Државата ја држи стабилна цената на струјата на домаќинствата, вели Заев


Државата ја држи стабилна цената на струјата на домаќинствата, затоа што нашиот модел е либерализација со постепено отворање кон граѓаните. Во моментот, државата има обврска да обезбедува околу 60-70 проценти од струјата, а останатите до 100 проценти ги субвенционира, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со министерот Насер Нуредини. […]

Егзекуција во Атина: Албанец убиен додека седел во кафуле


  Полицијата во Грција денеска истражува убиство на 39-годишен маж, кој седел во кафуле во деловниот центар на Атина, во близина на главната железничка станица. Мажот е идентификуван како државјанин на Албанија, а убиен е од истрели од огнено оружје. Бил погоден во главата и во стомакот, а егзекуцијата ја извршил еден убиец, пренесе „Катимерини“. […]

Османи во Берлин го врачи првиот пасош издаден во амбасада


Шефот на дипломатијата Бујар Османи, работната посета на Берлин, ја искористи за да ја врачи првата издадена патна исправа, изработена врз основа на податоците добиени со новиот современ систем поставен во повеќето амбасади низ дипломатската мрежа на Северна Македонија. – Нема веќе долги рокови, непотребни трошоци и непријатности. Отсега и информациите за патните исправи директно […]

Симон Трпчевски ја отвора новата концертна сезона на „Филхармонија во движење“


Со концертот „Данте 700“ в четврток, во 20 часот се отвора новата концертна сезона на Филхармонија, насловена „Филхармонија во движење“. -Со ново мото ја започнуваме оваа концертна сезона – „Филхармонија во движење“ кое алудира на фактот дека во екот на најголемата пандемија нашата институција не ги затвори портите за својата публика, туку продолжи да се […]

Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан добитници на Нобеловата награда за медицина


Овогодишни добитници на Нобеловата награда за физиологија и медицина се Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан за нивната работа на рецепторите за температура и допир. Патапутан со помош на ќелиите чувствителни на притисок откри нова класа сензори кои реагираат на механички стимуланси во кожата и во внатрешните органи. Џулиус користел капсаицин, остро соединение од чили пиперките […]

Од следната недела почнува скринингот на учениците на корона вирус


За да се откријат евентуални асимптоматски носители на корона виорусот во училиштата,  од следната недела ќе се спроведе скрининг, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа подразбира земање брис кај учениците, а министерот очекува постапката да заврши за десет дена до две недели. Тој не очекува отпор од родителите, туку напротив, се надева дека тие […]

Филмот за Бонд викендов заработи 119 милиони долари


САД- Светот му припаѓа на Бонд. „Не е време за умирање“ на МГМ/Универзал конечно пристигна во 54 земји викендов и заработи 119 милиони долари, што е најголема заработка за еден филм од почетокот на пандемијата без Кина. Се разбира, најголемиот пазар за филмот е татковината на Џејмс Бонд во Обединетото Кралство, каде што филмот постави […]

Кандидатите за градоначалник во Битола си делат комплименти меѓу себе


Изненадувачки „културна“ кампања за локалните избори во Битола: без навреди, без дискфалификации; како „пријателски политички натпревар“   Анета Блажевска БИТОЛА – Фалбаџиска кампања се тера за локални избори во Битола. Кандидатите за градоначалник кој повеќе кој помалку само се фалат, но во исто време си делат и комплименти меѓусебе. Поагресивните напади и навреди што беа […]

Соња Должан на преведувачка резиденција во Скопје


Преведувачката од македонски на словенечки јазик, Соња Должан, престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Превод во движење“, меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи […]

Од 1 декември не смее да има пластични ќеси во Маврово, Пелистер, Шар Планина


Неодамна во Собранието се донесени преостанатите четири закони од областа за управување со отпад – Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад. Со претходно донесените Закон […]

Вангелов, Кузмановски, Беговска и Несими добитници на државната награда „11 Октомври“


Добитници на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија се професор д-р Атанас Вангелов, академскиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедија Беговска и политикологот Махи Несими, соопшти Министерството за култура. Одборот за доделување на […]

Врнежите добредојдени за земјоделството


Влажниот бран што ја зафати земјава не е доволен за целосно решавање на проблемот со сушата, но е добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата. […]

Заев: Очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ


Од самитот ЕУ-Западен Балкан очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Унијата, согласно сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по заедничката прес-конференција со министерот за животна средина Насер Нуредини. […]

Заев: Граѓаните кои доаѓаат самоиницијативно на партиските митинзи не држат дистанца


Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Проблемот, како што рече, е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца. – Се гледа распоредот на столчињата како се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е […]

Нада Топчагиќ на 40. роденден на Златан Ибрахимовиќ во Милано


Италија – Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави својот 40. роденден, во еден хотел во Милано, а специјалното изненадување беше една од најпопуларните фолк-пејачки на Балканот – Нада Топчагиќ. Пејачката беше задолжена да ги забавува гостите, а меѓу другите ја изведе и нејзината песна „Јутро је“, која го придружува Ибрахимовиќ во неговата кариера. Златан оваа песна […]

Првиот академски час на Катедрата за современ танц при УГД во Домот на АРМ


Катедрата за современ танц при Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја започнува новата студентска година, за прв пат во новите простории во Домот на Армијата во Скопје. Просториите каде порано имаше сали за вежбање ги добија од Министерството за одбрана, а се реновирани со донација од Холандската амбасада. Од денеска започнува наставата во новоотворените […]

(Во живо) Прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска


Денес, во 11:30 часот, министерката за култура Ирена Стефоска ќе одржи прес-конференција. Тема на прес-конференцијата е објавувањето на Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2022 година, на кои годинава за првпат ќе се аплицира по електронски пат. проследете го преносот во живо на прес-конференцијата на следниот линк:  

(Во живо) Доделување на Нобеловата награда за физиологија или медицина


Mожни лауреати за овогодинешната Нобелова награда за медицина, познавачите ги сметаат Каталин Карико од Унгарија и Дру Вајсман од САД, чии пионерски истражувања доведоа до првите мРНК вакцини. Тие вакцини ги примија повеќе од милијарда луѓе ширум светот во напорите да се сузбие пандемијата од корона вирусот која однесе речеиси 5.000.000 животи. Карико и Вајсман […]

Кондовски најавува модернизација и повеќе животни во Зоолошката градина во Битола


Целосно модернизирање, просторно проширување и зголемување на животинскиот фонд на Зоолошката градина во Битола за 20% најави денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери Христо Кондовдски. Визијата – најдоброто за нашата Битола во себе го содржи и концептот најдоброто да го добие и една од најуникатните, но и најзапоставените институции во општината, Зоолошката […]