Finance Think: Предлог-буџетот не ја демонстрира кохерентноста на плановите за фискална одржливост, јавни инвестиции и забрзан економски раст


Министерството за финансии го објави Предлог-буџетот за 2022 година, карактеризирајќи го како развоен. Првпат, Предлог-буџетот за 2022 година е ставен во среднорочна перспектива, во контекст на три клучни планови: План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, План за јавни инвестиции и План за забрзан економски раст. Оттука, ваквиот тип планирање е значаен исчекор […]

(Видео) Ричард Бренсон гради најлуксузен хотел на Мајорка


Британскиот милијардер, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Бренсон почна да гради раскошен хотел на овој шпански остров, инаку популарен меѓу туристите „со подлабок џеб“. Откако сопственикот на „Вирџин галактик“ 10 години имаше проблеми со властите на Мајорка, сега конечно изградбата на хотелот е во тек. На местото на вилата „Сон Буњола“ во западниот дел […]

Вилијам Хејг: Да се распоредат НАТО сили во Брчко и на аеродромот во Тузла


Некогашниот државен секрретар на Велика Британија и поранешен лидер на Конзервативната партија, Вилијам Хејг, во авторски текст за „Тајмс“ се осврна на ситуацијата во Босна и Херцеговина и нагласи дека тензиите може да ја втурнат цела Европа во криза. На почетокот од текстот Хејг се осврнува на моменталните односи на европските земји со Русија и […]

Црна Гора може да заработи 10 пати повеќе од нафта отколку од туризмот


Канадски консултант му пишал на црногорскиот министер за капитални инвестиции и му испратил детален план што да прави Нафтата е единствениот ресурс што може да ги реши сите црногорски финансиски проблеми до 2024 година, смета Владимир Поповиќ, канадски експерт и консултант за геофизика и нафтени истражувања од црногорско потекло. Својот предлог за проект за развој […]

Почина истакнатиот новинар Свето Серафимов


Во неделата, на 93-годишна возраст, легендата на македонското новинарство Свето Серафимов ја стави последната точка на својата животна приказна. Роден во 1928 година, во Тетово, Свето Серафимов на страниците на „Нова Македонија“ ги креираше стандардите на македонското новинарство на средината на 20 век, и тоа сосема на нивото на тогашниот врвен светски журналистички професионализам. Капиталниот […]

Прво соларно кино во Кинотека- почеток на Европската недела за намалување на отпадот


Здружението Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Соларни кина“, на 22 ноември го организира првото соларно кино во Кинотека. Настанот е промоција на еко-иновацијата „Мобилна станица за селекција“ која овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции. Проекцијата […]

Бислимоски: Четврта година по ред Секретаријатот на Енергетската заедница ја прогласува РКЕ за број еден регулатор


Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) четврта година по ред е оценета како број еден регулатор од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница. Во годишниот извештај за 2021 година РКЕ го дели првото место со Грузија и Црна Гора. Секретаријатот во извештајот наведува дека РКЕ има висок професионален профил и продолжува со докажување […]

Неколку сериозни епидемии на птичји грип се регистрирани во Европа и Азија


Во изминатите денови регистрирани се неколку сериозни епидемии на птичји грип во Европа и Азија, што укажува дека вирусот повторно почна брзо да се шири, соопшти Светската организација за здравје на животните (ОИЕ). Со избувнувањето на птичјиот грип се зголемува и загриженост во живинарската индустрија бидејќи десетици милиони живина беа уништени за време на претходните […]

Стинг со нов албум – „The Bridge“


Англија– Познатиот британски музичар Стинг го претстави својот нов албум „The Bridge“ (Мост), појаснувајќи дека тоа е метафора за надминување на неволјите. На Стинг – „граѓанин на светот“, му било непријатно повлекувањето на Велика Британија од членството во Европската Унија (ЕУ), па смета дека Лондон така ги пресекол сите мостови со Европа. – За мене […]

Османи-Вархеји: Одржување на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро


Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи и очекувањата во периодот што претстои, во пресрет на декемвриските Совети, како можност за позитивен исчекор во следната фаза од евроинтегративниот процес на државава, беше во фокусот на средбата на шефот на дипломатијата Бујар Османи со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји во Брисел. Како што соопшти […]

Политичка корупција или сами на себе вето


Само ние има(в)ме во 21 век владејачка Внатрешно-македонска револуционерна (историски изворно и –тајна) организација. Ваков композит нема никаде во Европа, кон која се целеше. И уште со дополнителна додавка – демократска партија за македонско национално единство. Само ние не успеавме да го заштитиме националниот симбол ВМРО од еднопартиска (зло)употреба. Апсурдно е нешто постаро од државата, […]

Неколку необични градби ширум светот


Канада– Архитектурата може „да флертува“ со природата на експресивен, но суптилен начин. Идејата понекогаш, е во архитектурата да се усогласат, наместо да доминираат пејзажите. Сепак, ова може да биде предизвик кога ќе се соочите со стрмни падини, карпи и планински падини… „Куќата на работ“ (Cliff House) во Канада „Куќата на работ“, на атлантскиот брег на Нова […]

РСБСП: Сообраќајките прва причина за смртност на лицата од 15 до 19 години, да се намали црната статистика на патиштата


Во светот годишно 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се здобиваат со повреди, тоа значи дека, како последица од сообраќајни незгоди, дневно умираат над 3500 лица, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода. На Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, Републичкиот […]

Убиство во Кавадарци, приведен осомничен 45-годишен маж


Педесет и девет годишен маж им подлегнал на повредите од остар предмет здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци. За убиоството е приведен и осомничен Х.С. (45) од Кавадарци, потврдија за МИА од МВР   -На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го […]

Студија: Малите деца може да препознаат како се чувствуваат луѓето и ако носат маска


Според најновото истражување, малите деца често можат да препознаат како се чувствуваат луѓето, дури и ако носат маска за лице. Многумина беа загрижени дека поради носењето маски во училиште во текот на пандемијата може да наштети на развојот на малите деца, но оваа студија покажува дека децата препознаваат емоции кај другите без разлика дали тие […]

Во Хрватска уапсени поранешна обвинителка и нејзиниот спопруг


Утровово Загреб, Хрватска, во акција на Канцеларијата за корупција и криминалитет УСКОК, уапсени се поранешната обвинителка Мариела Алериќ Пуклин и нејзиниот сопруг Горан Пукли. Како што за Индекс потврдил нивниот адвокат, тој не знае зошто се уапсени неговите клинети. Кај Горан Пуклин поронајдени се околу 4 милиони кои припаѓаат на Драган Ковачевиќ, поранешен шеф на […]

Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во јануари


Фудбалерот од средниот ред Филипе Кутињо не планира да ја напушти Барселона во блиска иднина. Каталонскиот клуб сакаше да го продаде или изнајми Бразилецот, но не можеше да најде нов тим за него во текот на летото. Поранешниот тренер на Каталонците, Роналд Куман му даде шанса на 29-годишниот играч за врска, но тој не успеа […]

(Во живо) Посетата на генералот Лавињ


Во дводневна официјална посета на Македонија престојува командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ.

На дел од вакцините „АстраЗенека“ во Македонија им истекува рокот


Вакцината Астра Зенека во Македонија се користи само за популацијата над 60-годишна возраст.  Слободен печат дознава дека на дел од вакцините кои ги имаме на залиха им истекува рокот на крајот на ноември, по што оние кои нема да бидат аплицирани, ќе мора да бидат уништени. Како што дознаваат, во моментов има околу 30.000 вишок на вакцини.  […]

Џо Бајден и Си Џинпинг со остри ставови поради Тајван


Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази пред кинескиот колега Си Џинпинг неговата загриженост за состојбата со човековите права во Кина и го предупреди Пекинг да не прави „едностран обид“ за промена на статусот на Тајван, соопшти Белата куќа. Соопштението е објавено по видео-конференциската средба на лидерите на двете најголеми светски сили, која траеше повеќе од […]