Патник оставен од сопругата на автопат во Германија


САД- Пауза за цигара на автопат, се покажа како неочекувана авантура за еден маж од Албанија кој патувал со сопругата во Германија. За време на сообраќаен метеж на автопатот А-7 кај Фусен во јужна Германија, човекот излегол од автомобилот за да испуши цигара. Но притоа, сообраќајот почнал да си тече побрзо, а неговата сопруга се […]

Се омажи за јапонската принцеза Мако


Јапонија– Принцезата Мако, внука на јапонскиот цар, по долгогодишни контроверзии околу нејзината врска, се пак, се омажи за свршеникот Кеј Комуро. Таа претходно се откажа од традиционалните благороднички привилегии и значителен паричен надомест. Јапонската телевизија ја прикажа Мако како ја напушта царската палата во царската област Акасака, во Токио и се збогува со семејството, поклонувајќи […]

Вредноста на „Тесла“ надмина илјада милијарди долари


САД– Пазарната вредност на компанијата „Тесла“ надмина билион долари вчера, откако ја доби најголемата нарачка на возила досега од компанијата за изнајмување автомобили „Херц“. Акциите на „Тесла“ пораснаа за 14,9 отсто, а вредноста на компанијата достигна 1,045 билиони долари, со што таа стана највредниот производител на автомобили во светот. Тесла е и првата автомобилска фирма […]

Една третина од мрежата на Телеком подготвена за 5Г


Македонски Телеком  информира дека продолжува со модернизација на мобилната мрежа и замена на опремата со најнова технологија, што е подготовка за имплементација на мрежата на петтата генерација (5Г). Планот е да се опфати целата територија на државава. Од август досега, како што  соопштија денеска, успешно се реализирале модернизацијата во регионите: Штип, Кавадарци, Неготино, Градско, Велес, […]

Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на 100-годишниот јубилеј на најпознатиот фестивал за современа музика


Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на  фестивалот Денови на музиката во Донауешинген во Германија – најстариот и најпознатиот фестивал за современа музика во светот кој годинава одбележа 100-годишен јубилеј. На јубилејното издание на фестивалот беа поканети најзвучните композиторски имиња и изведувачите на нивните дела, како и музиколози, истражувачи и професори од најреномираните универзитети за музички уметности […]

Амнести интернешнл ги повика САД да ги отфрлат обвиненијата против Асанж


Генералниот секретар на Амнести интернешнл Агнес Каламард ги повика Соединетите Американски Држави да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж и веднаш да го ослободат британските власти. Агнес Каламард го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе се поднесе жалба на одлуката на британскиот суд да не го […]

Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии


Од денеска почна етапната исплата на октомвриските пензии, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Пензиите, како што посочуваат, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не […]

Американски претставници веруваат дека Иран стои зад нападот со дронови врз нивната база во Сирија


Американските власти веруваат дека Иран стои зад минатонеделниот напад со беспилотни летала врз воената база во Ал Танфу, во јужна Сирија, каде што се стационирани американски војници. Американските медиуми пренесуваат дека официјални лица изјавија дека САД веруваат дека Иран обезбедил ресурси и го поттикнал нападот, но дека беспилотните летала не биле лансирани од територијата на […]

Три филџани кафе дневно се добри за црниот дроб


Ако испиете три филџани кафе со кофеин дневно, еластичноста на црниот дроб се подобрува, покажаа резултатите од големата студија која неодамна ја објавија во стручниот магазин „Клиничка гастроентерологија и хепатологија“. Студијата е досега најсеопфатна и ги покажува благодетите од конзумирање кафе за здравјето на црниот дроб. Анализата се темели на податоци од анкетата за испитување […]

(Видео) Вулканот пет недели го уништува шпанскиот Канарски остров


Вулканот кој веќе пет недели по ред еруптира на шпанскиот остров Ла Палма, не само што не покажува знаци да сопре, туку станува и сѐ поактивен, потврдија надлежните. Делумен колапс на кратерот предизвика новата река лава која сега ги ништи подрачјата на островот, кои претходно не беа загрозени. Институтот за вулканологија на Канарските острови ја […]

Неколку илјади пожарникари во Њујорк протестираат против задолжителната вакцинација


