […]

Машински инженери и техничари од „Фероинвест“ ја монтираат опремата за ХЕ „Накра“ во Грузија


Тим од инженери и техничари од „Фероинвест“ работи на инсталирање на третата хидроелектрана во Грузија. На подготвен терен ги пречекаа турбинските куќишта кои од „Брако“ беа испорачани на почетокот на месец ноември. Веднаш по ова возило, испорачани се уште 3 возила со дополнителна електромашинска опрема. Во моментов, стручниот тим од „Фероинвест“ работи на монтажа на […]