„Пандорините документи“ ги исфрлија и активите на Манчини и Виали на Британските Девствени Острови


Италија– Неодамна објавените „Пандорини документи“ го открија богатството со кое располагаат италијанскиот фудбалски селектор Роберто Манчини и шефот на делегацијата на Азурите на ЕУРО2020 Џанлука Виали. Детали околу тоа објави денеска италијанскиот весник „Л Еспресо“ во своето електронско издание врз основа на податоците од тајната архива откриена во меѓународната новинарска истрага на конзорциумот ICIJ. Манчини […]

Во американскиот Конгрес постигнат договор за кревање на лимитот на задолжување


Во американскиот Конгрес денеска беше постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување, соопшти шефот на демократите Чак Шумер, и додаде дека со него се избегна потенцијално катастрофална ситуација во која државата нема да може да ги плати доспеаните обврски. -Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување до декември, рече Шумер. […]

Набавката на 500.000 дози вакцини ги обедини власта и опозицијата во албанскиот Парламент


Набавката на нови дози вакцини од Фајзер конечно ги обедини, околу едно прашање, пратениците од власта и опозицијата во албанскиот законодавен дом. По подолга распарава, преполна со обвинувања од страна на опозицијата за нереало прикажување на бројките на заразени и починати од Ковид-19, како и на имунизрани, пратениците со 126 гласови „за“ и ниту еден […]

Во Русија од труење со алкохол починаа девет лица


Во рускиот регион Оренбург е отворена кривична истрага поради смртта на девет лица од труење со алкохол, откако консумирале локални пијалоци, што биле произведени во регионот. Локалната униформирана полиција соопшти дека се истражува  дали алкохолните пијалоци, произведени во регионот што граничи со Казахстан, ги исполнуваат безбедносните стандарди. Во соопштението се наведува дека девет лица од […]

Нови 393 случаи на Ковид-19, починаа уште 20 лица


Нови 393 случаи од направени 2.974 тестирања на Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 20 пациенти, сите во болнички услови. Оздравени се 397 пациенти. Бројот на активни случаи е 10.785.   Во последните 24 часа направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 187 • […]

Речиси 7.000 новозаразени во Србија, починаа уште 51 пациент


Во Србија денеска се регистрирани 6.978 нвоозаболени од Ковид-19, а од последиците на болеста починаа уште 51 пациент. Вкупно биле тестирани 22.978 лица. На респиратори во болниците ширум Србија се наоѓаат 282 пациенти, додке ана болничко лекување се 6.579 лица. Во текот на епидемијата од корона вирус во Србија од последиците на Ковид-19 починаа 8.582 […]

ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5Г мрежата


Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива за подобра заштита против можни штетни последици од 5Г мрежата во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Иницијативата наречена “Стоп за 5Г, останете конектирани, но заштитени“ доби зелено светло од Европската комисија откако беше оценето дека ги исполнува сите критериуми, иако тоа не значи дека Комисијата се согласува […]

СЗО во Северна Македонија достави носачи на вакцини и реагенси за секвенционирање на вируси


 Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање на вируси, во рамки на тековниот одговор на Ковид-19.  Целта е да се придонесе за ефективен одговор на Ковид-19 во земјава. Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, […]

Во ДИК се полнат уредите за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места


Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека денеска се стигнати уште 600 уреди за биометриска идентификација на гласачите, а утре ќе дојде и последниот камион со уште 1.000. Во моментов во ДИК се полнат сите уреди за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места. Секој апарат ќе има податоци од тоа […]

ФАО: Цените на храната во септември на највисоко ниво во изминатите 10 години


Цените на храната се зголемија во септември на светските пазари, втор месец по ред, достигнувајќи рекордно ниво во изминатите десет години, поттикнати од поскапувањето на житариците и растителните масла, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на кошницата со основни прехранбени производи, […]