Илјадници работници во Њујорк, претежно пожарникари, протестираа на Бруклинскиот мост против задолжителната вакцинација, што ја најавија градските власти минатата недела. „Дали нè прашувате дали сте вакцинирани кога нè повикувате на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето. Сите градски работници беа поканети да прошетаат по Бруклинскиот мост до Градското собрание, […]

„Блумберг“: Младите губат интерес за Фејсбук


САД – Тинејџерите и младите луѓе минуваат сѐ помалку време на Фејсбук, сѐ помалку се регистрираат и сѐ помалку објавуваат, јавува „Блумберг“, повикувајќи се на интерни документи на компанијата. Тоа може негативно да се одрази на заработката на компанијата. Во март, раководството на организацијата добило извештај кој наведува дека тинејџерите минуваат 16 отсто помалку време на […]

Модриќ за 400 натпревари за Реал: Ми се исполни сонот да играм овде


Шпанија – Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ во неделата го одигра својот 400. натпревар за Реал Мадрид. На неговиот јубилеј, Реал ја совлада Барселона на гостински терен со 2:1 во 10. коло од Ла Лига. – Ова е неверојатно достигнување, горд сум и многу среќен поради тоа. Се надевам дека ќе одиграм уште многу натпревари. […]

Компанијата на Џеф Безос ќе гради вселенска станица „Орбитален гребен“


САД – Компанијата „Блу Ориџин“, сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека планира да развие комерцијална вселенска станица што ја нарече „Орбитален гребен“, во која ќе учествива и американската компанија „Боинг“. Во соопштението од компанијата се наведува дека целта е  орбиталната станица да се лансира во втората половина на оваа деценија. Британските медиуми јавуваат дека партнер […]

Завршија археолошките истражувања на локалитетот „Кале“ кај село Стари Град


Археолошка екипа од локалната установа Народен музеј од Велес од средината на септември до средината на октомври изведe археолошки истражувања на локалитетoт Кале каj село Стари Град. Годинашните истражувања ја потврдија констатацијата дека археолошкиот локалитет Кале – Стари Град поради својата геостратешка положба егизистирал низ долг хронолошки период од енеолитот па сè до средновековниот период. Неговите истражување […]

ЕМА ја одобри вакцината Модерна за третата доза


Англија– Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна“ може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари најмалку шест месеци по примањето на втората доза.   Тоа е втора вакцина што е одобрена за трета доза во ЕУ.   „Третата доза на ’Спикевакс’ беше примена […]

Двајца загинати и четворица повредени лица во вооружен напад во трговски центар во Ајдахо


САД – Две лица загинаа, а четворица други се повредени во пукање во трговски центар во Боис, град во северозападниот дел на САД, соопшти локалната полиција. -Осомничениот убиец, кој се чини дека дејствувал сам, е уапсен и исклучена е каква било опасност за населението, изјави Рајан Ли, началник на полицијата во Боис, главен и најголем град […]

Маратонецот Адем Селмани од Тетово, со стотици медали, пехари и дипломи и на 54 години не се откажува од трчање


Стотици медали, пехари, дипломи, голем број пријателства, впечатоци и спомени од огромниот број маратонски трки во изминатите три децении се единствената придобивка од оваа атлетска дисциплина поради која и во 54-тата година од животот не се откажува тетовецот Адем Селмани. Неговиот ентузијазам не престанува и покрај никаквите услови во градот, а тој и постојано се […]

Аерозагадувањето во големите градови останува многу загрижувачко прашање, се констатира во Извештајот на ЕК


Во следната година Северна Македонија треба особено да ја подобри интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аеро-загадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување на регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со […]

Уште четири дена кампања, се засилуваат изборните активности и меѓусебни обвинувања


На четири дена до завршувањето на кампањата пред вториот круг на локалните избори, учесниците во изборниот процес ги продолжуваат активностите, презентирајќи ја својата програма пред граѓаните. Дел од партиите веќе и јавно се изјаснија на кого ќе ја дадат поддршката во вториот круг, а не стивнуваат ниту обвинувањата за притисок врз гласачите. Од „Беса“ вчера […]