Орбан:Унгарија мора да остане членка на ЕУ


Унгарија мора да остане членка на Европската унија за да обезбеди пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека неговата земја ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти Унијата доколку некогаш се распадне. Будимпешта и Варшава се расправаат со Брисел за различни прашања – од ЛГБТ правата до медиумските слободи. Европската […]

Италија: Сите работници (и приватни и државни) мора да имаат сертификат за да работат


Италија ќе побара од целата работна сила во земјата да покаже здравствен пасош или ќе добие суспензија од работа. 23-те милиони вработени во јавниот и приватниот сектор во Италија ќе треба да покажат таканаречен Зелен пасош – кој обезбедува доказ за вакцинација, негативен тест или неодамнешно опоравување од инфекција – за да избегнат санкции кои […]

За викендот дожд, грмежи и ветер


Времето за викендот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и ветер. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има во недела и понеделник. Потоа во следните […]

Лидија Георгиева со нова колекција „Пејсаж бр.22“ : Дизајн во корелација со природата


Реномираната македонска дизајнерка Лидија Георгиева има нова колекција „Пејсаж бр. 22“, работена по принципот слоу фешн. Креациите ќе бидат претставени пред јавноста вечерва (18:30 часот) во МСУ во Скопје, во рамки на модниот настан “EXPO.30“  кој е во организација на Боттега Евенти, а поддржан од страна на Владата на РС Македонија по повод 30 години […]

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во вторникот добило документација за модуларната болница во Тетово од Бирото за јавни набавки, а вчера после 14 часот е добиена и од Министерството за труд и социјална политика. Дури денеска истражителите почнаа со првично разгледување на истата. Ова денеска го изјави Вилма Русковска, шефицата […]

Ерупција на вулкан во Јапонија, нема податоци за повредени


Јапонската метеоролошка служба денеска издаде предупредување поради ерупција на вулкан во југозападниот дел на земјата, јави агенцијата Кјодо. Вулканот исфрлил камења речиси еден километар од кратерот на планината Отака, во префектурата Кагошима. Нема повредени по ерупцијата, која се случи околу два часот по полноќ, по локално време. Метеоролошката служба објави дека во сила е третото […]

Претседателката на ДКСК би ја прифатила оставката на Филипче


Претседателката на Антикорупциската комисија,Билјана Ивановска, смета дека оставката на министерот за здравство Венко Филипче треба да биде прифатена од премиерот Зоран Заев по трагедијата со модуларната болница во Тетово. – И се добро човек да направи, со ваква дамка му се става лош белег. Лично не верувам дека вмешал прсти во трагедија, но ваквите зборувања […]

Зошто Австралија сакаше да излезе договорот со Франција за подморниците


Канбера со месеци сигнализира дека се обидува да замине поради зголемените трошоци и одложувањата „Убод со нож во грбот“ – вака францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го опиша потегот на Австралија да го раскине договорот со Франција за подморници вреден повеќе од 50 милијарди евра и наместо тоа да набави подморници со […]

Ќе станат ли луксуз пластичните кеси или ќе ја преживеат и оваа забрана?


Пластичните кеси од 1 декември се забрануваат, а на пазарот ќе се продаваат биоразградливи ќеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. Ова се предвидува во Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој Собранието го донесе пред два дена. Но, од Иницијативата за […]

Државните службеници во Словенија мора да имаат доказ за вакцинација до 1 октомври


Словенија – Сите вработени во државната администрација во Словенија ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19, а негативниот тест за коронавирус веќе нема да им биде доволен за да дојдат на работа, како и за останатите невакцинирани граѓани, одлучи словенечката Влада. За да можат да работат, ако досега не се вакцинирани или веќе ја прележале болеста, […]

Граѓаните се повеќе уплатуваат приватно здравствено осигурување


Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија […]

Како Германската сојузна банка пере пари


Германската сојузна банка, односно Дојче Бундесбанк, пере пари и тоа буквално. Имено, стручњаците кои работат во банката перат, сушат и проверуваaт банкноти. Во тој процес мора дабидат брзи за банкнотите да не се слепат. Оваа година имаат полни раце работа затоа што многу банкноти стигнаа од поплавените подрачја на западот на Германија, пишува Дојче веле. […]

Брод


Има најубав поглед на свет. Кога ќе се качите на бродот за вашето омилено место или на животот. Околу вас само синило, долу море, горе небо. Тишина ако се искачите на врвот. На бродот или на животот. Понекогаш е добро да се осамите, а понекогаш без да сакате сте сами на крилата на успехот. Додека […]

Попишани вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови


Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле –193.168 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Стигнаа долго најавуваните бугарски вакцини


Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи. Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Северна Македонија. […]

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска во црн коктел фустан на отворањето на „Браќа Манаки“


Првата дама на државата, Елизабета Ѓоргиевска, се појави во елегантен црн коктел фустан со А-крој со апстрактен принт на десната страна, за време на отворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ синоќа во Битола. Таа го придружуваше сопругот, претседателот Стево Пендаровски, кој е и покровител на овој фестивал, а домаќин им беше актерот Мони Дамевски како […]

Полициски час во четири региони во северна Грција


Во четири региони во северниот дел на Грција, односно во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала од денеска е воведен полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, […]

Трамп: Демократите за три години целосно ќе ги уништат САД


За три години САД ќе бидат уништени доколку Демократската партија остане на власт, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за телевизискиот канал „Њузмакс“. Според него, доколку републиканците не успеат да добијат мнозинство во американскиот Конгрес на среднорочните избори во 2022 година и да ја предводат владата во 2024 година, тогаш „за три години […]

Азески – Петров: Поддршка за дигитализацијата и иновативноста на компаниите


Борбата против сивата економија и корупцијата преку итна дигитализација на државната администрација и финансиска поддршка за дигитализација на компаниите со примена на системите САП како современи, докажани и проверени дигитални решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, ефективност и поголема продуктивност, беа само некои од темите на работната средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, […]

Албанскиот Парламент ја изгласа владата „Рама 3“


Албанскиот Парламент, утрово околу седум часот ја изгласа новата владата на премиерот Еди Рама, што следуваше по дваесетчасовна маратонска седница, на моменти во тензична атмосфера и преполна со обвинувања искажани од опозицијата. За програмата и составот на владата „Рама 3“ гласаа 77 пратеници, 53 беа против и еден беше воздржан. Кога премиерот Еди Рама зеде […]