ЕМА ги прегледува податоците за лекот против Kовид на „Мерк“


Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера почна да ги разгледува податоците поврзани со таблетата Мерк за лекување на Ковид-19 за да може што е можно побрзо да даде мислење до здравствените власти на 27-те членки кои сакаат да почнат со примена пред официјално одобрување. ЕМА во соопштението информира дека ќе даде „препораки низ ЕУ што […]

Верстапен: Нè чека тешка борба на Големата награда на Бразил


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека по победата на Големата награда на Мексико, тимот треба да остане фокусиран и да се подготви за етапата во Бразил, бидејќи патеката во Сао Паоло не би требало да одговара на Ред Бул толку добро во споредба со болидите на Мерцедес. – Да, сега ситуацијата во шампионатот […]

Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј-Скопје на 30 ноември ќе организира „Отворен ден на УКИМ” онлајн преку платформата Мајкрософт тимс (http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den). – Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат  одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните […]

„Вирџин галактик“ продаде стотина карти за патување во вселената по 450.000 долари


  Компанијата за вселенски патувања „Вирџин галактик“ во понеделникот објави дека од август продала околу сто карти за патувања во вселената по цена од 450.000 долари. Претходно компанијата севкупно продаде околу 600 резервации по дена од 200.000 до 250.000 долари. „Новата цена е „добро прифатена“, соти во соопштението во кое се потсетува дека целта е […]

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе расправаат за актуелните политички случувања


 Најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата, се очекува да бидат теми на вечерашните состаноци на највисоките тела на владејачкиот СДСМ. Од партијата потврдуваат дека за вечер во 18 часот е закажана седница на […]

Четири бебиња починаа во пожар во болница во индискиот град Бопал


Четири од 40 бебиња сместени во државната болница во Бопал, во централна Индија, починале откако пожар го зафатил Одделот за неонатологија, соопштија владини претставници. Британските медиуми пренесуваат дека е ова последен во серијата пожари во индиските болници, од кои само годинава загинаа десетици пациенти. -Другите бебиња во болницата „Камла Нехру“ во државата Маџа Прадеш, од […]

РЕК Битола повторно произведува струја, во тек ремонт на Блок 2


РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соопштија денеска од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму истакнуваат дека продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. […]

Владата треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат  буџетски средства директно во енергетските компании. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи  на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во […]

Страшни бројки во Бугарија – 334 починати од корона


Пандемијата на ковид во Бугарија и натаму беснее – во последните 24 часа регистрирани се дури 334 жртви. Има 5.286 новозаболени од направени 48.136 теста. Според податоците 85,70% од новозаразените не се вакцинирани. Од оние што починале 94.31% биле невакцинирани. В моментов има голем број активни случаи, 114.301. Хоспитализирани се 8.516 души,  а од нив […]

„Кру драгон“ безбедно се врати на Земјата


САД– Капсулата „Кру драгон ендивор“ на „Спејс-икс“ безбедно се врати на Земјата. Вселенското летало се спушти со помош на падобран денес во 03:33 часот по Гринич кај брегот на Флорида со четворица астронаути на него. Тоа вчера полета од Меѓународната вселенска станица (МВС). Полетувањето првично беше планирано за недела, но беше одложено за вчера, поради […]

Австралија: Невакцинираните имаат 16 пати поголем ризик од смрт од Ковид


Австралија– Невакцинираните имаат 16 пати поголема веројатност да завршат на интензивна нега или да починат од последиците од инфекција со Ковид-19, се вели во извештајот на австралиската држава Нов Јужен Велс, додека официјалните лица бараат од жителите да се вакцинираат.   Податоците од Министерството за здравство на Нов Јужен Велс објавени доцна во понеделникот покажуваат […]

Фајфер, Дејвис и Андерсон: Новите први дами на Америка


САД- Заборавете на West Wing. Драмата на „Шоутајм“ за Белата куќа ќе се упати кон исток за да ги проследи животите на три незаборавни жени во „Првата дама“, чија премиера се очекува напролет, идната година. EW ги доби ексклузивните фотографии од сцените со Вајола Дејвис, Мишел Фајфер и Џилијан Андерсон како првите дами Мишел Обама, […]

Анкета: Дезинформациите поврзани со коронавирусот и натаму се шират низ САД 


САД – Дезинформациите поврзани со коронавирусот продолжуваат да бидат ширени и да претставуваат проблем затоа шпо точната информација не стигнува до луѓето, се дознава од анкета на Семејна фондација Кајзер, објави денеска Вашингтон пост.  Околу 78 отсто од возрасните во САД одговориле дека од осум различни лажни изјави за коронавирусот што тие ги чуле од некого, […]

Активни 7856 случаи со коронавирус, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани


Активни случаи на коронавирус во земјава има 7859, меѓу кои се и новодијагностицираните 156 во вчерашната статистика. Речиси половина од вкупниот број активни, односно 3691, се во Скопје. Трицифрени бројки има во 13 општини, а две од нив имаат над 400: Битола – 484 и Куманово – 406. Најмногу од 156-те новозаразени (потврдени од 1309 […]

Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“


Дваесеттото издание на „OFFest“ започнува денеска, а ќе трае до 13 ноември. Како што информираат од Скопскиот џез фестивал, сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и […]

Народната банка ќе ги презентира најновите макроекономски проекции


Во Народната банка денеска ќе се одржи редовна тематска прес-конференција за најновите макроекономски проекции. Макроекономските проекции од најновиот Квартален извештај на Народната банка ќе ги презентира гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска.

Изложба на дела од две сесии на Ликовната колонија Галичник


Во Националната галерија, објект Мала станица, вечер во 19 часот ќе биде отворена биенална изложба со дела од 31-та и 32-та сесија на Ликовната колонија Галичник.  Двете сесии го третираа проблемот на екологијата, заштитата на животната средина и враќање на загубената врска со природата. Најголем дел од делата се изработени во нови медиуми, како видеа, […]

Променливо облачно и ветровито


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до […]

Скендер Реџепи ќе ја напушти Алтернатива ако партијата ја урне Владата заедно со Левица


Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, вечерва отиде чекор понатаму во своите ставови во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство кое в четврток треба да ѝ изгласа недоверба на Владата. Гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 тој рече дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата. […]

Превземањата и спојувањата на компании годинава може да ги собори сите рекорди


Според КПМГ, обемот на преземања и спојувања на компании до крајот на оваа година би можел да ги собори сите рекорди и да достигне вредност од 6 билиони долари   Се чини дека за краток временски период никогаш немало повеќе аквизиции во милијарди долари. Последна е експанзијата на Coca-Cola која купи конкурент за фантастични 5,6 […]