Глобалниот даночен договор: Што треба да знаете


Лидерите на Г20 го одобрија првиот голем ремонт на даночниот систем во светот по повеќе децении Лидерите од Г20, групата на врвни економии, го одобрија долгоочекуваниот ремонт на глобалниот даночен систем што ќе ги принуди некои од најголемите светски компании да даваат околу 150 милијарди долари дополнителни даночни приходи секоја година. Лидерите, вклучително и американскиот […]

Златко Ориѓански : Се вљубив во Тирана, нејзините гостољубиви и убави луѓе


Директорот на  Македонскиот културен центар во Тирана Златко Ориѓански  изјави дека по изминатите десет месеци во Тирана негов заклучок е дека ,„воопшто не се познаваме, не ја знаеме историјата, културата и поврзаноста  на двете земји. Имам впечаток дека не си го познаваме менталитетот, начинот на живот, та дури и климата, храната, музиката. Една од моите задачи овде е […]

Почина Росано Рубиконди, четвртиот сопруг на Ивана Трамп


САД- Почина Росано Рубиконди, екссопругот на Ивана Трамп (72). Имаше 49 години. Трамп вчера за „Пипл“ ја потврди веста за смртта на Рубиконди. „Јас сум уништена“, изјави таа за магазинот. Смртта на актерот и модел беше објавена во петокот од страна на италијанското ТВ лице Симона Вентура, која сподели повратна фотографија од неа и Рубиконди […]

САД и ЕУ постигнаа договор околу царините за челик и алуминиум


Италија – САД и ЕУ постигнаа договор за решавање на нивниот дипломатски спор од времето на Доналд Трамп околу царините за челик и алуминиум. Владата на поранешниот американски претседател воведе царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, тврдејќи дека странските производи произведени од сојузниците на САД се закана за националната безбедност. Тоа доведе до […]

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа


Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 […]

Лични карти ќе се издаваат и денеска


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти. Од МВР информираа дека денеска надлежните организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно […]

Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК – 0800 555 44


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право. Сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање. И оваа година во однос […]

ЈО ќе следи евентуални нерегуларности на изборниот процес


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. Денеска […]

Скопјани гласаат за градоначалник на Скопје и на општините Карпош, Чаир, Центар и Шуто Оризари


Во вториот круг од локалните избори се гласа и за избор на градоначалник на Градот Скопје и на скопските општини Центар, Карпош, Чаир и Шуто Оризари. На ниво на Град Скопје запишани во Избирачкиот список, според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, се 467.373 гласачи на 685 избирачки места. Во Центар запишани во […]

Отворени избирачките места, се гласа во 44 општини, на 2481 избирачко место


Гласање за градоначалници на вториот круг од Локалните избори ќе има во 44 општини , со право на глас имаат 1 353 990 избирачи, на 2481 избирачко место, вклучувајќи го и Градот Скопје и започнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот. Право на глас има секое лице што е запишано во изводот […]

За вториот изборен круг акредитирани 1598 набљудувачи, новинари и преведувачи


За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението […]

Пред гласање задолжителна проверка со отпечаток од прст


Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што се дел […]

Се гласа од 7 до 19 часот


Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им […]

Половина од активните 6.750 ковид случаи се во Скопје


Вчера беа регистрирани нови 495 случаи на заразени со коронавирусот од направени 4.145 тестирања или околу 12 проценти, што е за два отсто зголемување во однос на претходните викенди, кога тој процент се движеше од 6 до 10. Прјавени беа 13 починати лица и 308 оздравени пациенти. Од новите 495 случаи, најмногу се од Скопје […]

Студено утро и претежно сончево во текот на денот


Студено утро со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини и речни долини и претежно сончево со слаб ветер од јужен правец во текот на денот, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе […]

ДИК: Ден пред изборите гласаа 6.710 болни, немоќни, лица со Ковид-19 и затвореници


 Правото на глас, денеска на ден пред изборите, го искористија 6.710 од вкупно пријавените 7.645 болни и немоќни, лица со Ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти ДИК. На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи. Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5.588, […]

Меркел откри што ќе прави во пензија


Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека е задоволна со тајмингот за заминување од политичката сцена по 16 години на чело на државата. Сега се радува што времето ќе го посвети на работи што за време на мандатот морала да ги занемари. Меркел вели дека сака „можеби малку да патуба или да чита, или едноставно да […]

Граѓаните на Рим излегоа на протест против сите светски лидери


Овој викенд во главниот град на Италија се одржува состанокот на светските лидери на најмоќните змеји во светот кои се собраа во организација на Г20. Во меѓувреме, додека шефовите на држави и влади разговараат за бројни проблеми, незадоволните граѓани на Рим се собраа на улиците. Меѓу другите, протести на улиците на Рим најавија отпуштени работници […]

Најмалку осуммина загинати и 11 повредени при експлозија во Јемен


Најмалку осум лица загинаа, а 11 се повредени во денешната експлозија во градот Аден, на југот на Јемен, соопштија властите на таа земја. Експлозијата, како што наведоа, се случила во близина на безбедносниот контролен пункт, кој се наоѓа пред меѓународниот аеродром во Аден. 

Алек Болдвин: Фатално пукање се случува еднаш во билион (видео)


Американскиот актер Алек Болдвин изјави дека шокантната смрт на снимателката Хејлин Хачинс, која ненамерно ја уби со пиштол – реквизит на снимањето на филмот, е несреќа што се случува „еднаш во билион“, објави во саботата порталот ТМЗ. Болдвин и неговата сопруга Хиларија разговараа со новинарите кои ги следеа во автомобил во Манчестер, Вермонт, а ова […]