Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, најмногу кај младите од 20 до 29 години


Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години. Од Министерството за здравство соопштија дека по […]

Силен земјотрес регистриран во Чиле


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Валпараисо во Чиле рано изутринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 112 километри, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 93 километри североисточно од главниот град Сантијаго, каде живеат околу 4,8 милиони луѓе. Засега нема други информации за […]

Бајден ги критикуваше Кина и Русија дека не направиле повеќе за решавање на климатската криза


Американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикуваше Кина и Русија дека не направиле повеќе за решавање на климатската криза. -Се појавивме и влијаевме на тоа како остатокот од светот гледа на Америка и нејзините лидери. Тоа е огромен проблем и тие ја свртеа главата oд него. Како можат да го направат тоа и да се нарекуваат […]

Наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево и потопло


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 […]

Касами: Владата има мандат и треба да продолжи


Лидерот на Беса и новоизбран градоначалник на Тетово, Биљал Касами, на вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, истакна дека Владата има мандат и треба да продолжи со цел исполнување на клучниот приоритет – интеграција во Европската Унија. Рече дека Заев не се консултирал со коалициските партнери за поднесената оставка и оти деновиве […]

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во Лигата на шампионите


Екипите на Баерн Минхен и на Јувентус на две кола пред крајот на групната фаза обезбедија учество во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ова е епилогот по вечерашните средби од 4. коло, сегмент Е-Х во елитното фудбалско натпреварување, по кое и германскиот и италијанскиот тим стигнаа до четвртите победи во своите групи. Резултати: Малме – […]

Од Ковид-19 почина 16-годишна девојка без коморбидитети


Младата девојка од Тетовско чија здравствена состојба пред три дена беше тешка како последица на корона вирусот, денеска починала. Таа имаше тешка клиничка слика, за што информираше и директорката на Инфективната болница во Скопје, Милена Стевновиќ. За неа, во тој момент, немаше информации дека има коморбидитети. Министерството за здравство информираше, согласно податоците од Институтот за […]

Трагедија во Загреб: Бебе старо 23 дена почина на клиниката за инфективни болести


Бебе старо само 23 дена почина во саботата на Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб, јавија медиумите во Хрватска. Трагичната вест ја објавија од Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ.  „Се утврдуваат сите околности на смртта, а по неопходната анализа на комплетната медицинска документација и евентуалните дополнителни процедури, јавноста ќе биде […]

Чави веќе се договори со Барселона


Тренерот на Ал Сад, Чави, ќе ја предводи Барселона. Поранешниот капитен на каталонскиот фудбалски великан веќе се договорил за соработка со клубот од „Камп ноу“, објави „Мундо Депортиво“. Тој ќе заработува помалку отколку што заработува во катарски Ал-Сад, а во исто време, значителен дел од неговата плата ќе биде препишан како бонуси за постигнување одредени […]

Фејсбук го укинува системот за препознавање лица


САД – Фејсбук денеска соопшти дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија. – Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија, напиша на блог Џером Песенти, потпретседател на […]

„Ленка“ на Коста Рацин доби мурал во Велес


Во стариот дел на Велес на ѕидот под Градскиот саат во Велес деновиве е изработен нов градски мурал насловен „Ленка“. Муралот ја  претставува песната „Ленка“ од стихозбирката „Бели Мугри“ на поетот и револуционер, великанот Коста Солев Рацин преку илустративна визуелизација со цртеж во комбинација со текст. Со тоа, овој градски ѕид освен неколку постоечки, со […]

Кристен Стјуарт се сврши со сценаристката Дилан Мајер


Кристен Стјуарт (31) се сврши со сценаристката Дилан Мајер. Актерката ја соопшти веста во шоуто на Хауард Стерн. „Ќе се венчаме“, рече Стјуарт. „Целосно ќе го направиме тоа“. Стјуарт рече дека Мејер ја запросила. „Беше навистина слатко. Таа се снајде многу добро. Се свршивме. Тоа се случува“. Во интервјуто откри дека со Мејер  се познаваат […]

Директорот на ЦИА се сретна со директорот на руската безбедносна служба во Москва


Русија – Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва се сретна со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“. За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата. Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, […]

Кабинет на Заев: Нема менување на ставот и одолговлекување на оставката


Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од кабинетот на претседателот на Владата Зоран Заев по разните, како што нагласуваат, неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката. Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите […]

Во Хаг е отворен народен трибунал кој ќе истражува убиства на новинари ширум светот


Холандија – Група организации за заштита на слободата на медиумите денеска во Хаг го отворија таканаречениот „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот. Трибуналот нема статус на суд, односно овластување да ги казнува сторителите, но ќе презентира докази во јавноста со цел да се прошири свеста за нападите врз новинарите, чии сторители често поминуваат неказнети. […]

Дендиас: Независно од владите, договорите мора да се почитуваат


Грција– Договорите мора да се почитуваат, без разлика на Владите, а ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Атина со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, јави дописничката на МИА од Атина.  -Истакнав дека ние го поддржуваме […]

Нови 593 случаи со Ковид-19, десет починати, 415 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево […]

Kонтроли со едно застанување и на границата Албанија


Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли денеска беше утврден на владината седница. Во текстот на законот станува збор за гранични контроли со едно застанување или One-stop shop и поедноставни постапки, што се спроведуваат […]

Препорака до спортските канали до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик


До крајот на годинава спортските канали ќе треба да воведат коментирање на спортските натпревари на македонски и на албански јазик, препорача денеска Владата. „Врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Република Северна Македонија, […]

Усвоена нова Стратегија за вработување – се предвидува невработеноста до 2027 да падне на 11 отсто


Владата на денешната седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план. Согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази, од кои првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата од КОВИД-19 врз вработувањето и воведување […]