Кристен Стјуарт се сврши со сценаристката Дилан Мајер


Кристен Стјуарт (31) се сврши со сценаристката Дилан Мајер. Актерката ја соопшти веста во шоуто на Хауард Стерн.

„Ќе се венчаме“, рече Стјуарт. „Целосно ќе го направиме тоа“.

Стјуарт рече дека Мејер ја запросила.

„Беше навистина слатко. Таа се снајде многу добро. Се свршивме. Тоа се случува“.

Во интервјуто откри дека со Мејер  се познаваат шест години . Откако Стјуарт се раздели со манекенката Стела Максвел во 2019 година, таа и Мејер се впуштиле во нова романса тоа лето.

Најпознатата врска на Стјуарт беше со нејзиниот колега од „Самрак“, Роберт Патинсон. Таа се забавуваше и со актерот Мајкл Ангарано, со продуцентката на визуелни ефекти Алиша Каргиле и со пејачите Соко и Сент Винсент.

Стјуарт, која се стекна со меѓународна слава како тинејџерката Бела Свон во франшизата „Самрак“, годинава е актуелна со „Спенсер“ на Пабло Лареин, најновиот филм за покојната принцеза од Велс, чија премиера беше во септември на Филмскиот фестивал во Венеција.