Страшни бројки во Бугарија – 334 починати од корона


Пандемијата на ковид во Бугарија и натаму беснее – во последните 24 часа регистрирани се дури 334 жртви. Има 5.286 новозаболени од направени 48.136 теста. Според податоците 85,70% од новозаразените не се вакцинирани. Од оние што починале 94.31% биле невакцинирани.

В моментов има голем број активни случаи, 114.301. Хоспитализирани се 8.516 души,  а од нив 723 се на одделенијата за интензивна нега. Вчера биле администрирани 13.290 вакцини.