Бил Гејтс веќе не е еден од двајцата најбогати луѓе во Америка


Заврши ерата на коосновачот на Мајкрософт како прв или втор најбогат Американец, делумно поради трансферите на акции поврзани со неговиот развод. Ова е негово најниско рангирање на „Форбс 400“ во последните 30 години    За првпат од 1991 година, коосновачот на Мајкрософт не е број 1 или број 2 на „Форбс 400“, кој годишно ги […]

Адора инженеринг: Ги купивме топланите, а не целиот имот на Топлификација, ќе ја почитуваме одлуката на Собранието на доверители


Адора инженеринг очекува Собранието на доверители на скопска Топлификација во стечај, на 8-ми октомври да се произнесе за продажбата на топланите Исток и Запад, кои беа купени од страна на Адора за 9,27 милиони евра. Од компанијата на Ванчо Чифлиганец велат дека тие ќе прифатат било каква одлука на Собранието на доверители, без разлика дали […]

Бесими ги започна активностите во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ


Министерот за финансии Фатмир Бесими ги започна активностите во рамки на Есенските годишни средби на ММФ и Светска банка (СБ), кои и овој пат поради пандемијата од Ковид-19 се организираат онлајн. Министерот заедно со претставници од Министерството за финансии (МФ) oдржаа средба со претставници на Одделот од ММФ за фискални прашања – ФАД. На средбата, […]

Заев: Подготвени сме да интервенираме во случај на раст на цените


Со државните резерви секогаш сме подготвени да интервенираме доколку забележиме некој циклус да покажува пикови, со што би имало рефлексија врз севкупната економија и врз цените на одредени базични производи, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за најавениот раст на инфлацијата. -Финансиски сме стабилни и секогаш сме подготвени, согласно праксата дома, но […]

Совети од нутриционисти за тоа како да не се поправите во текот на зимата


Пристигна октомври, заладено е и многумина од нас веќе се плашат да не качат неколку килограми во зимските месеци. Помалата физичка активност и „вишокот“ на зимските специјалитети, особено за време на сезоната на празници и прослави, честопати доведуваат до зимско гоење. Еве неколку одговори на прашањето како да не се здебелите во текот на зимата! […]

И ДУИ го осуди нападот на Бислимоски


Министрите за економија и надворешни работи, Крешник Бектеши и Бујар Османи, повикаа да се разреши случајот со физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Тој беше нападнат пред два дена во угостителски објект во Дебар Маало од страна на синот на поранешниот функционер Муса Џафери, Аријанит Џафери. Бектеши директно го […]

Тешки денови за Себастијан Курц по рацијата на обвинителите


Австрискиот канцелар се сомничи дека во 2017 година со државни пари нарачувал анкети во негова корист за да го смени лидерот на неговата Народна партија за потоа тој да стане канцелар   Австрискиот претседател Александар ван дер Белен се вмеша во владината криза во земјата. Шефот на државата ќе разговара со шефовите на сите парламентарни […]

Заев: Немаме проблем да ги додадеме Бугарите во Уставот пред членство во ЕУ


Премиерот Зоран Заев вели дека немаме проблем во Уставот да ги додадеме Бугарите, ниту која било друга етничка припадност. Апсолутно никој пат не било проблем во нашата земја, не верувам дека и сега е проблем. Нашиот Устав ја препознава разноликоста во етничкиот карактер и тој ги набројува и Македонците и Албанците, и Србите, и Турците […]

Брисел очекува Бугарија да не се меша во нашите внатрешни работи


Европската комисија потсети денеска дека земјите членки под ниеден услов не смеат да се мешаат во домашните работи на други земји, членки на ЕУ или не, одговарајќи на прашање на дописничката на МИА за изјавите на бугарскиот претседател. МИА денеска побара реакција од Европската комисија откако бугарскиот претседател Румен Радев вчера од Словенија изјави дека […]

Тешко на ЕУ со вакви земји-членки


Како Бојко Борисов, па и Красимир Каракачанов, звучеше вчера претседателот Румен Радев, кој го искористи самитот во Брдо за да си го поправа рејтингот во Бугарија пред трката за нов претседателски мандат. Несвојствено за еден шеф на држава, и тоа од Европската унија, половина час редеше услови што треба да ги исполни Македонија како да […]