Бугарија, од утре, ќе дозволи влез за македонски граѓани


Бугарија ог утре ги повлекува рестриктивните мерки за патување на македонските граѓани на нејина територија.  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија. Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона – објави Османи. […]

Кисела Вода и одговорниот ќе треба да платат 1.800 евра казна за исеченото дрво кај билбордот


Инспекторатот на Град Скопје, денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“.   Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.   Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда […]

Талибанците тврдат дека се „подготвени за инклузивност, но не и селективност“


Во ексклузивното интервју за Ал Џезира, талибанскиот лидер Сухаил Шахин порача дека меѓународната заедница мора да ги почитува желбите на авганистанскиот народ. Талибанскиот „Исламски емират“ е „подготвен за инклузивност, но не и за селективност“, изјави еден од водачите на групата за Ал Џезира како одговор на притисокот од Западот за формирање инклузивна влада во Авганистан. […]

Новозаразени се 344 лица, починале девет и уште девет од претходно


Во последните 24 часа направени се 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 143 • Велес – 33 • Куманово – 27 • Штип – 19 • Струмица – 15 • Битола – 13 • Прилеп и Кочани – по 12 • Охрид – 9 • Кавадарци – 7 […]

Осуден воен злосторник бара помилување на убиецот на Зоран Ѓинѓиќ


Драган Васиљковиќ, кој одлежа 13,5 години затвор за воени злосторства, собира петиција за ослободување на Звездан Јовановиќ. Американската амбасада бара одговор од српските власти   Американската амбасада во Белград изрази недразбирање поради отстапување јавен простор на осуден воен злосторник за промовирање на ослободување на осуденик за убиство на првиот демократски избран премиер во Србија, пренесува […]

Русите нагрнаа во Србија за западни вакцини против Ковид-19


Во последниот месец белградските вакцинални центри се прополни со Руси кои доаѓаат да примат западна вакцина затоа што таа им овоможува да патуваат во Европа, а и имаат поголемо чувство за безбедност отколку со руските дози   БЕЛГРАД – Кога руските регулатори ја одобрија сопствената вакцина против корона вирусот во земјата, тоа беше момент на […]

Кејот да биде под сенки од дрвја


Со нови 2.500 дрвја покрај Кејот на Вардар, актуелниот градоначалник на СКопје, Петре Шилегов и кандидат за уште еден мандат, сака да го направи најдолгиот дрворед во главниот град.  – Во изминатите четири години го започнавме овој проект „Дрво за секое дете“ со кој садиме едно дрво за секое новороденче во Скопје, но засадивме и […]

ОН го прогласија пристапот до здрава животна средина како основно човеково право


Советот за човекови права на Обединетите нации го прогласи пристапот до чиста и здрава животна средина како основно право, додавајќи на формалната важност за борба против климатските промени и катастрофи. Одлуката беше изгласана без противење, и покрај претходните критики од земји како што се САД и Велика Британија, пренесува Хина. Оваа резолуција беше дискутирана во […]

Во Србија од Ковид-19 починаа уште 52 пациенти


  Според последните податоци во соседна Србија во последните 24 часа регистрирани се уште 5.657 новозаболени од Ковид-19. Починаа уште 52 лица од последиците од болеста. На респиратори се 285 пациенти. Лекарите секојдневно предупредупредуваат на се полошата епидемиолошка слика во земјата и ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат моменталните мерки, но и да се вакцинираат […]

Банисадр, првиот претседател на Иран по Исламската револуција, почина на 89 години


Аболхасан Банисадр почина во егзил во близината на Париз, откако беше протеран од ајатолахот Хоменини и од тврдокорните сили по револуцијата во 1979 година   ТЕХЕРАН – Аболхасан Банисадр, првиот претседател на Иран по Исламската револуција во земјата во 1979 година, кој избега од Техеран откако беше отповикан поради предизвикување на растечката моќ на свештениците, […]

Пристигнаа последните уреди за проверка на отисокот од прст за изборите


Со пристигнувањето на последната пратка од 1.300 терминални за гласање се комплетира вкупниот број од 4.000 илјади уреди кои на денот на изборите, 17 октомври, ќе бидат распоредени на 3.480 гласачки места. Биометриската опрема за гласање ќе се примени за прв пат на овие локални избори. Првиот човек на Државната изборна комисија Александар Даштевски уверува […]

Во САД ќе можат да патуваат сите кои се имунизирани со вакцини признаени од СЗО


Американските Центри за контрола и превенција на болести објавија дека Соединетите Држави ќе ги признаат вакцинациите за сите луѓе кои доаѓаат од странство и кои се вакцинирани против Ковид-19 со вакцини одобрени од американските регулатори или Светската здравствена организација (СЗО). На 20 септември, Белата куќа објави дека Соединетите Држави ќе ги укинат ограничувањата за патување […]

Заеднички се работи за подобрување на работничките права на текстилците


Министерството за труд и социјална политика посветено работи излегувајќи во пресрет на правата на работниците. Минататта година работевме на системскиот закон за работни односи и после изборите ќе отвориме широка дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители од општеството. И при подготовката на законот учествуваа сите чинители, работниците претставени преку синдикатите и работодавачи преку […]

Либан остана без електрична енергија


Либанската електрична мрежа е целосно исклучена, откако на двете главни електрани им снема гориво, објавија денеска локалните медиуми. Електраните Демир Амар и Ал Захрани престанаа да работат откако се потрошија залихите на дизел, а производството на енергија се намали под 200 мегавати. Прекинот на електричната енергија ќе трае најмалку неколку дена, јави Ројтерс, цитирајќи официјален […]

„Водовод“ реагира на пресот на Арсовска – функционираме без разлика кој е градоначалник


Откако кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, денеска го изнесе својот план за замена на водоводните цевки низ Скопје, од „Водовод и канализација“ ѝ одговорија дека тие одржуваат водоводна мрежа во должина од 1.300 км.  „Дефекти се случувале во минатото, се случуваат денес, но ќе се случуваат и во инднина, имајќи ја предвид природата […]

Фаворит од сенка: Кој е нобеловецот за литература Абдулразак Гурна?


Делата на Гурна не се преведени на македонски јазик, кој до пензионирањето беше професор по англиски јазик и постколонијални книжевности на Универзитетот во Кент, во Кентербери Веста дека Нобеловата награда за литература оваа година ја доби Абдулразак Гурна (73) од Танзанија кој живее и твори во Англија предизвика изненадување, но не и за познавачите на […]

Во градинките нема да се прави скрининг за Ковид-19


Состојбата во детските градинки е стабилна, тоа беа првите јавни установи кои беа отворени минатата година на 9 септември и покажавме дека тоа е сигурно и безбедно место за згрижување на децата од преучилишна возраст. Како последни бројки што ги имам од вчера е дека има само девет позитивнивни вработени и шест деца што значи […]

Драстично поскапување во Германија: Можно е да нема некои од производите


  Основните прехранбени продукти во Германија драстично поскапеа, а некои од нив во продавниците наскоро може да бидат до 25 отсто поскапи. Во Германија, во следните неколку месеци ќе дојде до големо поскапување на производите, а производителите се закануваат со дури 25 отсто повисоки цени, пренесува магазинот „Феникс“. Производителите како „Нестле“ и „Хенкел“ во моментот […]

Ќучук: Да се формира младински совет меѓу Бугарија и Северна Македонија за младите да развијат сопствена иднина за ЕУ


Бидејќи верувам дека добрососедските односи и дијалогот се формулата за успех, предлагам да се создаде младински совет меѓу Бугарија и Северна Македонија – институционален разговор со младите луѓе кои треба да развијат сопствена иднина во ЕУ, рече потпретседателот на АЛДЕ, Илхан Ќучук, кој беше домаќин на конференцијата „ЕУ – Западен Балкан: преглед и очекувања“, што […]

(Во живо) Изјава на Шилегов


Проследете ја изјавата н Петре Шилегов, актуелен градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат.